Животот во Светов По Кризава Мора да се Измени кон Добро! Секое Зло за Добро – Елизабета Чингарова Матевска!
Сподели на социјалните платформи:

 

… рекол нашиот народен гениј! Да ги извлечеме поуките и ги воведеме во нашето секојдневие како трајна вредност на искуството, искушението. Искушението ни е дадено за да се преиспитаме сами себе си,  до каде сме, до каде пристигнавме со човештината!

Ако говориме за агрументирани факти кои би ги елаборирале како последица на појавата на вирусот корона, ковид 19, секако е прерано,  без да навлегуваме во научни полемики за нешто во што не сме компедентни, поточно кажано не можеме да дефинираме без да помине оваа пандемија и научно да биде елаборирана, секако е прерано, но со сигурност можеме да извлечеме поуки без големо двоумење и со голема сигурност.

Овој текст има за цел да подвлече повеќе работи кои со сигурност може да се заклучат со помала  или поголема веродостојност во период од само неколку месеци глобално а само 2 седмици кај нас!

-Ковид 19 дали е природно создаден вирус или лабораториски, тука е најголемата енигма и секоја шпекулација во овој момент не е во прилог за дебатирање на таа тема. Но секако досегашните информаици колку и да се селектираат, некако не насочуваат  во прилог дека тој е лабораториска творба со негативна заговорничко злобна агенда, барем од досегашните сознанија за неговата постоечка структура .

– Секако секојденевно сме избомбардирани од медиумите, посебно на социјалните мрежи, портали, со секакви информации кои одат од една до друга крајност која секако ни прави лажен привид на реалноста но и  своевиден хаос во осозавањето. Има и мислења дека оваков вирус воопшто не постои односно  не е научно докажан со меродавен тест на пациентите и сл, се до информации дека вирусот е наменско биолошко оружје за искоренување на светот, намалување на популацијата и сл. Има и теорија која вели вирусот е наменски пуштен со цел рушење на светскиот бизнис пазар, превземање на берзите, времено национализирање на банките и корпорациите со цел на последователно зголемување на нивната моќ, воспоставување на светска економска криза со потреба на рестартирање итн.

Да оставиме времето да разреши, наше е да бидеме самосвесни, прибрани и без паника, да гледаме од свој агол на сознанието да перцепираме, цениме, секако и расудуваме но и пресудуваме.

-Секојдневните пресови на министерот за здравство, гледајќи го тој лик, нешто како лика и прилика на безизразна маска, лик кој не оддава никаква емоција, колку влева доверба во народот, секако е широка тема за елаборација а  тука е и  негативниот товар кој го носи од неговите предци (торба со украдени милиони), лажното вакцинирање на неговото внуче, лажната парола за време на референдумот  кога вети ‘Бесплатно здравство во Цела Европа‘, тешко дека влева некое поверение, доверба во она што  го искажува, колку и да е вистинито, секако и поткрепено со факти. Посебно што се добива впечаток  дека пресовите повеќе му служат во тоа да длабоко се всади,  ете ‘северна‘ е таа која не брани и лечи, се грижи за нас, упорно повторувајќи северна, северна , непотребно и болно безброј  пати!

-Една од загрижувачките нејаснотии е што како со нож пресечни прекинаа информациите за мигрантите на турско-грчката граница. Како  преку ноќ во земја да пропаднаа илјадници мигранти, никаква информација!? Ова е и повеќе од сериозно и загрижувачки! Никакви информации за состојбите на границите, за кои се уште важи кризната состојба уште од 2015г. А само до пред 10 дена новинарски екипи, колку толку, не известуваа за случувањата и на границите и за нелегалните преминувања, поткрепени со информации од локалното погранично население и сл. Но реален е и фактот дека  никогаш не бевме до крај информирани што се случуваше со мигрантите, приведени од групи од по 30-70 лица со месеци, но и години, посебно што уште  е на сила законот од 2015 год за мигранти, кој вели, после тродневен престој мигрантот има право да бара азил за престој во земјава!

-Со сигурност се потврдија  и одлучните НАРОДНИ ТРИ НЕ на референдумот од 30 септември 2018г. НЕ за промена на името, НЕ во НАТО , НЕ во ЕУ! Коронава им удри печат на ЗАБРАНА И НА ОТФРЛАЊЕ и на ЕУ и на НАТО со тие три не! Кога како пена од меур се распрсна хуманоста на ЕУ и храброста на НАТО! Зарем има потреба да се објаснува повеќе, кога во Италија, членка и на двете, не доби ни морална подршка ни фактичка материјална помош во најтешките моменти на криза од појавата на висрусот ковид 19! Наспрти тоа НАТО испраќа војска  за наводна воена вежба во време на  светски прогласена пандемија. А зачудувачки огрмна  хуманитарна помош од медицински материјал, медицински лица доаѓа од Кина, Русија, Куба !?

-3 децениската парола на курто и мурто ‘ЕУ ќе не храни, НАТО ќе не брани‘ сама себе се избриша и ги стави, мора да биде така по логиката и законот на вистината, тие исти курто и мурто во буништето на историјата! Кога добиваме инфо за помош од Кина кон Македонија на респиратори, амбулантни возила  и друга медицинска  помош, а од друга страна ЕУ дава забрана на извоз на секакви медицински материјали, а за помош не станува ни збор, барем засега.

-Сега станува многу појасно дека ЕУ и НАТО се само вазали на Светската влада, чија агенда е единствено собирање на националните блага, ресурси од секаков вид, од државите. Тие се само извршители  на мрачните агенди моќ и владеење на уште помарчната  светска елита .

-Светскиот либерален глобализам сам себе се удри по глава! И тоа толку силно , што надежта е дека никогаш повеќе нема да се опорави после овој светски настан. Идеата на глобализмот, современо ропство,  тн униполарен свет, идеа од времето на фашизмот и пред него секако, една власт, едно општевство, една нација, една раса над сите  или сите претопени во една раса, како и да е, во зависност на идеата на болните умови, како и да си  замислиле во нездравите  заговорнички умови,  се покажа не функционален и надминат, презрен и мора да биде отфрлен!!! Барем тоа оваа ‘корона‘ вистинита или лажна, ни го напиша цертификатот, поточно ја напиша посмртницата на глобалниот униполаризам и колапсот на светската глобализација! Не дека распадот на овој монструм не беше од поодамна започнат, со 11 септември  2000г, силниот раст на кинеската економија, сериозноста на мигрантската криза и експанзија на исламот во светот, престројувањето на Русија со Путин како меѓубароден фактор, растечкиот суверенизам во Европа. Но оваа пандемија едноставно кажано оваа појава на вирусот корона-ковид 19  му впери пиштол директно во срце или глава и тука мора да биде крајот на една лоша приказна, со име униполарен свет!

-И шенгенот, највисокиот дострел на обединета Европа,  Европа без граници, Европа без нации, Европа една валута, се покажа не делотворен и не функционален кога целта не е хуманоста и еднаквоста, туку е приоритет и злоупотреба на банкарско-монополско-трустниот систем за самобогатење  со пуштање должнички мисии преку  штампање на евра. Затворањето на државните граници, самоизолирањето, се покажа дека е делотворно, кога не постои заеднички здравствен систем, ниту интерес за тоа, кога не постои брз и одлучувачки начин за меѓусебна помош на землијте членки, о најгорливите моменти.

-Самозатворањето на државните граници, самоизолирањето, со брзина на светлината им покажа на народите, дека тие многу поуспешно делуваат суверено, самостојно. Сувереноста на државата како единка се покажа дека е делотворна, односно самостојноста на решавањето на проблемите внатре во државата се докажа дека е единствениот начин како понатаму, без наредби и напатствија од светската елита. Дека доволни се и билатерални договори и пријателства пошироко или потесно, разни асоциации и агенди, наспроти диктаторскиот англосаксонски-бриселско-дип стејт роварења!

Како што започнав, Секое зло за добро, да се надеваме, да се молиме и веруваме дека ќе му помогне  на светов да ги измени состојбите. Неминовно е менувањето на светскиот поредок во еден нов мултиполарен свет на  држави или поделба по региони, кои се веќе историски елаборирани и докажано одржливи и моќни. Животот на планетава мора да се измени, аспектите на осознавање и спозавање на вистинските состојби мораат да започнат од поединецот од единката како основен елемент гледано од повеќе аспекти, лик поединец, држава, регион, асоциации итн.

Но никако, како досега, не одозгора хиерархиски поставено со само една и единствена цел, уништување на индивидуата нејзината слободна еволутивна мисла и делување, со цел на ропско поданичко глобално општевство во финансиско-владетелска моќ на елитистите. Доволно беше од наредби и насочувања на штета на опстанокот на човештвото. Народите се будат и се повеќе ќе се будат во прилог на целосно еманципирање и ослободување од наметнатите антинорми на начин на животарење. Секој поединец има право на сопствен живот на сопствено право на перцепирање на вистината во сопстветата држава, на самостоен избор на делување, поставено на сопствени традиционално-современи норми.

При тоа секако, најбитно е делувањето да биде хуманистичко не загрозувајќи ги останатите и оставајќи секоја единка, да се пронајде сама себе си во светот на различностите но и во заедништвото кое не прави нешто безвременски големо и значајно а тоа е човештвото!!!

 

Елизабета Чингарова Матевска, Родина Македонија

Биди член на Родина Македонија!

 

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

 

 

Остави коментар