РОДИНА -МАКЕДОНИЈА во реакцијата за фалсификуваниот лажен грчки трговски фашистички бренд и обид за кражба на нашето исконско Македонско име на што ни Хунтата ни ДПНЕ не реагираат, порачува дека дивото користење на земја врз која немате тапии и на која сте извршиле етнички чистења ќе биде предмет на меѓународен судски процес и репарации. РОДИНА ќе ја Направи Македонија Навистина Голема, Но Со Својот Оригинален Печат и Потекло – Не со Геноциден Фејк!
Македонија е „голема и грчка“, такви пораки денеска ни пристигаат од лулката на „европската“ „цивилизација“ Грција, членка на ЕУ и НАТО, земја во која „не постојат“ малцинства, малцински права, ниту Македонци.
Мегали Грција беше и сеуште е проект на западните монархии. Проектот го пратеше етничко чистење и промена на етничката карта на Егејска Македонија. Тортури, силувања, запалени села, цркви, забрана за името Македонија, Македонско, Македонци, забрана за употреба на македонскиот јазик, вистински пекол за Македонците, од кој бегаа во бранови према соседните и прекуокеанските земји.
Паралелно со етничкото чистење, со договорот од Лозанo 1923 година 1,2 милиони христијанско мешано население од Мала Азија беше донесено во Егејска Македонија, познати помеѓу нашиот народ како Маџири, за промена на етничката карта на Македонија.
1948 англиските, француските и американски авиони ги фрлија првите напалм бомби врз македонските села и градови, последниот бран на етничко чистење на Македонците.
Тортурите и после 1948 продолжија со бришење на се што е македонско, со забрана за користење на името Македонија, со физичко малтретирање на Македонците кои останаа да живеат во Егејска Македонија.
Се до крајот на 20 век во Грција беше забрането името Македонија и Македонци.
Преку ноќ Грција одлучи Македонија да биде Голема, ама Грчка и тоа како трговски бренд.
Македонија е голема поради делата на нејзините големи синови од антиката Филип и Александар кои се цветот на илјадугодишната македонска држава, Јустинијан (Вистиниан Управда) и неговиот законик кој е пишуван во вистината, делата и мисиите на Светите Кирил и Методиј, првиот Свети Климентов Универзитет со 3000 слависти 200 години пред универзитетот во Болоња, Самоил, првата апостолкса црква на Балканот, Богомилите, фолклорот, песните, ората, културата која нема друго име освен Македонска и не е трговски туку етнички бренд.
Да се направи од оваква Македонија трговски бренд, секако дека тоа го можат само Грците и западните европејци.
Родина сака да прати порака, кога веќе тргувате.
Дивото користење на земја врз која немате тапии и на која сте извршиле етнички чистења ќе биде предмет на меѓународен судски процес и репарации.
Родина ќе го покрене тој процес и ќе ја направи Македонија навистина Голема, но со својот оригинален печат и потекло.
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/