Зошто Совет за Безбедност ако 5Г е Безопасна? И Зошто Сега, Кога низ Светот Расте Отпорот кон 5Г – Крум Велков!
Сподели на социјалните платформи:

Во написот ЛОГИЧНО & НАЈЛОГИЧНО Крум Велков се прашува: Ако 5Г е безопасна цивилна технологија, зошто за неа да се расправа на Совет за безбедност, како да се работи за воено оружје, за голема потенцијална опасност и зошто воениот сојуз НАТО воопшто да има специјални протоколи за тоа? Низ цел свет расте жесток отпор кон 5Г; голем број градови, региони и некои држави ги користат своите ингеренции за да забранат воведување на оваа технологија, како Словенија, на пример. Логично: дали Македонија ќе биде експериментален полигон за 5Г?

ПРВО: Принципиелно нема ништо спорно во тоа што е свикан Советот за безбедност во врска со воведувањето 5Г. Логично е.

ВТОРО: Релативно (не)логично е тоа што седницата на Советот доаѓа непосредно по: а) средбата на првиот заменик премиер Груби со кинескиот амбасадор, на која се разговарало за 5Г-технологијата, т.е. за зделка; б) по брзата реакцијата на американската амбасадорка, во која се нагласува ставот на САД/НАТО за отфрлање на кинеската технологија.

ТРЕТО: Дали седницата на Советот за безбедност била всушност средба по повод трговска зделка?

ЧЕТВРТО: Нелогично е во првата точка на дневниот ред експлицитно да се заклучило дека Македонија ЌЕ воведе 5Г-технологија како свршен чин, а дури во втората да се разгледуваат безбедносните импликации на истата. Што разгледувале и што ако ги разгледувале?

ПЕТТО: Од наведеното, логички (имплицитно и очигледно) произлегува дека постојат безбедносни импликации од 5Г-технологијата. Со другу зборови – постојат некакви опасности. (Оние што тврдат дека 5Г мрежата била заради побрз интернет се скарале и со логика и со се што ја придружува истата).

ШЕСТО: Следствено на Петто, според главниот дискурс на мејнстрим медиумите и политички коректните „интелектуалци“, логички произлегува дека „претседателот на нашата земја“ бил прикриен теоретичар на заговор, длабоко инсталиран во системот. Алал!

СЕДМО: Логично се поставува прашањето: ако 5Г е безопасна цивилна технологија, зошто за неа да се расправа на Совет за безбедност, како да се работи за воено оружје, за голема потенцијална опасност? Зошто воениот сојуз НАТО воопшто да има специјални протоколи за тоа?

ОСМО: Низ цел свет расте жесток отпор кон 5Г; голем број градови, региони и некои држави ги користат своите ингеренции за да забранат воведување на оваа технологија. Словенија, на пример. Логично: дали Македонија ќе биде експериментален полигон за 5Г?

ДЕВЕТТО: Ако Советот за безбедност официјално прогласува безбедносни импликации од 5Г-технологијата, зошто тие се држат во тајност? Зошто граѓаните да не ги знаат опасностите од истата. Какви се тие опасности?

ДЕСЕТТО: Ако веќе постои каква било опасност, која врвните институции ја кријат од нив, најлогично е граѓаните да се заштитат од таа опасност. Но не со маски.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар