Јамката на ОБАМАГЕЈТ се стега околу глобалофашистите и нивните локални слуги за кривични дела и во САД и за рушење и ограбување на суверени држави! Судот во Украина го наведе бившиот Американски потпретседател Џо Бајден, како осомничен сторител на кривично дело при отпуштањето од должност на јавниот обвинител (и “кучкин син” според “богатиот” речник на Бајден) Виктор Шокин. Во Киев кон крајот на минатиот месец (21ви Април), судијата на Окружниот суд СВ Вовк нареди службите за спроведување на законот во Украина официјално да го наведат отпуштениот обвинител, Виктор Шокин, како жртва на кривично дело од страна на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, според официјалниот превод од судските документи на англиски јазик добиени од JustTheNews.com (копија од судскиот налог на крајот на текстов).
Судот претходно му нареди на Јавното обвинителство и на Државното биро за истраги во февруари да го испитаат тврдењето на Шокин дека тој бил отпуштен во пролетта 2016 година под притисок на Бајден затоа што го истражувал Буризам холдингс, компанијата за природен гас каде работел синот на Бајден Хантер.
Судот тогаш донесе пресуда дека има соодветни докази за да се испита тврдењето на Шокин дека притисокот на Бајден врз тогашниот претседател Петро Порошенко, вклучително и закана за задржување на една милијарда американски американски долари за гаранции за заем, претставува нелегално мешање во работата на Шокин како главен обвинител на Украина.
Но, кога агенциите за спроведување на законот ја отворија истрагата, тие одбија да го именуваат Бајден за наводен сторител на злосторството, наместо тоа да го наведат потенцијалниот обвинет како неименуван Американец.
Судот СВ Вовк сега пресуди дека анонимното означување е неправилно и им нареди на агенциите за спроведување на законот официјално да го наведат Бајден за обвинет сторител.
Одлуката наложува „надлежно лице на Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, кое спроведува процесно управување во кривична постапка бр. 62020000000000236 од 24 февруари 2020 година, да внесува информации во Унифициран регистар на предистражни истраги… резиме на факти што може укажуваат на сторено кривично дело од став 2 на член 343 од Кодексот за кривична постапка на Украина за кривична постапка бр.62020000000000236 од 24 февруари 2020 година, имено: информации за мешање во активности на поранешниот јавен обвинител на Украина Шокин, Виктор Миколаевич од страна на граѓанин на Соединетите држави, Џозеф Бајден, поранешен потпретседател на САД.“
Судијата додаде: „наредбата на судот не може да биде обжалена“.
„Виктор Шокин јавно се обрати до претседателот на Украина со барање правилно да одговори на нелегалното дејствување при истрагата на кривичните случаи што се отворени против Џозеф Бајден“, рече Телешески. „Да ве потсетам дека тие беа откриени токму како резултат на изјавата на Виктор Шокин“.
Сагата „Бајден-Шокин“ доминира во насловите повеќе од една година, и одигра централна улога во постапките за импичмент на Трамп предводена од демократите, кои завршија порано оваа година со ослободителна пресуда на претседателот Трамп во Сенатот.
Бајден не само што призна туку и се фалеше за отпуштањето на Шокин на јавен настан кој е снимен на видео дека го принудил тогашниот претседател Порошенко да го отпушти “кучкиниот син” Шокин во март 2016 година, заканувајќи се дека ќе задржи 1 милијарда американски долари во американски гаранции за заем од ММФ. Но, Бајден негираше дека отпуштањето на Шокин се должи на случајот „Буризмa“.
Сепак, Шокин во судската постапка тврдеше дека му е кажано дека тој бил отпуштен бидејќи тој одби да ја одложи својата истрага за наводна корупција од Буризма и откако планирал да го повика Хантер Бајден како сведок за да го испрашува за милиони долари во исплати што неговата Американска фирма ги доби од украинската компанија за гас Буризма на чиј совет на директори седеше самиот.
Шокин исто така ги оспори тврдењата на демократите дека бил отпуштен бидејќи бил неспособен или корумпиран, доставувајќи меѓу другите докази и писмо од американскиот Стејт департмент во летото 2015 година, во кое се пофалува неговиот антикорупциски план како главен обвинител на Украина.
Спорот „Бајден-Шокин“ за време на судењето за импичмент минатата година генерираше сведоци на Стејт департментот, кои рекоа дека веруваат дека улогата на Хантер Бајден во Буризма, додека неговиот татко ја надгледувал политиката меѓу САД и Украина, создал непријатен изглед на конфликт на интереси.
Континуираното водење на случајот на Шокин во украинските судови би можело да предизвика нови откривања ова лето, бидејќи Бајден се подготвува за претседателските избори како противник на Трамп.
Во вторникот, еден парламентарец во Украина, Андриј Деркач, објави извадоци на телефонски повици помеѓу Порошенко и Бајден каде се дискутира отпуштањето на Шокин.
Во интервјуто, Шокин за „Новости“ изјави дека е уверен дека сите докази покажуваат дека украинските власти биле задоволни од неговиот настап но дека едноставно се согласиле да го отпуштат за да избегне губење на итно потребни гаранции за заем од САД.
* * *
Комплетен краток преглед на судкиот случај во продолжение …
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!