Во написот, Писма од Мелбурн: „Градската Полиција во Лов на Духови“ со брутално заклучување под превез на KОВИД, авторот Роберт Бриџ преку Фондацијата за стратегиска култура, го опишува страдањето на жителите на вториот најнаселен град во Австралија во најтешките услови за заклучување. Граѓаните на Мелбурн се сега затвореници во своите домови за идните најмалку 6 недели, полицијата е овластена да ви влезе дома без налог, се кршат прозорци на автомобили и патниците се влечат надвор ако не се “послушни”, луѓе брутално се апсат низ градот со полициско колено на вратот (главна фотографија) во стилот на Џорџ Флојд, и насила им се ставаат узди, пардон маски, на лицата. Во написот обемно е цитирана и нашата голема патриотка, Македонката Аника Стојковски, жител на Мелбурн и позната во Македонската јавност по учеството во протестите и отпорот против промена на името!
Во последните неколку недели, Мелбурн воведе шокантно драконски анти-ковид “мерки”, наметнати врз градот од околу 5 милиони души. Која “трагедија” беше одговорна за поттикнувањето на службениците да скокнат во акција? Причина за ова беше “драстичното” зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус – седум да бидат точни, сите граѓани постари од 70 години.
Медиумите се запалија во фабрикувана паника од „новиот еднодневен рекорд во државата Викторија“, што го донесе бројот на смртните случаи на државата на 56. Повторувам, 56, а огромното мнозинство од тие случаи вклучиле стари лица во медицински установи, од кои некои центри се под истрага за нивно постапување со пациенти. И покрај тоа, не може да се каже дека животот на старите лица не е важен, но дали смртните случаи на седуммина стари лица наложуваат тотално заклучување на еден од најпрометните градови во Австралија?
Како што пишуваат граѓани на Мелбурн, Фашизмот е Жив и го Гледаме на Дело! Дистописки Пекол во Мелбурн, Австралија.
Една самохрана мајка е казнета со парична казна од 1.652 американски долари за кршење на прописите, откако била свлечена на земја и со лисици на рацете од три полицајци. Нејзината ќерка го снимаше инцидентот, додека ја молеше полицијата, „симнете се од мајка ми, таа е во болка“.
Fascism is alive and well we see @VicGovAu.
Dystopian hell in Melbourne Australia pic.twitter.com/U3bKb1Pihh
— banthebbc 𝕏 (@banthebbc) August 7, 2020
И покрај исклучително ниската стапка на смртност, жителите на Мелбурн – или ќе ги наречеме како што сега се, затвореници – мора да ги следат следниве правила:
- Нема патувања повеќе од 5 километри (3,1 милји) од нивните домови;
- Нема патувања во други држави во земјата;
- На лицата во домашен притвор им е дозволено да си заминуваат од дома само еден час на ден за вежбање;
- Само едно лице има право да оди на шопинг по семејство еднаш на ден; шопингот треба да се изврши до 5 километри од дома;
- За разлика од традиционалните затвори, посетите не им се дозволени на апсените;
- Сите училишни активности се спроведуваат преку Интернет;
- Откажани се сите бизниси, услуги и градежништво;
- Организиран спорт, заборави го;
- Во случај на погреби, обидете се и да ја одложите вашата смрт, ако е можно, во спротивно, очекувајте само 10 присутни на вашиот погреб;
- Истото важи и за свадби;
- Полициски час во периодот помеѓу 20 и 5 часот наутро.
Овие ограничувања ќе траат најмалку шест недели.
Во меѓувреме, како што се очекуваше, властите со ентузијазам ја исполнуваат својата “улична правда” врз луѓето кои наводно ги кршат правилата на режимот. И не само на улица. Полицијата е овластена да влезе во приватни домови без налог.
„Во минатата недела видовме тренд, појава, ако сакате, на групи луѓе, мали групи, но сепак во однос на групи, кои се класифицираат како „суверени граѓани“, што и да значи тоа, луѓе што не сакаат да слушаат и мислат дека законот важи за нив“, објасни Патон, облечен во целосно црна облека за оваа пригода.
„Ги видовме на контролните пунктови … не даваат име и адреса. И барем во три или четири наврати во минатата недела, моравме да ги разбиеме прозорците на луѓето во автомобилите и да ги извлечеме од таму … “
Ова излегува од контрола, велат граѓаните. Денес беше уапсен малд човек кој одаваше помен во Светилиштето на Жртвите на Првата Светска Војна. Овој човек не само што беше уапсен, туку насилно беше присилен да носи маска. Удирање на некого со лажна казна од 200 долари е една работа, но присилно маскирање е друга. Ова е брутално заплашување на народот.
This is getting outta hand. Guy was arrested at the Shrine of Rememberance today. This guy was not only arrested but forcibly made to wear a mask. Hitting someone with a fake $200 fine is one thing, but forcibly masking is another. This is straight up brute intimidation people. pic.twitter.com/gexKUfTMiJ
— 𝙍𝙄𝙎𝙀𝙃𝙀𝘼𝙇𝙏𝙃 (@riseupcosmos) July 31, 2020
Непотребно е да се каже, има и други примери кога луѓето го губат трпението со условите на заклучување. Локалните медиуми објавија дека неидентификувана 38-годишна жена од Мелбурн била уапсена откако „повеќе пати и ја удирала главата на женски полицаец од бетонски тротоар“. Полицискиот службеник, наводно, бил нападнат затоа што ја прашувал жената зошто не носи маска.
Американски познаник, кој побара да остане анонимен, ми ја испрати следната порака од Мелбурн каде живее со семејството:
„Сите три од моите деца кои работат, се во присилно безделничење – задолжителни маски и, како што може да очекувате во место со удел на несоодветни луѓе, маско-нацистите се новата опасност за здравите граѓани. Бев во Аргентина во 70-тите години за време на валканата војна и ова е најблиското што го чувствував до такво искуство од тие денови. Темни денови навистина – и го спомнав печатот? Тие се специјализирани за издвојување луѓе што изразуваат опозиција и ги обележуваат со навистина непристојни термини “.
Аника Стојковски, консултант за корпоративно управување со седиште во Мелбурн, исто така понуди свои лични впечатоци за ситуацијата.
„Чувствував одамна дека има нешто лошо во сето ова и го предвидував ова што се случува сега“, рече Стојковски преку е-пошта. „Можев уште одтогаш да кажам дека лажат“.
„Јас навистина мислам дека има уште многу нешта кои ќе излезат на виделина и дека се работи за целосна контрола и насочување кон агендата за сите да се вакцинираме… [Викторијанскиот премиер Дан] Ендрус вели дека сака секој маж, жена и дете да бидат вакцинирани. А нема вакцина! Па, до кога ќе останеме во изолација?“
Говорејќи за медицинската состојба во градот, Стојковски бешеизрази шокираност од фактот дека „сите приемни и консултантски сали во болниците се затворени, а сите прегледи ги спроведуваат специјалисти по телефон“.
„Ова сè уште не може да се објасни … тие не се примаат во болници поради „Ковид“, освен ако не сте сериозно болни со симптоми на загрозеност на живот, додека повеќето луѓе не можат да бидат тестирани за вирусот без да патуваат подалеку од 5 километри што пак не смеат да го прават.“
Кога се запрашав дали има нешто што се случува невообичаено во Австралија, покрај пандемијата, Стојковски спомена дека австралиската федерална влада [Канбера] „не е задоволна од договорите што нашиот Викторијански премиер ги правеше со Кина. Премиерот (Скот Морисон) рече дека тие не се во национален интерес. “
Во однос на геополитичкото значење, ова е огромно. Викторија е единствената австралиска држава која официјално се пријави кон најголемата иницијатива за надворешна политика на Народна Република Кина, Иницијатива за Појас и Пат (БРИ). Ова е во спротивност со ставот на федералната влада да не се приклучи на БРИ бидејќи предизвикува сериозна загриженост во областа на геостратегијата. Според извештајот на австралискиот институт за меѓународни работи, Рамковниот договор за БРИ „ја става Викторија во незгодна позиција бидејќи Австралија официјално потпиша на мрежата „Сини точки“ со САД за да помогне во развојот на инфраструктурата во индо-пацифичкиот регион против БРИ“.
Во најмала рака, зачудувачки е тајмингот на договорот меѓу Викторија и комунистичка Кина, што се случува само неколку месеци пред воведувањето на теророт и економското заклучување на Мелбурн поради минимално зголемување на смртните случаи на Ковид, што ќе го запре, евентуално на неодредено време, ширењето на Кина во Австралија. Иако би било тешко да се докаже причината и ефектот, идните историчари сигурно ќе ја пронајдат врската – вклучително и значајната геополитичка битка меѓу Пекинг и Вашингтон – што вреди да се испита подетално. За таа цел, медиумите веќе се зафатени со прикажување на сите што ја доведуваат во прашање логиката на заклучувањата на народот со својот омилен термин за запирање на разговорот, „теоретичар на заговор“.
Случајов на наводното „супер-ширење“ на Ковид во Мелбурн и жестокиот одговор на полицијата, веќе предизвикува политички фрактури меѓу Канбера и Викторија, на ист начин како што е во Соединетите држави меѓу демократите и републиканците. Во меѓувреме, жителите на Мелбурн продолжуваат да страдаат под блокада во своите домови, кој се чувствува поинтензивно секој изминат ден.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!