Од Репризава на Фашистичкиот Обид за Поделба, Македонија пак ќе Излезе Посилна и Суверена – Боби Ѓеорѓиевски ИО Родина!
Сподели на социјалните платформи:

Во колумната на Боби Ѓорѓиевски, член на ИО Родина Македонија се вели дека ја победивме насилно натурената безалтернативност на еу/нато пропагандата и македонскиот народ на претстојните парламентарни избори има опција да ги превземеме работите во свои народни македонски раце и да ја испрати во историјата актуелната ненародна, петоколонашка, т.н. политичка елита сдс-дпне и еднаш за секогаш да расчисти со антимакедонските елити инсталирани со децении на овие простори.

Колумната насловена ОД ДЕНЕШНАВА РЕПРИЗА НА ФАШИСТИЧКАТА ИДЕЈА ЗА ПОДЕЛБА, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛНА И СУВЕРЕНА! ја пренесуваме во продолжение во целост.

Една недела како една деценија, се разбира не квантитативно, но квалитативно многу наликува на деценијата во која се одвивала втората светска војна. Германци, Италијани и Американци од позиција на моќ и локални предавници кои „отлично говорат блгарски“. Македонците како и тогаш, така и денес, на прагот на уништувањето, духовно, економски и физички.
Т.н. „влада“ била фокусирана на „продолжување на остварување на националните интереси“, изјави нејзиниот технички премиер на средбата со американската амбасадорка. На чии национални интереси мислеше Спасовски останува да си толкуваме самите. Имајќи во предвид дека оваа влада не е избрана од македонскиот народ, а партијата од која доаѓа Спасовски се покажа како лидер во соработката со македонските душмани, сигурно мислел на американските, грчките, албанските, бугарските и чии се не национални интереси, само не на македонските.

Во истиот ден и лидерот на т.н. опозиција, Мицковски, се сретна со американската амбасадорка. Веројатно амбасадорката, исто како и македонскиот народ ги гледа и третира како едно исто, па во ист ден ги кани на средба. Мицковски ѝ се заблагодарил на амбасадорката за помошта која САД од осамостојувањето до денеска и ја дава на нашата држава. За каква помош се работи и колку е таа ефикасна за македонскиот народ, си знаеме ние обичните граѓани исто како и нашите сонародници под грчка окупација, каде што САД од тогаш па до денеска го имаа главниот збор, но и од каде што во дипломатската служба доаѓа дотичната амбасадорка. Благодарноста на Мицковски може да се разбере единствено во контекст на неговото однесување при средбата со Борисов, кога за себе и своите соработници се изјасни под чие влијание се и тоа на бугарски јазик. Ова однесување на Мицковски можеби и го објаснува официјалното отсуство на бугарската дипломатија оваа недела во старото добро друштво на Америка, Германија и Италија.

Министерот за внатрешни беше задолжен за италијанскиот дел од приказната, тој се сретна со италијанскиот амбасадор. Останува нејасно зошто и покрај ставот на неговиот лидер дека постојат многу нерешени корупциски скандали поврзани со сдс, тој како прв полицаец зема најпрво да ги апси своите членови со најголем партиски стаж. На времето и Ванчо Михајлов, исто со одлични релации со фашитсичка и повоена Италија, прво ги чистел своите неистомисленици од редовите на ВМРО. Чудни коинциденции.
И за крајот на приказната, се разбира заслужува да се најде средбата на најголемиот македонски предавник во поновата историја Заев, со европратеникот Шидер, сосема очекувано по потекло од германското говорно подрачје. На оваа средба Заев зборувал за исправање на некои историски грешки. Ако се земе во предвид ставот на ЕУ, а посебно на некои нејзини членки кон македонското прашање, но и активната негативна позиција на Заев изминативе неколку години, можеме да замислиме какви историски грешки се спрема да исправа.

Останува на македонскиот народ на претстојните парламентарни избори да ја испрати во историјата актуелната ненародна, петоколонашка, т.н. политичка елита сдс-дпне и еднаш за секогаш да расчисти со антимакедонските елити инсталирани со децении на овие простори. Шанса имаме и можност секако, останува само ја победиме во своите глави безалтернативноста на еу/нато пропагандата да одлучиме да го сториме тоа, да ги превземеме работите во свои народни македонски раце.

_________________________________________________

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

1 thought on “Од Репризава на Фашистичкиот Обид за Поделба, Македонија пак ќе Излезе Посилна и Суверена – Боби Ѓеорѓиевски ИО Родина!

  1. Се е добро,само неможе да се скоцка тезата:
    Учество на Избори со Пржинска влада-сдс+дпне+ дуи(заборавено)= 30.09.2018 + 27.04.2017 -неможе никаква математика да се срочи,нели ! + меѓународно право + кривичен закон за каракаша со документација=Република Македонија + избори прогласени од криминогена банда + што ли не ? !, и ќе направиме Македонска власт со коалиција со =сдс+дпне+дуи +Амди Бајрам + Лиле Поповска + Павле Трајанов + Павле Богоевски и шарени ,,брака,,+фри-шоп дама+ Хаг -победата од 2011 г.(каде невалидна одлука од 1995 со Грција -стана валидна за мегународната заедница и.т.н) . Претходната ,,математика ,, е смислена од ,,меѓународната,, заедница за да не се знае ни почетокот ,ни крајот, и тотално се растури веќе растурен правен систем во Република Македонија-да се размисли добро за оваа-!)Знаете ли вие учесници на избори во окупирана Македонија и избришан Македонски народ ,што ќе направите ,само легализирање на сите геноциди од 27.04.2017 ( и пред тоа …!), ќе се прогласат ,,демократски,, избори во Република ////////////(со посраната додавка ) Македонија и каракурница со невалидности во правото во Македонија односно продолжување на агонијата во тешка неизлечива депресија на Македонскиот народ . Знаете ли глобалисти-суверенисти се исти гниди од школата на евроатлантистите ,кои го угнетуваат светот со векови , а посебно Македонскиот народ и прават пренесување на вредности нивни од времето најмалку од 147 г. пред Христос ,за Македонскиот народ . Па мислите тие глобалисти-суверенисти , ќе донесат мир и цивилизација во Македонија . Па што ќе работат бре ,тие во такви услови ,ќе развиваат уметност и сл. ,па тие не се обучувани да живеат во таква чиста средина, нивниот животен простор е терор, геноцит ,тоа е за нив ,,кислород,, .Со учество на избори им нудите ,,кислород ,, на сите гниди во Македонија и црносветските гниди со тоа ќе се амнеститаат од злосторсвата над Македонскиот народ за сегашната ситуација и пред стотини години. Немојте да нудите на Македонецот -самоубиство -понудете ЗАЕДНИШТВО во ослободувањето ,без учество на невалидни избори по сите мегународни закони и пракси -за тоа да се пробудува Македонскиот народ , а не да се внесува во поголеми дилеми и нејаснотии . Знајте сите дека по кривичниот закон , со документацијата ( треба за тоа да се интересирате и ги проучите кривичните дејства за невалидните избори во окупација -!). Учеството на избори на сите за претседателот стока ,беше кривичнои дело(проучете го законот за кривични постапки или како се вика ,во оваа кашапопара од безаконие ,додатно и со невалидни избори-да се проучи зборот НЕВАЛИДНОСТ и се објасни на Македонскиот народ) и немојте и сега да заговарате кривични дејства со потикнување на Македонецот ,да учествува во самообесување ,за такви поттикнувања се одговара кривично ,проучете и запамтете го тоа ?!
    Насочете ја Вашата енергија ,знаење,и способност за ослободување на Република Македонија и Македонскиот народ ,со единсвени акции во овој момент-правен аспект -единсвено признаено право и пракса во ООН(во ООН не признаа ~140 држави , и неможе да се делува во Генерално собрание и Совет за безбедност-тоа да се проучи и расчисти , а избори е самоубиство-! изатоа се заговараат ,да ни се уништи можноста да делуваме во ООН-да се размисли добро за оваа!) . Други заговарања нека образложат тие што заговараат -нејаснотии,и погубни последици по Македонската држава,Македонското општество,Македонскиот народ-тоа со успех е можно само со Заедничка акција на сите родолубиви сили во Македонија и светот каде пости и живее македонскиот народ !
    Мора многу внимание , гнидите и тука и од црносветот ,го надминуваат Гебелс и вклучени се сите Гепек телевизии и серовизии !
    Избори може да има само организирано од чесниот родолубив Македонски народ-без сдс+дпне+дуи+пржино +бадинтер+преспа+нато/еу/стратешки ученувачи и слични олеснувачи и……! + поединачно погубно делување со несогледиви последици !
    Решението постои-за почеток -договарање и заеднички акции !
    ЗАЕДНО !ЗАЕДНО !ЗАЕДНО !
    Ристо Андоновски

Остави коментар