Во реакцијата на Родина Македонија по повод на редовното задолжување на нашите деца и внуци за годишните тендерски потреби на нелегитимната Хунта, МЕРКИТЕ ЗА ВИРУСОТ НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРАЖБАТА НА РЕДОВНИ ГОДИШНИ 600 МИЛИОНИ ЕВРА И РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАВНИ ДОБРА се вели:
Родина Македонија уште од поодамна посочи, користејќи стандардни индикатори точно на тие глобалистички финансиски институции, дека годишно од македонскиот буџет во приватни џебови се исцицуваат 680 милиони Евра. И еве токму колку годишно и треба на нелегитимната Хунта да ги покрие дупките на исцицаните преку тендери наши пари и редовно за толку и повеќе годишно ги задолжува нашите идни генерации за свој хир и гол арамиски опстанок со уште некој купен месец.
Пари кои нашите деца и внуци ќе треба да ги враќаат, а пари кои нелегитимната однадвор поставен Хунта ќе ги троши на тендери за скапи странски вакцини, со кои ќе не трујат и од кои заедно ќе полнат џебови со мултинационалните корпорации чии слуги се.
Причината за поставувањето на Хунтата однадвор е да го урне Македонството и тоа да го запечати со уривање на изворната македонска економија, македонскиот производител, давач на услиги, индивидуален претприемач и со тоа да ја отвори вратата за раздавање на нашите национални блага пошто-зашто на странски интереси, а ние да бидеме поробен народ и поединци на туѓите бели дворови на својата сопствена земја.
Не ја интересира Хунтата македонската економија ниту ти Македонецу, не е таа избрана од тебе ниту одговорна кон тебе. Неа покрај слугувањето на туѓи интереси за рака колнати доларчиња фрлени како на песови, сега ја интересира само голиот опстанок и за тоа неа и треба да докаже дека Македонија е неспособна да опстане и национално и економски и дека како што не кријат, ни требало камшикар, т.е. туѓ господар!
Не, Македонија ќе биде цветна градина и држава на благосостојба на Македонците и има потенцијал не само за тоа, туку да биде извозник на производи, услуги, креатива и ум и Родина Македонија ќе го ослободи тој можен природно-човечки потенцијал.
И затоа Родина Македонија им порачува на странските наредбодавачи. Ќе ги откажеме долговите направени од корумпираните во името на нашите деца и внуци, ќе си ги барате лично од нив! Родина Македонија ќе национализира секое јавно македонско добро дадено бакшиш за мал процент награда од страна на нелегитимните пучистички власти.
Така што мислете му ја и вие предавници и вие надворешни подржувачи кои сте поразени во самите сопствени држави и од самите сопствени народи. Ова е се привремено, а времето на разврската и плаќањето на борчовите кон македонскиот народ доаѓа и тоа незапирливо!
Биди дел од Родина Македонија!
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/