Иницијативата за Македонска Независна Изборна Листа ги повика сите патриотски сили на изборно обединување и ослободување на Македонија преку подршка на огранизирање на независни изборни листи на основа на следниов акционен план:
Ден 1: РАСКИНУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СО ИСПРАЌАЊЕ НОТА ДО ГР И ООН.
Ден 2: РАСКИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКИОТ ДОГОВОР СО ИСПРАЌАЊЕ НОТА ДО БГ.
Ден 3: ПОНИШТУВАЊЕ НА СИТЕ АКТИ, ЗАКОНИ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР.
Ден 4: ПОНИШТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ПРЕКУ УСТАВЕН СУД ( Нормално од кога ќе се направи комлетно прочистување на сите членови на уставниот суд)
Погоре наведените клучни и круцијални чекори се обврзувачки за секој еден представник на Македонските Независни Листи со полна правна, морална и лична одговорност. Секој наш активист мора да ги почитува додека е наш активист се до повлекување од позицијата во нашите редови. Секој наш активист се потпишува дека ќе ги исполни горе наведените точки! МНЛ – независни и обединети за Македонија
Долу потпишаните страни се согласуваат да поддржат ЕДНА МАКЕДОНСКА НЕЗАВИСНА ЛИСТА , со која ќе се учествува на Парламентарните Избори во Република Македонија во 2020 година, во сите Изборни Единици во Македонија и во иселеништвото, со понуда за македонско ослободување во секоја сфера.
Долу потпишаните страни се согласуваат активно да учествуваат во акцијата за собирање на најмалку 1000 потписи за секоја изборна единца, во подрачните единици на Државната изборна комисија.
Долу потпишаните страни се согласуваат активно да учествуваат во создавање на НЕЗАВИСНАТА ЛИСТА, предлагајќи доследни Македонци, кои биле постојано на браникот на македонската сувереност, нарушувајќи ја својата лична удобност заради отпорот кон анти-македонските и неправедни сили, луѓе со висок интегритет кои го препознале предавството на време и го посочиле, угледни мислители кои практично делувале преку сите можни медиуми, во средината во која живеат и работат но и на улица, со одредена препознатливост во општеството, чесни, праведни, стручни, неистрошени политички ликови, кои носат жар во себе и знаење за рушење на наметнатиот естаблишментски систем и создавање функционална македонска држава, видено преку програмскиот ОД (МАНИФЕСТ, ВИЗИЈА И ЕТИКА).
Долу потпишаните страни се согласуваат активно да учествуваат во изборната кампања, вложувајќи ги сите ресурси, со целосниот капацитет со кои располагаат – кадар и логистика.
Долу потпишаните страни се согласуваат да прифатат одговорност и отстранување од овој МАКЕДОНСКИ СОБОР, доколку се открие дека работат против основните заложби на МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНА ЛИСТА, против македонизмот, правдата, сувереноста и развојот.
Долупотпишаните страни, сфаќаат дека овие избори не смее да се гледаат низ досегашната партиска призма, туку како избори на кои се покажува способноста на Македонците да мислат и делуваат политички, да се сплотат, за заедничко поголемо добро, да го најдат најмалиот заеднички содржател,а при тоа да имаат различни идеологии, да се надминат себе си и целосно се вложат во ослободувањето на македонските установи од неспособните бирократи, од измеќарите на странските служби.
Застапници на договорот за заедничко делување на МАКЕДОНСКИ СОБОР: https://www.facebook.com/hashtag/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0?source=feed_text&epa=HASHTAG
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!