Постои Опасност Цел Свет да Стане Бојно Поле по Ескалацијата на САД со Иран – Ричард Хаас!
Сподели на социјалните платформи:

 

Ричард Хаас, претседателот на една од темелните институции за креирање на надворешната воено-хушкачка политика на САД, Советот за Надворешни Односи (Council of Foreign Relations), вели дека „светот ќе биде бојно поле“ по драматична ескалација на тензиите меѓу САД и Иран.

Стравувањата од поширока војна се зголемуваат откако иранскиот генерал на Кудс силите, Касем Сулејмани, кој заедно со Русите и Асад беше еден од главните фактори во поразот на терористичката креација на САД, главосечачите вахабисти на ИСИС во Сирија, беше убиен за време на неодамнешниот воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад.

Хаас предупреди дека оние што мислеа дека секоја војна со Иран ќе изгледа слично на претходните воени кампањи, се неверојатно наивни.

Не правете грешка: секоја војна со Иран нема да личи на војната во Заливот во 1990 година или во војните во Ирак во 2003 година. Војни ќе се водат низ целиот поширок регион со широк спектар на оружја против широк спектар на цивилни, економски и воени цели. Регионот и најверојатно и светот ќе биде бојното поле“, твита Хаас.

Тој продолжува со тврдењето дека развојот на настаните ќе доведе до ирачките власти да извршат голем притисок врз САД да го напуштат Ирак и дека САД и ќе се повлече.

Еден сигурен резултат од воениот напад на САД е дека ерата на соработката меѓу САД и Ирак е завршена. Военото и дипломатското присуство на САД ќе заврши бидејќи Ирак бара од нас да заминеме и нашето понатамошно присуство ќе не направии цел. Резултатот ќе биде поголемо иранско влијание“ рече Хаас.

Во меѓувреме, извор опишан како во „близок контакт“ со високи официјални претставници на безбедноста во администрацијата Трамп, рече дека Иран би можел да одговори на убиството на Сулејмани со лансирање на масовен интернет-напад. Сајбер-нападот во САД е „најверојатниот начин Иран да се одмазди на САД “, според Аксиос.

А аналитичарот Мајкл Евери вели „Трета светска војна е во тренд на социјалните мрежи „ Што, сеуште нема трета светска војна? – се прашувате. Да, постојат реални ризици од навистина уништувачко геополитичко сценарио и тие можеби се веројатно ПОГОЛЕМИ по убиството на Сулејмани. Иран користеше го прошири своето регионално влијание, цело време знаејќи дека САД не беа подготвени да одговорат со Третата војна во Заливот како одговор, затоа што едноставно не можат да си дозволат други војни и на повеќе фронтови. Со убиството на Сулејмани, коментаторите се во право: САД преминаа со црвена линија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар