Глобален Медиумски Тоталитаризам кон Германскиот АфД, Про-Трамп Медиуми во САД, Македонски Суверенисти!
Сподели на социјалните платформи:

Ги памтите сигурно силните пенавења и изјави “Слобода на Говор”, “Независно Новинарство” итн, да? Дека се работи за празни фрази на најголемите тоталитарци болно нетолерантни за разни идеи, ни беше на повеќето јасно, но сега и за последниот заблуден верник се разголуваат и покажуваат со дела глобалофашистичките рент-а-медиуми и нивните домашни слуги кои бедно одработуваат за рака колнати долари фрлени како на кучиња од Сорос и другарите, и во САД и Германија и Македонија а и секаде по светот.

Нивното плукање по своите народи е веќе прочитано, презрени се од истите тие народи кои веќе не им веруваат на овие Фејк Њуз пропаднати диносауруси.

Стравот на поразените и презрените елити е толкав што корумпираните медиуми работат рака-под-рака со државните полициски служби, злоупотребени за следење на сите што се против глобалофашизмот. Во Германија тајните служби ги категоризираат АфД како екстремни додека подло молчат за тероризмот на вахабистите од ИСИЛ, во САД патриотите се нацисти, а за американските Фејк Њуз палачите на нивните градови, терористите од Антифа, се “мирољубиви демонстранти” кои по “малку палат, рушат и убиваат”, додека за македонските безбедносни служби луѓето од Родина кои заедно со целиот народ го урнаа предавничкиот Референдум и остварија историска победа на Македонскиот Народ, се терористи според криминалната мега-афера Атлантик каде државни служби платени со наши пари следат луѓе само за тоа што се Македонци.

Така, најтиражниот весник во Германија објави дека нема да прави интервјуа со официјалната парламентарна опозиција Алтернатива за Германија (АфД). Џулијан Рајхелт, главен уредник на најголемиот германски таблоид „Билд“, вети дека повеќе нема да објавува интервјуа со членовите на популистичката Алтернатива за Германија (АфД).

Во интервјуто за онлајн магазинот „Котменметр“, Рајхелт рече: „Нема да дозволиме да се промовираат. Традиционално интервју со АфД нема да има кај нас“ и додаде дека верува оти не треба да има партија во Германија што ќе и го земе местото на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел или на Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ).

Федералната канцеларија за заштита на уставот (БфВ), домашна разузнавачка служба на Германија, неодамна објави извештај во кој додаде околу 7.000 припадници на АфД на нејзиниот список на десничарски екстремисти, вклучително и некои членови на младинската организација АфД Junge Alternative.

Портпаролот на пратеничката група АфД во Бундестагот, Мартин Реннер, реагираше на интервјуто, велејќи : „Незамисливо е медиум како весникотБилд “да служи за водење политика и да се дистанцира од најголемата опозициска партија, АфД.

Јоаким Пол, портпарол на медиуми за АфД во регионот Рајнска област-Пфалц, додаде: „Изјавите на Рајхелт претставуваат кршење на новинарската етика. Мотото на Билд “го пренесуваме вашето мислење” веројатно ќе стане “ние сакаме да ви кажеме што да мислите” во текот на предстојните сојузни избори.

Германските мејнстрим медиуми никогаш и претходно не покажале поддршка за АфД партијата. Претходно оваа година, весникот „ Берлин Берман Зејтунг“ дури отиде дотаму што го обвинуваше водачот на АфД во Тирингија, Бјорн Хак, дека повикал на државен удар.

Дека не се работи за слобода на изразување туку за тоталитарно едноумие на глобалофашистите потврдува и сузбивањето на социјалните мрежи на Breitbart News во САД, портал кој фактички го донесе претседателот Трамп на власт во 2016 и ги порази традиционалните медиуми.

Конзервативните медиуми продолжија да се соочуваат со намалени видливост во резултатите на пребарување во Гугл (Google). Главниот уредник на Breitbart News, Алекс Марлоу, за време на интервјуто минатата недела изјави дека Гугл ја ограничува изложеноста на вестите од Брејтбарт во пребарувањата во Гугл, толку многу што индексот на видливост на Брејтбарт е намален за 99,7% од 2016 година наваму и во целост нивниот сообраќај на Гугл е намален за скоро две-третини.

Американскиот сенатор Рон Џонсон го идентификуваше сузбивањето на Гугл на „Брејтбарт њуз“ во рамките на својот пребарувач како пример на глобалната анти-патриотска политичка агенда на технолошката компанија за помош на Демократската партија. Гугл манипулира со резултатите од пребарувањето за оние граѓа кои следат политика, рече Џонсон. „Тие ќе ви испратат на сè позитивно во врска со Џо Бајден и на сè негативно за Доналд Трамп“.

И на крајот, и сигурно не ве ни чуди, зошто изворни непоткупени и неинсталирани сили како Родина Македонија се бојкотирани од нашиве корумпирани и продадени Соросови рент-а-медиуми затоа што единствено и од нив се плашат, и си покануваат само контролирана опозиција и инсталации. Слично жестоко осенчување на социјалните мрежи се прави на суверенистички сајтови како Коложег.Инфо, Слободен Свет и други. Но џабе им е, затоа што овие центри на суверенистичката информација имаат многу повеќе директни читатели на сајтовите отколку на социјалните мрежи.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар