Американскиот Амбасадор во Германија Заедно со Австрија, Италија, Унгарија Против Фашистот Сорос!
Сподели на социјалните платформи:

Американскиот Амбасадорот во Германија, Гренел во интервју за Breitbart во Лондон го осуди влијанието на милијардерот Џорџ Сорос, критикувајќи ги “неуспешните политики” кои им служат само на елитите. Во врска со неодамнешните вести дека Фондацијата за Отворено Општество на Сорос се повлекува од Будимпешта во Берлин, по извонредната изборна победа на унгарскиот премиер Виктор Орбан , амбасадорот Гренел рече: “Мислам дека неговите политики се неуспешни политики”, додавајќи : “Мислам дека тие се многу насочени кон елитите, а не кон тивкото мнозинство од народот”. Прочитај повеќе овде: Крвав Нос за ЕУ од Унгарците! Над 70% Гласаа за Патриотски Партии! Орбан Трет Пат Премиер!

Сорос, кој неодамна даде околу 18 милијарди долари на ФООС, финансира глобална мрежа на невладини организации во Европа, Северна Америка и на други места, се повеќе се соочува со оган поради неговата поддршка за масовна миграција.

За време на миграционата криза во 2015 година, Сорос призна дека тој и неговите организации одиграа улога за примањето на бегалци во ЕУ, забележувајќи: “Нашиот план ја третира заштитата на мигрантите како цел а националните граници како пречка.

Сорос го искористи своето огромно богатство за финансирање на групите и невладините организации кои промовираат рушење на границите и свет без нации и граници. Тој ги финансира групите како анти-Брексит Најдобри за Велика Британија, која водеше кампања за поништување на резултатот од британскиот референдум за напуштање на Европската Унија; различни групи за медиумско замолкнување на алтернативните медиуми како што е Институтот Појтер, кои Европската унија ги користи за борба против т.н. лажни вести; и екстремно леви “анти-омраза” активистички групи, како Фондацијата Шведска Експо, која неодамна беше вклучена во извештајот за подршка за насилството. Сорос, исто така, директно го финансираше Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ), група за миграција  неодамна се вмеша во скандалот со сексуална злоупотреба на деца и измама за пари .

Десната рака на Трамп во Европа, Амбасадорот Гренел истакна дека политиката на Сорос “нема да му помогне на просечниот работник, тие се дизајнирани да им помогнат на елитите”, и јасно стави до знаење дека ја поддржува борбата против идејата на Сорос за отворени граници, велејќи: “Мислам дека ќе работиме многу напорно да ги артикулираме политиките против неговата политика”. Прочитај повеќе oвде: Десната Рака на Трамп во Европа Контра Поразениот Бејли! САД ќе ги Подржува Патриотите во Европа!

Во текот на изминатата година, различни влади, вклучително и Унгарија и Израел , активно водеа кампања за спречување на влијанието на Сорос и организациите кои добиваат средства од него. Унгарија, особено, вети и тоа го поткрепи со закон, дека ќе го држи за одговорно Фондот за Отворено Општество и организациите финансирани од него да бидат потранспарентни околу тоа од каде доаѓа нивното финансирање.

Претходно оваа година премиерот Орбан ги повика другите патриотски и конзервативни европски сојузници да се спротивстават на агендата на Сорос,велејќи: “Ние ќе се бориме заедно за да го спречиме планот на Сорос во Брисел и во Обединетите Нации“.

“Ако имаме доволно сојузници – и можеме да имаме доволно сојузници – тогаш сигурен сум дека ќе успееме”, додаде тој. Други источноевропски земји, според Ројтерс, се инспирираа да го отфрлат влијанието на Сорос. Прочитај повеќе од известувањето на Breitbart News за различните активности на организациите финансирани од Сорос.

И Италија удри по Сорос и му порача дека му е дојден крајот: Мигранти Пакувајте Се и Збогум Сорос – Порача Салвини од Новата Италијанска Патриотска Влада!

Во интервју за Кориера де ла Сера, Сорос , кој сигурно не може да замисли дека некој може да се бори за идеали без да биде платен однадвор, се запрашал дали “Путин навистина ја финансира” Лигата: “Италијанското јавно мислење има право да знае дали Салвини е на платен список на Путин”.

Членот на северната лига, Клаудио Борги, еден од креаторите на економската програма на новата италијанска влада му порача на Сорос дека “ветрот се променил за [Сорос] и за сите оние кои заработиле на смртта на стотици луѓе“.

Сорос кој ја подржуваше поразената од сопствените Американци Клинтон, организира не-уставен пуч против легално избраниот претседател на САД, Трамп, кого го нарекува”закана за светот, вклучувајќи ја и Америка”, и тврдејќи дека американскиот претседател “не ги разбирал основните елементи на економијата“. Фактот дека Трамп “се ослободи од сите консултанти кои би можеле да го спречат да направат грешки во економијата е многу опасно за светот и Европа ќе биде најголема жртва”: би било добро Трамп “да не трае долго”, рече Сорос. Штета што во Вашингтон нема Американска амбасада и Американски Бејли за заедно со Сорос да организираат пуч врз Трамп.

 

Остави коментар