Маските за лице, кои Владата на Велика Британија им ги наметна на граѓаните за задолжително носење в продавници, децидно велат дека тие не штитат од КОВИД-19 пишува Пол Џозеф Вотсон, “Ова не е ништо друго освен масовно ставање узди како на коњи, со маски кои се крајно бесмислени“.
На истиот вид маски за лице што владата на Велика Британија им ги наложува на луѓето да ги носат во продавниците од 24 јули па наваму за да се заштитат од ширењето на коронавирус, на нивните пакувања децидно пишува дека не штитат од коронавирус (види фотографија лево).
Генијално, нели.
Претходно, владата потврди дека на секој фатен како не носи маска при влегување во продавница или супермаркет ќе му биде изречена полициска казна од 100 фунти. Нешто што Претседавачот на полицијата во Лондон Метрополитен се пожали дека би било тотално неспроведливо.
Како и да е, законот предвидува дека маски од ткаенини, марами или други текстилни производи за кои не е потребна употреба на раце за нивно држење (се носат на уши како узди), се прифатливи форми на заштита од КОВИД-19.
Има само еден “мал” проблем со тоа, на пакувањето на ваквите маски конкретно се наведува дека тие не заштитуваат од КОВИД-19.
„Овој производ е маска со јамка. Овој производ не е респиратор и нема да обезбеди никаква заштита од Ковид-19 (коронавирус) или други вируси или загадувачи“, се вели во текстот на пакувањето на стандардниот сет на маски што моментално се продаваат. Рент-а-научниците ни ставаат маски за кои и самите производители отворени и изричито прецизираат дека не се заштита од КОВИД-19 (коронавирус)!
https://twitter.com/Cornubian2/status/1283325826365370371
Скептиците исто така истакнаа дека луѓето постојано се допираат до потенцијално заразени маски и потоа допирање на површини дури може да го влошат ширењето на коронавирусот.
„Маските на кои владата инсистира се обична крпа, за кои секој човек и неговото куче знае дека се целосно бескорисни“, пишува Тоби Јанг.
„Како што вели Алисон Пирсон во нејзиниот одличен коментар во Дејли Телеграф, „хируршките маски се крајна бесмисленост – слично како обид да се запре куршум со ограда од ланец“. Мислам, доказите дека маските се “златните стандарди” во здравствена заштита не се најдобри, и тие треба да се отстранат по еднократна употреба. ”
„Буквално нема докази дека повторно употребливи маски за ткаенини се ефикасни во заштита на заедницата од вируси. Никакви докази. Тоа е како да носите капа на од алуминумска фолија да ве заштити во случај да ве погоди гром – неефикасен начин да се заштитите од скоро непостоечки ризик. Што стана со нас?“ се прашува Алисон Пирсон.
Секретарот за здравство Мет Ханкок рече дека задолжителното носење маски ќе им „даде на луѓето поголема доверба да купуваат безбедно и да ги зајакнат заштитите за оние што работат во продавниците“, сепак многумина реагираа на законот тврдејќи дека едноставно ќе ги избегнат продавниците целосно.
Ова ќе доведе до уште економско уништување, повеќе улични загуби на работни места и на долг рок, поголема сиромаштија и смрт.
Повторно, генијално.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!