Во 1998-ма и 2008-ма ФЕД (Федералните Резерви) ги спасија банкарите (читај коцкари) на Вол Стрит. Сега на Федералните Резерви им треба спас. Кој ќе ги спаси? Се чини дека глобалистите сакаат цел свет да ги спаси со нивниот грб и ропство преку ММФ и преку СДР (SDR – Special Drawing Rights) инструментот, но ова Трамп го блокира бидејќи и дава на Кина голема улога во светските финансии. SDR беа предвидени како еден вид „хартиено злато“ но откако ММФ ќе ја започне својата печатарска машина, инвеститорите веројатно ќе го бараат тоа “хартиено злато” да биде поддржано со вистинско злато како соодветно противотров. Но такво злато сега имаат само Русија и Кина кои со години веќе купуваат огромни резерви на физичко злато, не она хартиеното и непостоечко злато на САД. Кина може да има свои услови како што е намалувањето на улогата на доларот како глобална резервна валута. САД може да бидат поочајни од било кога кога ќе дојде време ова да се решава. И кога ќе дојде, во таа валута најверојатно нема да има пресудно место ниту за доларот и еврото а со тоа ниту пресудна улога на САД и Западот во глобалната политика, пишува авторот Џејмс Рикардс преку „Дејли реконинг“, и продолжува.
Во текот на 13 години како коментатор на медиуми и девет години како автор за најпродавани книги бестселери, честопати имав прилика да го повторувам следново:
„Во 1998 година, Вол Стрит банкарите се собраа и со кауција ги спасија Инвестициските Фондови (читај коцкари) од пропаст. Во 2008 година, Федералните Резерви на САД се собраа за да го спасат истот тој Вол Стрит. Секоја криза беше полоша од онаа порано. Но во следната криза, кој ќе ги спаси Федералните Резерви – ФЕД? “
Се чини дека сакаат цел свет да ги спаси со нивниот грб и ропство. Ова беше повеќе од само реторика. Тоа беше клинички опис на шема на влошување на кризи со приближно 10-годишно темпо, заедно со ескалацијата на финансиските кризи.
Пред неколку недели, американскиот Конгрес донесе предлог за финансиска помош од 2,2 трилиони американски долари, наречен Cares Act, закон со кој се предвидени 349 милијарди американски долари заеми за мали бизниси, кои се простливи ако работодавачот не ги отпушти своите вработени. Тој фонд веќе се исуши при што повеќето бизниси добиваат или немаат добиено ништо од парите кои завршија во џебот на банките посредници, или, не се доволно за да преживеат повеќе од неколку недели.
Исто така скриен и закопан во тој закон беше точка за 425 милијарди американски долари како финансии за рекапитализација на ФЕД. Бидејќи ФЕД работи како банка, тие ќе го искористат таа 425 милијарди долари нов капитал во 4,55 Трилиони американски долари со печатење на нови пари за да купат корпоративен долг, општински обврзници, хипотеки и други средства со цел да ја задржат ликвидноста во системот.
Сепак, дури и тоа е привремено решение за крпење и ќе бидат потребни многу повеќе трилиони долари нови пари.
Американскиот БДП се очекува да загуби годишен годишен износ од 6 трилиони долари или повеќе само во во второто тримесечје на 2020. Проценувам дека 50% од кириите во малопродажбата и 90% од канцелариите за изнајмување не се плаќаат сега. Многу мали бизниси нема да успеат да издржат и веројатно никогаш нема повторно да се отворат.
И сега, најтешката економска криза во историјата на САД е тука и самите ФЕД имаат потреба од финансиска помош.
Но, кој е изворот за финансиската помош?
Сега знаеме дел од одговорот.
Отсекогаш сум прогнозирал дека ММФ ќе биде единствениот извор на ликвидност во светот штом ФЕД беше избришана.
Тоа е токму она што го гледаме сега. Светот се свртува кон ММФ за помош. И тоа значи печатење на светските пари, наречени специјални права за повлекување (Special Drawing Rights – SDR) за да се крпи глобалниот финансиски систем во тековната економска и финансиска криза.
SDR се користеа на мал начин за време на финансиската криза во 2008 година. Тие немаа многу влијание затоа што количината беше релативно мала (околу 250 милијарди американски долари) и требаше долго време да се заврши нивното издавање. СДР беа издадени дури во август 2009 година, скоро една година по акутната фаза на кризата.
Сепак, издавањето на 2009 година беше проба во подготовките за следната криза. Сега следната криза е тука.
Светот никогаш не бил толку длабоко во долг.
Општествата со ниски оптоварувања на долгот се отпорни на катастрофа. Тие можат да мобилизираат капитал, да соберат даноци, да ги зголемат трошоците и да ги обноват кога кризата ќе заврши.
Но, силно задолжените општества се многу повеќе кршливи. Тие едноставно ја немаат таа флексибилност. Во меѓувреме, паничните доверители бараат отплата што предизвикува нарушена продажба на средства, паѓање на пазарите и неисполнување на обврските.
Тоа е ситуацијата со која се соочуваме денес.
Сепак, ништо од ова значајно не се случува без силно вбризгување на политиката, особено додека се во функција Доналд Трамп и неговата агенда „Америка Прва“.
Печатењето на СДР бара тие да им се издадат на сите членки на ММФ во сооднос на нивните гласови во ММФ. Ова значи дека противниците на САД, како што се Иран и Кина, би добиле дел од парите за финансиска помош заедно со повеќе сиромашни земји во Африка и Латинска Америка.
САД и Трамп сега го задржуваат новото издавање на нови SDR токму од оваа причина.
Ќе видиме како овој ќор-сокак ќе се решава. Можеби новите SDR ќе бидат издадени веднаш. Но, додека депресијата продолжува како и импотентноста на ФЕД, прашањето за печатење на трилиони SDR ќе се врати на масата.
SDR беа првично наменети како еден вид „хартиено злато“. Откако ММФ ќе ја започне својата печатарска машина, инвеститорите веројатно ќе го бараат тоа “хартиено злато” да биде поддржано со вистинското злато како соодветно противотров. Но такво злато сега имаат само Русија и Кина кои со години веќе купуваат огромни резерви на физичко злато, не она хартиеното и непостоечко злато на САД.
Кина може да има свои услови како што е намалувањето на улогата на доларот како глобална резервна валута. САД може да бидат поочајни од било кога кога ќе дојде време ова да се решава. Во секој случај, ова прашање нема да исчезне. И кога ќе дојде, во таа валута најверојатно нема да има пресудно место за доларот, што значи ни пресудна улога на САД во глобалната политика.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!