Меѓународниот експерт Горан Шумкоски ја повика македонската интелегенција не само да критикува на фејсбук, туку активно да се вклучи во одбраната на името и државата, “нешто што е наша должност и обврска и верувам дека сите вие кои сте цвет на нашата интелегенција, ум и способност ќе се вклучите активно во тој процес на ослободувањето на Македонецот, заедно со сите други слободолјубиви народи, како и Американскиот, Британскиот, Францускиот, Италијанскиот итн, и во овој историски момент да препознаете дека вие сте тие кои можат, требаат и мораат да ја спасат Македонија и нашиот народ. Оти други нема!”
Во одговор на Gorazd Rosoklija: А кои се луѓево? Какви им се професионалните кариери? Афирмација? Вредност? Од кои и какви семејства доаѓаат и какви семејства создале? Што имаат зад себе, направено за Македонија? Ова се само воведни прашања за некој што претендира да е лидер на нација, особено на нација во криза, Горан Шумкоски напиша:
Поздрав брат Горазд. Прашањето е валидно и на место. Јас сум, да не звучи фалбаџиски ама штом мора да се одговори, еден од најдобрите светски (не македонски, не балкански, не европски) експерти за меѓународен развој (економски, општествен, социјален, итн).
Имам долгогодишна успешна кариера и водено комплексни проекти и реформи за добробитта на народите во 30-тина земји со претседатели, премиери, министри и за најголемите меѓународни организации кои сум се обидувал да ги променам на добро, барем во програмите кои јас ги водев.
Автор на научни трудови објавени во double blind peer reviewed академски публикации. Син на патриоти и внук на борец за Македонија кој за неа помина 5 години на голи оток, и татко на бројни македончиња.
Не можејќи да го трпам предавството, јас од јануари 2017 си го напуштив удобниот меѓународен живот и сум пред собрание (имам спиено во шаторчето ноќи), во организација на протести и отпор од секој вид, вклучително и сегашниот со иницијативата за Родина Македонија.
Сметам дека јас треба да дадам личен пример на саможртва за Македонија за да се охрабрат и другите интелектуалци не само да не молчат, туку и активно да се вклучат во одбраната на Македонија.
Само со таков пример ќе се помогне во кршењето на менталните блокови 30 години инсталирани во главата на Македонецот дека “се било решено таму некаде горе”. Ние, јас и вие, и други, доаѓаме од таму некаде горе и им ги отвораме очите на народот, дека ништо не е решено таму некаде горе како што ни кажуваат политичкиве слуги на глобалистите, туку дека ние се прашуваме и решаваме за нашата судбина.
Сметам дека е тоа наша должност и обврска и верувам дека сите вие кои сте цвет на нашата интелегенција, ум и способност ќе се вклучите активно во тој процес на ослободувањето на Македонецот, заедно со сите други слободолјубиви народи, како и Американскиот, Британскиот, Францускиот, Италијанскиот итн, и во овој историски момент да препознаете дека вие сте тие кои можат, требаат и мораат да ја спасат Македонија и нашиот народ. Оти други нема!
Поздрав.
Македонија Вечна!
Горан Шумкоски – Член на ИО РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Прочитај повеќе овде: (ВИДЕО) Предавање на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави, и, Слободолјубивите Народи во Борба Против Лажната Глобализација за Вечно Финансиско Ропство и Крај на Демократијата.
Прочитај повеќе за промовирањето на Македонската кауза по глобалните медиуми: US Policy to Encounter Another Strategic Defeat in Macedonia? – Горан Шумкоски, Меѓународен Експерт! (Преземено од Глобални Медиуми)
Горан Шумкоски на протестите:
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!