Корумпираните ги Чипчат Милионите в Џеб! А Народот од Бедниот Семеен Буџет од Срце за Уставобранителите!
Сподели на социјалните платформи:

На Референдумскиот марш на 30ти Септември кој ги постави ТРИТЕ НЕ како обврска на секоја идна Македонска Власт, од насобраните сиромашни Македонци, кој 30 денари, кој 50, кој 100, бедните луѓе собраа и од срце отделија од устите на семејствата и од своите плитки џебови за нашите уставобранители, и собраната сума од околу 30,000 денари им е веќе предадена. Веднаш по затворањето на кутијата јавно на плоштад групно од преставници на повеќе организации се пребројаја средствата и беше направена фотографија на лице место за да нема простор за манипулација.

Како што рече една учесничка на маршот “сите што бевте на маршот ве видов какви патриоти и родолјубиви Македонци сте. Не имаше и од други градови, Куманово, Тетово итн, многу со последните пари од тој месец, ама беше убаво што си го кажавме она што ни лежи на душата и добивме полно нови пријателства.”

Од нас браќа уставобранители, засега толку, малку но од срце, и ќе продолжиме да ве подржуваме и на вакви протести и секој од нас лично од џеб. Да ги усрамиме корумпираните со милионите украдени наши пари в џеб но и змивче кое не им дава да се брцнат во него. Се надеваме дека и оние кои можат многу повеќе, корумпираните милионери од скопената квазиопозиција ДПНЕ – кои ве пуштија низ вода иако и вие како и ние заслепено ги сметавме за бранители на Македонштината а тие да ти биле бранители на својот џеб, задник и фотелја – ќе се освестат и ќе се брцнат во својот длабок џеб.

Ние само можеме да ветиме дека нашите уставобранители се патриоти ќе ги ослободиме и направиме херои кога ќе ја урнеме глобалофашистичката Хунта и земеме власта и ќе си ја возобновиме татковината Македонија.


СООПШТЕНИЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИОТ МАРШ

На просведот на 30ти Септември по повод годишнината од успешното бојкотирање на незаконскиот референдум за преименување меѓу другото беше извршено собирање на парична помош за затворените родољуби во окупирана Македонија. Беше собрана сума од 27500 денари 30 евра и 20 долари. Пребројувањето беше извршено пред сите и вкупната сума беше веднаш објавена. После претворањето во денари вкупната сума изнесува 30560 денари.

Распределбата е извршена според следните начела:

– Бидејќи се работи за ОПШТ фонд не навлегуваме во материјалните потреби на затворените;
– Ако некаде нешто е посебно потребно тогаш ќе се нагласи дека се работи за наменско собирање за одредено лице или потреба;
– Распределбата е рамноправна во износ од по 100 евра и се оди по список;
– Доколку по списокот кај последниот примател остатокот е помал од 100 евра наредното собирање и предавање се дополнува за да дојде до 100 евра и се продолжува со следниот по списокот;
– Бидејќи самата акција беше поттикната со дел од затворените беше договорено за да не се иситнува првично да им се додели на браќата кои имаат семејства.
– Понатаму редоследот на списокот ќе оди според времето на првото приведување.

Како што беше кажано на 30ти Септември понатаму во секоја прилика ќе продолжиме со собирање на средства.
За разлика од она кое досега го правеа политичарите како и “македонската” држава ние македонските родољуби со помош на македонскиот народ ќе се грижиме за своите борци.

На уставобранителите им се дадени трансакциските потврди за испратените делови од собраниот прилог.

Жалиме што во овој момент не можиме да сториме повеќе за браќата и нивните семества, се вели во соопштението на организаторите на Референдумскиот марш, н ќе продолжиме да собираме и помагаме на уставобранителите в секоја идна прилика и организирано и лично секој од нас.

И да не заборавиме, додека не се кренеме сите патриоти околу чиста и победничка визија за возобновување на државноста на Македонија и против Хунтата и против тивките скопени одработувачи на истата предавничка анти-Македонска агенда, сите ние скапуваме и робуваме во затворот на отворено наречен Северџанија.

Остави коментар