Русија се мајтапи со пудлицата Макрон – на кого газдите Ротшилдови веќе му шепнале наувце кој ќе биде резултатот од големата геостратешка борба меѓу суверенистите и глобалофашистите – па се брза јадниот да ја постави и Франција во суверенистичка Евроазија – единствената опција на Македонскиот и сите слободолјубиви Европски народи!
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по повод изјавата на Макрон за смртта на НАТО коментираше: „Не би сакал да се вклучувам в дискусија за медицинската страна на ова прашање“ им рече тој на новинарите додека присуствуваше на настанот за контрола на оружјето во Москва во петокот.
Лавров додаде: „Но, ако Макрон чувствува дека дијагнозата што тој ја направи за НАТО е толку очигледна – тогаш тој има право тоа да го каже. Тој го знае НАТО подобро од мене, бидејќи претставува нација која е членка на алијансата“.
„Но ако НАТО излезе од комата, прво што ќе види ќе бидеме ние“, заклучи Лавров.
Тролирајќи дека можеби не е умрен туку само во кома, Русија реагира на Интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон, сега вирално, за британскиот неделен магазин „Економист“ објавено во четвртокот. Во него тој го опиша НАТО дека страда од „мозочна смрт“, во услови на непостоење на комуникација и координација меѓу сојузниците, анти-НАТО ставот на Трамп, и особено со оглед на тоа што втората најголема воена сила (Турција) на Алијансата е изолирана и пред заминување. Макрон дури и ја доведе во прашање гаранцијата за колективна одбрана на членот пет, кога беше запрашан за дали оваа гаранција е се уште валидна то одговори, “Не знам“ .
И портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ја искористи можноста да биде малку злорадосен кога им кажа на новинарите во петокот :
„Без разлика дали НАТО е жив или мртов, и кои делови од телото на овој сојуз се во кома, не е на нас да одлучиме. Не сме патолози“.
„Затоа, никогаш не сме биле склони да ја преувеличуваме улогата на овој сојуз во обезбедувањето глобална и европска безбедност и стабилност, затоа што тоа е инструмент за конфронтација, па дури и агресија“, додаде Песков.
„Францускиот претседател најде прилично драстични зборови за да ги изрази своите ставови. Ова не е како ја гледам состојбата во која се наоѓа НАТО“ рече Меркел заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на брифингот за печатот во Берлин во врска со изјавата за стратешката „смрт“ на НАТО.
„Точна дефиниција за моменталната состојба на НАТО“ , напиша Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија, на нејзината Фејсбук страница.
Бил Блејн од Шард Капитал даде свои размислувања за внатре-НАТОвските предсмртни грчеви:
Макрон јасно смета дека ратресената од криза Германија е зрела за замена и дека Франција треба да ба да се подготвува да го преземе лидерството во Европа. Тој го нападна недостатокот на поддршка што Трамп му ја дава на НАТО, предупредувајќи дека Американците и „свртија грб на ЕУ“ и дека НАТО „може да работи само доколку гарантот на безбедноста функционира како таков“. Јасно е дека Макрон ја поставува Франција, во отсуство на САД и наскоро Велика Британија, како нов воен лидер на Европа во идните ЕвроАзиски интеграции. Наскоро Франција ќе биде единствената нуклеарна моќ во ЕУ. Што никогаш не постигнал Наполеон, можеби пијачот на Фрапе ќе постигне, се шегува Блејн.
Инаку Франција се повлече од НАТО во 1950-тите и 60-тите кога Де Гол се налути затоа што АнглоСаксонците не и даваа еднакво место на главната маса на Франција. Во 1966 година Де Гол ги избрка сите трупи на НАТО од Франција, и Франција остана надвор се до релативно неодамна, до 2009 година.
Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!