Само Девет Оброка ја Делат Америка од Човечноста до Хаосот и Анархијата – Аналитичарот Џеф Томас!
Сподели на социјалните платформи:

Авторот Џеф Томас преку International Man портал, пишува, откако во 1906 година, Алфред Хенри Луис изјави: „Има само девет оброци разлика помеѓу човечноста и анархијата“. Оттогаш, неговото размислување одекнуваше кај луѓе исто толку различни како што се Роберт Хајнлин и Леон Троцки.

Причината е едноставна. За разлика од сите други производи, храната е суштинско нешто што не трпи “одлагање”. Ако имаше недостиг на, да речеме, чевли, ние би можеле да поминеме без нив месеци, па дури и со години. Недостаток на бензин би бил лоша ситуација, но би можеле да го преживееме, преку масовен превоз или дури и со пешачење, доколку е потребно.

Но, храната е различна. Ако дојде до прекин во снабдувањето со храна, стравот ќе се појави веднаш. И, како продолжувањето на снабдувањето со храна би станувало се понеизвесно, така би растел и стравот. После само девет промашени оброци, веројатно е дека ќе паничиме и ќе бидеме подготвени да сториме и кривично дело за да добиеме храна. Ако се случи да го видиме нашиот сосед со леб в рака а поседувавме пиштол, можеби ќе речеме: „жал ми е, ти си добар сосед и со години се дружевме, но моите деца немаа да јадат денес – морам да ти го земам тој леб – дури и ако треба да те застрелам“.

Но, сигурно, нема потреба да се шпекулира за оваа загриженост. Нема ништо на вечерните вести да сугерира дека таков проблем дури може да  биде и на хоризонтот. Значи, да разгледаме подетално на реалната индустрија за дистрибуција на храна, да ја споредиме со сегашната насока на економијата и да видиме дали може да има причина за загриженост.

Прехранбената индустрија обично работи на многу мали граници на маржа – често под 2%. Традиционално, трговците на големо и трговците на мало се потпираа на двонеделен обрт на понудата и до 30-дневен план за плаќање. Но, зголеменото затегнување на економскиот систем во последните осум години резултираше со време на обрт на стоката од само три дена и за снабдување но и за плаќање за многумина во индустријата. Овој систем кој сè уште е целосно оперативен, но без дополнителен простор за маневар ако треба да прими значителен понатамошен удар.

Ако еден месецсе случи значителна инфлација (да речеме, 3%), сите профити ќе се изгубат за овој месец и за добавувачите и за трговците со мало, но стоката сепак може да се замени и загубата да се надокнади со тоа што ќе се продава по повисока цена следниот месец. Но, ако имаме три или повеќе последователни месеци на инфлација, индустријата не би можела да го финансиски да го преживее јазот, дури и ако се очекува подобри услови да се развијат во наредните месеци. Неисплаќање во целост во тек на неколку месеци би значело помали нарачки од оние што не можеле да платат. Тоа би значело помалку стоки на полиците. Колку подолго ќе продолжи инфлацискиот тренд, толку побрзо ќе се зголемуваат цените со надеж да се компензира инфлацијата. И сè помалку производи на полиците.

Од Германија во 1922 година, до Аргентина во 2000 година и до Венецуела во 2016 година, ова е моделот секогаш кога инфлацијата стануваше системска а не спорадична. Секој месец, некои продавници се затвораат, почнувајќи од оние што стојат финансиски најслабо.

Во добри економски времиња, ова би значело повеќе деловни возможности и активности за оние продавници кои сè уште останале во функција, но во инфлациска ситуација, тие не се во состојба да преземат повеќе од ионака непрофитабилниот бизнис. Резултатот е дека обемот на храна што се нуди на мало ќе се намали со темпо со на големината на инфлацијата.

Сепак, и покрај тоа, побарувачката  за храна нема да се намали ниту за една векна леб. Затворањето на продавниците ќе се почувствува веднаш во градовите, кога едно затворање на продавница ќе ги испрати клиентите да трчаат во соседните квартови барајќи други продавници за храна. Вистинската опасност ќе се појави кога тие продавници исто така ќе се затворат и во луѓето од повеќе населби се пуштаат на трета продавница во уште една трета соседна населба. Тоа е кога за една векна леб има три потенцијални купувачи и кога таа ќе стане вредна за убивање. Практично никој не  можеше да толерира кога ќе ги гледа неговите деца останат без храна затоа што другите го „нападнаа“ неговиот локален супермаркет.

