Најстарата Надземна Куќа во Европа е во Македонија – Американска Професорка, Марија Гимбутас!
Сподели на социјалните платформи:

 

НАЈСТАРАТА НАДЗЕМНА КУЌА ВО ЕВРОПА Е ВО МАКЕДОНИЈА. Ова што го гледате пријатели мои е насловната страна од книгата на славната професорка од САД М. Гимбутас “CIVILIZATION OF THE GODDESS”, Сан Франциско 1991 год, пишува Македонскиот интелектуалeц и историчар, Дардан Венетски, и откривач на вистинската и досега-скриена Македонска историја која Македонските деца ќе ја учат по ослободувањето во Македонија, и продолжува: Ова е нејзино монументално дело кое е резултат на повеќегодишните истражувања на културата на стара Европа.

Од близу 3.000 проучени артефакти од неолитот, таа за насловната страна од својата книга ја одбрала токму македонската куќа од Породин битолско, стара преку 8.000 год. Ова е време кога цела Европа живеела во земуници, а Македонците имале надземни куќи со врати, прозорци, оџаци, камини, огништа, покуќнина… Западната наука како најстара куќа ја третира онаа од Чатал Хујук во Турција, со иста старост како онаа во Породин но таа е полу укопанап во земја, со влез од кровот. Но ова не е пресудно за Гимбутас да и даде примат на македонската куќа.

Погледајте ја внимателно. Куќата е во форма на божјата мајка, која е нај почитуваното божество кај Македонците. Таа е пронајдена скоро во сите истражени неолитски куќи и секогаш на пиедестал. Гледајте како е поставена. Таа е чувар на домашното огниште, куќата и семејството. Многу често се преставува со истакнати женски атрибути, вистинска праисториска дама. Ние се до денес го имаме сочуванопвој култ кон жената преку изреката женичка богородичка.

Таа во себе го содржи и космогонскиот симбол, а тоа е врската меѓу мајката земја и вселената(небото). Токму затоа многу често има отвор на главата, која е во форма на цилиндер, а често отвор има и на дното од моделот куќа. Тоа е заради лесна комуникација на силите ЗЕМЈА-КУЌА-МАЈКА-ПЛОДОРОДИЕ-ВСЕЛЕНА. Сето ова Гимбутас многу добро го знаела. Таа исто така знаела дека светот (постојната) на божјата мајка е Македонија, затоа и ја ставила на насловната страна ид својата книга. Сето ова е барем 5.000 год пред доселувањето на тнр. Грци.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар