Д-р Раулт: Студија на Шпанската Влада Открива Дека Оние Кои Работат се Понезаразени од Оние во Домашен Затвор!
Сподели на социјалните платформи:

Светски познатиот француски истражувач и лекар Д-р Дидие Раулт кај кого и Макрон оди на баци-рака ја објави студијата од Шпанија во која се утврди дека оние кои се основни работници и работат и се движат надвор, всушност биле во помал процент заразени отколку оние кои биле заклучени дома. Заклучувањата не функционираа како што беше предвидено во Шпанија. Д-р Раулт исто така постигна голем успех во лекувањето на коронавирус со хидроксихлорокин, ефтин и испробан лек кој веќе долго се користи против маларија, и кој глобалофашистите го забрануваат бидејќи, хм, е ефтин и достапен и не им носи профит. Ако најдете друг збор да ги опишете овие нивни дејанија освен, ѕверски, пишете ни.

Светски познатиот доктор Раулт ја изведе и втората француска студија и повтрди дека Хидроксихлорокин и Азитромицин помогнале на СЕКОЈ пациент во проучуваната група од 80 пациенти болни со КОВИД освен на еден 86 годишник кој бил во крајна фаза и имал други коморбилитети. Ова е прекрасна вест. Но за жал, оваа работа на докторите им помага на народите и на Трамп, така што либералните медиуми или ги игнорираа, нападнаа или исмеваа неговото истражување. Што луѓе ќе да беа.

Неговиот профил се зголеми уште повисоко, бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон отпатува за Марсеј за да се сретне со Раулт, болнички директор и истражувач кој ги водеше двете испитувања. Макрон не даде коментар по состанокот, но рандевуто, иницирано од Макрон, беше јасен знак за новооткриената политичка тежина на Раулт.

Д-р Раулт ги твита своите резултати.
Преведени: Нашите два статии објавени вечерва помагаат да се демонстрира:
1. Ефективноста на нашиот протокол, на 80 пациенти.
2. Релевантноста на комбинацијата на хидроксихлорокин и азитромицин, благодарение на истражувањето спроведено во нашата лабораторија.

Истото и во Јапонија. Јапонија е најновата нација која не забележува вишок морталитет со нивната политика на мало заклучување. Нема заклучување, многу малку тестови, и нема вишок смртност, пишува Japan Times!

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар