Приватните Социјални Мрежи Глобално ја Замолкнуваат Вистината Како “Теорија на Заговор” – Гордана Гоџо!
Сподели на социјалните платформи:

 

Зошто глобалистите се плашат од вистината? Социјалните мрежи се виртуелен еквивалент на средновековниот јавен собор на сретсело и помодерната верзија од почетокот на минатиов век, собирање на градските плоштади на народот, со цел среќавање, дружење, разменување на идеи. Сега, социјалните мрежи – кои се јавно и општо добро, а по игра на случајот (или пак не?) се во приватна сопственост а управувани од фронтмени одбрани од ЦИА за извршување на нивните проекти за следење и контролирање на народите и поединците – безобразно, диктаторски и криминално го злоупотребуваат тоа наше јавно и заедничко добро и благо со цензура на вистината и глобално и во Македонија. Затоа, ОТПОР СЕГА, бидејќи нормализирањето на цензурата сега, ќе значи нормализирање на вашето затворање по зандани за изречен збор во иднина!

Најчесто тоа се оправдува со теории на заговор, под кои спаѓа секое не само мислење туку и секој неспорен факт кој не им се допаѓа на глобалофашистите. Поимот „Теорија на заговор“ е измислен од ЦИА со цел прикривање на вистинската вистина. Сето она кажано на било каков медиум кое „не задоволува нечии критериуми“, односно не е во согласнот со нечија пропаганда, се нарекува ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР. Луѓето кои се одлучиле да ја кажуваат вистината се стигматизирани од општеството, се прогласуваат за луди и за ТЕОРЕТИЧАРИ НА ЗАВЕРИ (ЗАГОВОРИ).

Имено, откако ЦИА ги презеде медиумите во 1947 година, веќе не знаеме што е вистина, што не, во каков свет живееме (https://www.youtube.com/watch?v=KFwhp4DwsVI&t=74s). Има војна на Истокот или нема? Кулите близначки во САД беа нападнати од босоногата војска на Осама Бин Ладен или од самите Американци – предавници, припадници на Дип Стејт? Постои КОВИД-19 или не постои?

Но, она што знаеме е дека ваква цензура на медиумите ДОСЕГА НЕМАЛО! Оние, мејн стрим медиуми, поседувани од дури 4 компании во светот, а сите тие под контрола на Дип Стејт заборавија дека на светов постојат и други вести, освен бројот на инфицирани и починати од т.н. КОВИД-19. Тука влегуваат CNN, ABC, NBC, MSNBC, BBC, итн.

Последниве години и социјалните мрежи го зазедоа своето место во светот на информациите. Facebook прави цензура на сите постови кои се „против официјално прифатената вистина“ на корумпираната СЗО. Twitter исто така брише твитови, па дури и профили. За листа на само дел од забранетите видеа на социјалните мрежи и можност каде повторно да ги најдете директно на сајтови прочитајте повеќе овде: https://www.altcensored.com/?fbclid=IwAR3P6XqbnAKP8DNGGu3WfyLB00CKALkXvEh0gu7xUoBFRrTj43-YorW80NI

Директорката на You Tube изјави дека сите видеа кои не ги задоволуваат критериумите на платформата, а кои исто така се во спротивност на пропагандата на СЗО воврска со т,н пандемија на КОВИД-19, ќе ги брише. Така, пред некој ден беше избришан профилот на популарниот Дејвид Ајк (David Icke) од Facebook и неговото видео кое беше прегледано над милион пати (https://www.bbc.com/news/technology-52517797). Дејвид Ајк веќе триесет години се обидува да ја прикаже вистината онаква каква што е, да ги разбуди луѓето. Ова што денес ни се случува, почнувајќи од пропагандата за некаков смртоносен вирус, до контролата на медиумите и конечно до целосно воспоставување на контрола врз сите нас, го кажува одамна.

Сега го живееме веќе напишаното сценарио, потврдено во повеќе документи, како Агенда ID2020 според која секој од нас треба да добие дигитален идентитет, најверојатно во вид на чип во иднина, (https://id2020.org/) Агенда 2030 (https://www.un.org/sustainabledevelopment/health/) според која СЕКОЈ жив човек на планетава ќе мора да биде вакциниран, освен елитите кои многу добро знаат дека вакцините се отрови и Евент 201 каде беше разговарано за планираната епидемија и целата наратива околу тоа како треба да се одвива (https://www.centerforhealthsecurity.org/event201/). Последниов настан е особено интересен да се анализира бидејќи се случуваше само шест седмици пред избивањето на т.н. пандемија.

Цензура? YouTube го брише видеото во кое се тврди дека се работи за глобален заговор зад „Ковид-19“Се почесто ја гледате пораката „гледај сега пред да го избришат видеово“. Например, од социјалните мрежи тргнато е искучително популарно видео извонредно 25-минутно интервју со ненаметлив молекуларен биолог и медицински истражувач, д-р Џуди Миковиц, во кое таа прави серија на значајни тврдења не само за потеклото на Ковид-19, туку и за наводните мотивации и грешки на клучните фигури во глобалниот одговор, како што се Ентони Фаучи и Бил Гејтс.

Евидентен пример на цензура од страна на You Tube е видеото со двајцата реномирани доктори од Калифорнија кое имаше над пет милиони прегледи. Во него тие објаснија дека врз нив се прави притисок секој смртен случај да се прикаже како починат од КОВИД-19 и објаснуваа дека носењето на заштитна опрема не само што не е потребно, туку е и штетно, бидејќи имунолошкиот систем на човекот се формира кога телото е во допир со бактерии и вируси од околината.

Ако го изолираме од нив, како што се наложува со мерките, фактички го нарушуваме, намалуваме имунитетот. Дури и мејнстрим медиумот Fox News кој во последно време почна да ги објавува вистинските случувања, имаше реакција за оваа цензура.

На следниов твитер линк можете да ја погледнете реакцијата на оваа медиумска куќа, видеото од докторите, како и изјавата на Доналд Трамп дека ја набљудува наметнатата, незаконска ЦЕНЗУРА (https://twitter.com/KarluskaP/status/1254975165223575552).

Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје функционира веќе скоро една година. Минатата школска година помогнаа на многу родители да ги запишат своите деца првачиња, безмилосно дискриминирани и стигматизирани од страна на глобалфашистичката Влада, слуга на Дип Стејт. Преку своите медиуми, веб страница  www.odnaszanas.com својот You Tube канал ОД НАС ЗА НАС / United We Stand Tall (https://www.youtube.com/channel/UCUEeyU77hj7ZoachZY_ezDA) и преку својата фејсбук страница OD NAS ZA NAS / UNITED WE STAND TALL (https://www.facebook.com/odnaszanas/) со полна пареа работи на доближување на истражени медицинско-научни факти за вакцините до македонската јавност.

Во време на т.н. пандемија на КОВИД-19, Здружението се осврна и на оваа тема. Неуморно преведуваше видеа и статии од реномирани научници и доктори. Но, ЦЕНЗУРАТА ги стигна и нив.

Имено, на 4 мај, добија известување дека содржината на едно од видеата е со „несоодветна содржина“.

Видеото е преземено од независната платформа за известување The Highwire каде истражувачкиот новинар Del Bigtree ги анализираше бројките за случаите во Италија, а зборуваше и за погрешниот модел за предвидените смртни случаи на Нил Фергусон.

Анализата е направена врз основа на неколкугодишни статистики за смртноста на пациентите во Италија и истата покажа дека оваа година, смртноста не се разликува воопшто од претходните години. Исто така, Италија во објавувањето на своите статистики ги следи препораките на СЗО кои велат дека секој пациент, било да починал СО КОВИД или ОД него, се пријавува како починат ОД КОВИД-19.

Поради должината на оригиналното видео, здружението издвои неколку посебни видеа. Едно од нив говореше за статистиката во Италија, друго за моделот на Фергусон. Интересно е што оригиналното видео од кое се направени повеќе кратки видеа за целите на Здружението, сеуште стои на истиот овој канал. Може да се пронајде овде https://www.youtube.com/watch?v=E_gMT4_PDJI&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3fg_axPmL79FrMF1qp9jb5VSLkuQguovkCZs3QN3zPrOUjc7jdytOH8nEИсто така, второто издвоено видео стои на каналот на Здружението, но она за италијанските статистики ГО НЕМА.

Потребно е човек да се запраша: Кој тоа одредува што е вистина, а што не е? Зошто би се отстранувале „неточни“ информации според нечии критериуми од социјалните мрежи и од You Tube? Кому тоа пречи?

Дали воопшто некогаш постоела ваква ЦЕНЗУРА???

ПОТРЕБНО Е ПОД ИТНО ДА СЕ ОСВЕСТИМЕ!

ЗА „НЕПОДОБНОСТ“ ДЕНЕС СЛЕДУВА ЦЕНЗУРА, УТРЕ ЗАТВОР!

 

Автор, Гордана Гоџо.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар