Дека Дип Стејт е подготвена и да ја запали САД и доведе до распад и граѓанска војна со милиони недолжни цивилни жртви, покажа и неодамнашената анализа и симулацијата на Американските Демократи во која тие размислуваат за отцепување на држави како Калифорнија и за потенцијална граѓанска војна, како можни сценарија за есенските претседателски избори чии резултати нема да ги признаат ако победи Трамп, се вели во анализата на Бен Смит објавена во Њујорк Тајмс.
Најголемиот дел од колумната на Смит е посветен на прашањето како медиумите ќе се справат со покривањето на Изборната вечер, со оглед дека резултатот можеби нема да е познат со недели. Гласањето по пошта, кое многу држави само неодамна го усвоија – наводно, за да се спречи ширењето на коронавирусот на гласачките места – може да доведе до неизвесен резултат.
Како и да е, закопан некаде при крајот од колумната на Смит е извештајот дека демократите учествувале во „воена игра“ во која разгледувале неколку можни исходи од изборите.
Во едно сценарио, Џон Подеста – поранешен претседател на поразената претседателска кампања на Хилари Клинтон и водечка фигура во партиските кругови – ја играше улогата на поранешниот потпретседател Џо Бајден и одби да ги признае резултатите на изборите.
Резултатот: закана од отцепување од страна на целиот Западен брег, проследена со можна интервенција на американските вооружени сили пишува Бен Смит:
Групата поранешни високи владини функционери, наречени Проект за Транзиција и Интегритет, всушност разработија четири можни сценарија, вклучително и она кое не изгледа толку различно од 2016 година: победа по бројот на гласови за Бајден но тесен изборен пораз по калкулирањето на резултатите по државите според Изборниот Колеџ, резултати кои веројатно ќе земат неколку недели на броење на гласовите. За својата воена игра, тие го ставија Џон Подеста, кој беше претседател на кампањата на Хилари Клинтон, во улогата на Бајден.
Подеста играјќи ја улогата на Бајден, ги шокираше организаторите велејќи дека неговата партија нема да дозволи и да признае пораз и победа на Трамп. Објаснувајќе го со “задушувањето на гласачите”, тој ги убедил гувернерите на Висконсин и Мичиген да ги префрлат гласовите од нивните држави според Изборниот Колеџ, од Трамп на Бајден.
Во тоа сценарио, Калифорнија, Орегон и Вашингтон се заканија дека ќе се отцепат од Соединетите Американски Држави доколку господинот Трамп продолжи да биде претседател. Конгресот го именуваше Бајден за претседател додека Сенатот и Белата куќа го објавија Трамп за претседател. Во тој момент од сценариото, на нацијата и остана само да чека да види што ќе направи војската, заклучува извештајот на Бен Смит од “воените игри” на демократите.
Имено, ова не би било и прв пат затоа што точно на Изборната вечер во 2016 година, Подеста јавно одби да го признае изборот на претседателот Доналд Трамп.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!