Покрај трговците на мало, ова ќе влијае на целата индустрија и, како што исчезнаа трговците на мало, така ќе почнат да исчезнуваат и добавувачите и сл. и так нагоре по целиот синџир на храната до самите производители. Ова не се случува на уреден начин или во една специфична област. Проблемот би бил национален. Затворањето би било низ целата земја, навидум случајно, и ќе ги зафати сите области. Немирите во храната би се случиле, најпрво во градовите за потоа да се рашират во другите заедници. Купувачите, плашејќи се од недостаток, ќе ги исчистат полиците.

Уште поважно, непредвидливоста на испораката на храна е тоа што уште повеќе ќе го зголемува стравот, создавајќи паника и насилство. И, повторно, ниту едно од горенаведените не е шпекулација; тоа е историски потврдена реакција заснована врз човековата природа секогаш кога и да се случи системска инфлација.

Потоа … за жал … пристигнува коњицата

Во тој момент, многу е веројатно дека централната власт ќе се вклучи и ќе издаде контроли на прехранбената индустрија што ќе им служи на политичките потреби наместо на деловните потреби, и која во голема мера само го влошува проблемот. Набавувачите ќе им биде наредено да достават до оние населби каде немирите се најлоши, дури и ако тие трговци не се во можност да платат. Ова ќе го зголеми бројот на затворени добавувачи.

На патот, камионџиите ќе започнат да одбиваат да влезат во проблематичните населби, а војската би можела да биде извадена на учиците за да ги обезбеди испораките.

Но, зошто да се грижите за горенаведеното? На крајот на краиштата, инфлацијата е умерено присутна во моментов и, иако владите ги фалсикификуваат бројките, сегашното ниво на инфлација не е доволно за создавање на горенаведеното сценарио.

Па, што би требало да се случи за да да дојде до ова? Па, историски, секогаш започна со прекумерен долг. Знаеме дека нивото на долг е највисоко досега во светската историја. Покрај тоа, берзите и обврзниците се меурчиња со историски размери. Тие сигурно ќе се дупнат.

Со пад на пазарите, дефлацијата секогаш следи додека луѓето се обидуваат да се ослободат од имот за да ги покријат своите загуби. Федералните резерви (и другите централни банки) изјавија дека несомнено ќе отпечатат толку пари колку што се потребни за да се спротивстави на дефлацијата. За жал, инфлацијата има далеку поголем ефект врз цената на артиклите отколку на имотот. Затоа, цените на стоките драстично ќе пораснат, дополнително ќе ја притиснат куповната моќ на потрошувачот, со што ќе се намали веројатноста тој да купи имот, дури и ако условите за тоа се поволни. Затоа, сопствениците на имот ќе ги намалуваат своите цени постојано како што че стануваат се поочајни. Банката на федерални резерви потоа печати повеќе за да се спротивстави на подлабоката дефлација и ние влегуваме во период кога дефлацијата и инфлацијата се зголемуваат истовремено.

Историски гледано, кога ќе се достигне оваа точка, ниту една влада досега не ја  направила вистинската работа. Наместо тоа, тие го направија токму спротивното – продолжуваат со печатењето. Нус-производ на оваа загатка се рефлектира во насловната фотографија. Храната сè уште постои, но малопродавачите се затворија затоа што не можат да плаќаат за стоки. Добавувачите се затвораат затоа што не примаат плаќања од трговците на мало. Производителите го намалуваат производството затоа што продажбата на големо паѓа.

Во секоја земја што помина низ таков период, владата на крајот излезе од патот и пак преовлада слободниот пазар, со создавање услови за враќање во нормала. Прашањето не е дали цивилизацијата ќе дојде до крај. (Нема да дојде.) Прашањето е за можноста за опстанок на едно општество кое доживува криза со храна, бидејќи дури и најдобрите од луѓето веројатно ќе паничат и ќе станат потенцијална закана за секој за кој знаат дека има вреќа со брашно во неговата визба .

Стравот од глад е фундаментално различен од другите стравови од недостиг.  Дури и добрите луѓе паничат. Во такви времиња, најповолно е да се живее во рурален амбиент, што е можно подалеку од центарот на паника. Исто така, поволно е да се чува храна однапред што ќе трае неколку месеци, доколку е потребно.

Сепак, дури и овие мерки не се никаква гаранција, бидејќи денес модерните автопати и ефикасните автомобили му олеснуваат набрзина секој прегладнат да патува таму каде што се стоките, па и до вашата визба. Идеалот е да пречекаме ваква криза во друга земја, каде што ќе има помала веројатност да биде под влијание на драматична инфлација – таму каде што веројатноста за појава на криза со храна е мала, а основната безбедност е обезбедена, а тоа не е САД, пишува авторот Џеф Томас преку Интернационалниот вебсајт на Даг Кејси, .

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар