Не Сакаме Веќе Ропство на ЕУ – По Брексит и Германците Повикуваат на “Дојчланд Дексит” и Излез од ЕУ!
Сподели на социјалните платформи:

И Германците бараат свој “Брексит” наречен “Дексит”! Патриотските политичари на “Дојчланд” се борат неуморно да го следат водството на Велика Британија за напуштање на ЕУ и сега отако Брексит се случи, го поставуваат излегувањето од ЕУ како прашање на итност, пишува express.co.uk.

Лидерот на суверенистичката партија АфД, Бјорн Хаке и европратеникот Беатрикс фон Сторч, се во процес на промоција на Дексит со цел да го направат како главно изборно прашање на нивниот манифест на следните избори. Хаке рече: „Поголемиот дел од германскиот народ, исто така, сака да се извлече од ропството на ЕУ.

И Европратеникот и портпарол на АфД Јерг Меутен навестија дека е можно партијата да го земе овој концепт како централен.

Тој рече: „ЕУ не научи лекции од Брексит. Продолжува континуираниот диктат од Брисел, ограничување на основните национални слободи, бесмислено и бесконечно зголемување на трошоците“.

Тоа доаѓа откако европратеникот на Тори, Даниел Ханан, отворен Брекзитер, ги именуваше трите земји за кои верува дека наскоро ќе ја следат Велика Британија надвор од ЕУ.

Ханан рече: „Прашањето не е дали Британија ќе се врати во ЕУ. Прашањето е кој ќе е следниот што ќе замине. Кој ќе биде првиот што ќе ни се придружи. Тоа може да се случи и случајно, заради некој економски шок. Во тој случај, мислам дека Италија би бил кандидат. Или може да се случи во стилот на Брексит. Со други зборови, референдум. Побарајте референдум и успешен референдум.

А дека АфД после изборите во Турингија се претвора во клчен играч пишува и Том Луонго: Германската политика е во немири. Државните избори минатата есен ја оставија ослабената канцеларката Ангела Меркел, принудувајќи ја својата Христијанско демократска унија (ЦДУ) да направи несакана коалиција во Бранденбург со социјалдемократите (СПД) и Зелените.

Со месеци откако изборите завршија без јасен пат до мнозинска влада, бидејќи партиите што формираат одбиваат да работат со АфД, партиите се расправаа за како да коалицираат заедно.

И по две неуспешни гласања, ќор-сокакот беше скршен со тоа што АфД го поддржа кандидатот за Слободните Демократи (ФДП) Томас Кемерлих заедно со регионалниот дел на Меркеловата ЦДУ по што следеше хаос!

Овој потег веднаш испрати шокантни бранови низ Германија, создавајќи јаз меѓу филијалата на ЦДУ на Турингија и нејзиното раководство во Берлин. Шефот на ЦДУ и министер за федерална одбрана, Анегрит Крамп-Карнбауер ги обвини нејзините колеги за кршење на вообичаената политика на партијата за избегнување на каква било соработка со анти-естаблишмент и антимигрантскиот АфД.

АфД ја повлече поддршката за свој кандидат и го поддржа Кемерлих, замрзнувајќи ги Зелените надвор од владата.

На крајот, зошто Меркел е толку лута за овој резултат, надвор од очигледните проблеми во рамките на нејзината партија? Зошто ја присили Кемерлих да ја распушти владата и да оди на предвремени избори во Турингија?

Клучот е во германскиот горен дом, Бундесратот. Меркел има де факто алијанса со Зелените за да обезбеди контрола над Бундесратот и, споре тоа и во Бундестагот.

Како што беше укажано од германските политички набудувачи, играта што Меркел ја играше работејќи со СПД во Бундестагот работи само ако Меркел ги одржува Зелените во Бундесратот среќни.

Но, заради природата на Бундесратот, каде државната делегација мора да гласа како блок, сè додека Турингија беше под Зелените имаше над 37 од 69 места таму и можеше да ги запре сите закони.

Но, тие четири места сега најверојатно сега ќе одат кај некој друг и ова пребегнување од страна на членовите на партиите на ЦДУ во Турингија се заканува со уставна криза во Германија, ако АфД влезе во Бундесратот.

Зелените во Бранденбург требаше да ја компензираат потенцијалната загуба во Турингија но тоа не се случи. Така што сегашната мапа на Бундесратот изгледа вака, а Зелените имаат 41 место, плус потенцијално 4 повеќе од Тирингија.

Ова ја отежнува можноста Меркел ги користи Зелените за да ја наметне агендата на ЕУ без да изгледа како таа да го прави тоа и ја лишува од шансата да продолжи со и онака тенкиот баланс како што продолжува надолниот трена на нејзината ЦДУ која се повеќе губи гласови и подршка.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар