Значи така се бори за својот народ и неговите национални интереси и само таква борба давала реултати а попуштањето НЕ! Предавничката Хунта на УЧК/СДС ќе прифатеше било каков предлог од Грција и ЕУ за името како и што го стори, а ДПНЕ веднаш ќе го прифатеше како и што стори дека сега наеднаш некако необјасниво, со магија, “Преспанскиот бил веќе реалност” и да си седиме мадро. Доста и е на Македонија веќе и од двете некадарни килави купени корумпирани партиски елити!
Договорот кој Борис Џонсон и го изби на грогираната ЕУ е опишан како „неверојатно добар“ за Брексит. Но се уште постои спротивставување кај некои Ториевски партнери во Вестминстер парламентот како и кај лидерот на Брексит партијата, Најџел Фараж. Исто така во тек е уставниот предизвик за договорот.
Претседателот на Европската комисија и ЕУ постигнаа договор. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се спротивставува на продолжувањето на датата за Брексит од 31ви Октомври. Тоа не е негова желба и волја но нем каде да оди бидејќи без договор Брексит ќе има поголема штета за ЕУ отколку за Британија.
Во видеото, Јункер вели дека е среќен за договорот, но е тажен што ја гледа Велика Британија како си оди a изнервиран од поразот се врекаше на новинарите:
Оние кои велат дека овој договор е оној на Меј само подгреан, едноставно не се во право, вели аналитичарот Андреа Џенкинс, додавајќи: “Договорот со Борис звучи подобро од се претходно. Крај на слободното движење, крај на супериорноста на Европскиот Парламент врз законите на за Велика Британија, и може да склучува договори за слободна трговија со кого што сака. Сакам да ги прочитам деталите но засега браво за Борис за правење на она што другите го мислеа невозможно.”
Дури и левичарскиот глобалистички Италијански политичар Кампономи признава дека сите земји од ЕУ знаеја дека целта на ЕУ секогаш, од самиот почеток беше, Британците да бидат казнети и понижени за да ги одвратат другите земји од напуштање.
Сите високи морални теми зборуваат за време на преговорите, на пр. за правата на граѓаните на ЕУ итн., секогаш беа од второстепено значење. Главната загриженост што ја имаше ЕУ беше кога тие неодамна сфатија дека Британија навистина ќе си замине. Заклучокот е дека ЕУ одеднаш сфатила дека ќе мора да ги отворат дискусиите за договорот за повлекување одново со Борис Џонсон или за тврд Брексит без договор нешшто што ќе значи економската катастрофа што би ја погодила паднала, особено Франција, Холандија, Германија и Италија ако Велика Британија замине без договор.
Исто така, Кампономи рече дека ЕУ се плашела дека претстојните генерални избори ќе резултираат со многу поголемо мнозинство за Борис Џонсон, со што ќе ги зголемат шансите за заминување без договор – така, политичката експедитивност ги натера умовите на ЕУ да мислат по ваква линија, изгубивме, па да и дадемеи на Велика Британија најдобар договор што всушност би можела да го прифати.
Од друга страна Тори партнерите од Демократско Унионистичката Партија се за излез без велат во ДУП, додека и првите реакција на Најџел Фараж за догворот беа негативни.