Новата Политичка Сила на Македонија се Бори Против ГлобалоФашизмот – Пишуваат за РОДИНА Руски Медиуми!
Сподели на социјалните платформи:

 

Новата политичка сила на Македонија се спротивставува на глобалофашизмот олицетворен во ЕУ и НАТО и се бори за обновување на изворната Македонската државност и сувереност и тоа не врз основите на поразениот неолиберален модел, туку врз база на суверенизмот и потребите на народите и поединците за национална, лична слобода, и економска благосостојба, пишуваат за регистрацијата на политичката партија Родина Македонија, Руски портали меѓу кои и Ридус.ру (од насловната фотографија), чиј текст го пренесуваме подолу во целост.

Пред повеќе од еден месец веќе, на 29 февруари, во главниот град на Македонија, градот Скопје, се одржа конститутивното собрание на новата политичка партија „Родина“, во кое учествуваа подржувачи и претставници на разни македонски социо-политички организации.

За време на средбата беше објавено дека партијата собра илјадници потписи на своите приврзаници неопходни за официјална регистрација и дека е подготвена да ги заврши сите правни процедури во блиска иднина.

И така, во петокот на 3ти април 2020 година, членовите на Претседателството на партијата „Родина Македонија“ (или, накратко, Родина) добија известување за официјалната регистрација на новата политичка сила.

Нашата партија се спротивставува на пристапувањето на земјата во ЕУ и во НАТО и се бори за обновување на Македонија како суверена држава, заснована не врз идеите на глобалниот неолиберализам кој е на умирање, туку на нашите национални и индивидуални потреби, и заедно рамо до рамо со сите други слободолјубиви народи“, – рече за „Ридус“ Горан Шумкоски од претседателството на новата македонска партија.

Според него,„во тековната судбинска битка за душата и иднината на човештвото која се води помеѓу независните национални држави и глобалистичкиот фашизам, партијата Родина гледа на иднината на Македонија не во поразениот западен политички и економски модел, туку во Евроазискиот сојуз на суверени нации од Лисабон до Владивосток“.

Родина Македонија доби многу честитки од Русија меѓу кои и големиот Руски патриот и подржувач на Македонија, Андреј Родионов, кој напиша: “Честитки до моите македонски пријатели сo регистрирацијата на вистински народна партија со многу добро име Родина Македонија! Верувам во вашиот успех!”

Биди член на Родина Македонија
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар