Американските Шерифи со Народот! Не Исполнуваме АнтиУставни Закони! А Македонските Скопени “Шерифи”?
Сподели на социјалните платформи:

 

За разлика од партизираните нечовечки зомби кои за неколку стотки евра “лепче” како платенички песови тепаа свој мирен Македонски народ во Јуни 2017 пред Собрание, Американските шерифи во Вирџинија покажаа дека само со народот се обезбедува тоа исто лепче на среден и долг рок. Ќе сфатат и сите наши продажни “лебари” кога ќе дојде време да се сведе црта кој како се однесувал за време на предавството!

60.000 подржувачи на Вториот амандман од Уставот на САД за носење на оружје за самоодбрана се собраа во главниот град на Вирџинија да застанат во солидарност против предложените противуставни закони за контрола на оружјето во оваа американска држава на неколку километри од главниот град на САД.

Илјадници приврзаници на Вториот амандман присуствуваа на протестот  во Ричмонд, Вирџинија во понеделникот, носејќи со себе оружје. На демонстрантите не им беше дозволено да го внесат оружјето преку оградите на плоштадот околу Капитол, поради 4-дневната вонредна состоба воведена од гувернерот, демократот, Ралф Нортам, за носење оружје околу зградите на власта, плашејќи се од гневот на вооружениот народ.

Но неговиот закон остана само парче хартија откако десетиците илјади демонстранти извикуваа. Ние Нема да се Разоружаме а шерифите на Вирџинија излегоа со подршка за демонстраните а некои носеа транспаренти дека: Го поддржуваме вториот амандман

Нортам во понеделникот забрани секакво оружје од плоштадот Капитол, наведувајќи „веродостојни и сериозни закани“, но не образложи.

Главниот шериф на Вирџинија, Ричард Воган, изјави дека неговата канцеларија нема да апси државјани кои се придржуваат кон законите за поседување оружје.

Всушност, либералните медиуми се надеваа дека митингот ќе еродира во масовно насилство. Повторно не беа во право. рече Шерифот Воган

Шерифот Воган го додаде ова на денешниот митинг:

„Дефинитивно не ја испочитувавме вонредната состојба. Поминав неколку часови во толпата во униформа со двајца мои колеги и некои мои избирачи. Се запознавме некои од најдобрите луѓе во земјата … Запознавме луѓе од Флорида, Пенсилванија, милитантни групи, итн. Сите таму беа вооружени. И тие проценија дека процениле 60 000 луѓе, но немало ниту едно лице ниту уапсено. И знаете дека гувернерот даде изјава денес дека спроведувањето на законот направи голема работа десакализирајќи ја толпата. И се согласувам дека спроведувањето на законот направи одлична работа, но немаше потребно десакалирање.”

Митингот беше мирен, а извори од полицијата изјавија дека околу 25.000 луѓе присуствувале на митингот во понеделникот иако медиумите јавуваат за бројка од до 60.000. Прочитај повеќе овде: Граѓанска Војна 2.0? Вонредна Состојба во Државата Вирџиниа Пред Собирот на Американски Патриоти!

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар