“И рекло стеблото на секирата:’Не ќе ме собореше ти мене, доколку рачката не беше моја.”[1]
Не ќе ни го прекршеа правото на самоопределување, кое е норма ius cogens, доколку рачката од секирата не беа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Западот го освои светот не со вредности, туку со надмоќност во примена на организирано насилство. Западот често го заборава овој факт, но другите никогаш.[2]
Ова е заклучок на професор на Харвард и советник на поранешниот претседател на Америка, Џими Картер.
“Политичарите во незападните општества, не ги добиваат изборите покажувајќи колку се прозападни. Наместо тоа, изборната конкуренција ги поттикнува да го вообличат она што веруваат дека ќе бидат најпопуларни апели, а тие, според карактерот, вообичаено се етнички, националистички и религиски.”[3]
Поимот национализам во Македонија се употребува само во пежоративна смисла.
Вистината е поинаква. Поимот национализам е тесно поврзан со поимот национална држава. Се изучува на катедрата по меѓународно право. Во оксфордскиот учебник по Меѓународни односи има посебно поглавје.[4]
Според професорот од Харвард, рецепт за победа на избори се; етничкото, националистичкото и религиското.
Така било секогаш.
Кога Александар I Македонски[5] ги убедувал Атињаните да и се покорат на Персија, а Лакедемонците да не го прават тоа, Атињаните, прво му се заканиле на Александар I Македонски да не се појавува пред нив со такви предлози, па им одговориле на Лакедемонците: “Тоа што Лакедемонците се плашат дека ние би можеле да се договориме со Варварите е сосема природно. Но сепак, би морало да ви биде срам заради тој страв, кога добро знаете, дека ние за сето злато на овој свет, па и за најдобрата и најплодната земја која би можел некој да ни ја даде, не би им ги понудиле на Персијците рацете за подјармување на Елада! Зошто и кога би сакале, многу важни причини ни бранат да сториме нешто такво: најнапред и пред се запалените светилишта и разбиените кипови на боговите, за што мораме темелито да се одмаздиме, пред да се помириме со непријателот кој што го има тоа на совест; понатака и ние сме Грци со еднаква крв и еднаков јазик и имаме еднакви светилишта и кипови божји, еднакво богослужење и исти обичаи; затоа би било срамота, кога Атињаните би ги издале тие светињи (потенцирал М.П.).”[6]
“Може крвта да биде и ретка, ама секогаш е погуста од вода (Руска).”[7]
Заедничка крв имаат Македонците и Македонците муслимани. Тие имаат и заеднички јазик. Македонците и Македонците муслимани е најприродно да се членови и симпатизери на националистичка Партија на Македонскиот народ.
Крвта и јазикот се постари од религијата. А Македонците муслимани и религиски за најблиски ги имаат христијаните: “Навистина ќе видиш, исто така, дека на верниците најблиски пријатели им се тие кои говорат: ‘Ние сме христијани,’ бидејќи меѓу нив има духовници и монаси, а исто така и не се надуени.”[8] Имаме заеднички предок, Александар Македонски, кого муслиманите го почитуваат и бараат помош од него.[9] Го почитуваат Мојсие[10] и знаат за неговите чуда. Веруваат дека Бог на христијаните и Бог на муслиманите е еден ист Бог.[11] Ги почитуваат Ное, Абрахам, Исус и Марија.[12]
Во Македонија, ВМРО ДПМНЕ ни се претставуваше за националистичка партија, а се покажа дека била депанданс на УДБА. Тоа го докажав во последните неколку колумни.
Значи, на Македонија и треба нова националистичка Партија на Македонскиот народ, која што ќе го употреби мојот докторат и правното средство во него, врз основа на правото на самоопредлување, кое што е норма ius cogens.
Депандансот на УДБА (ВМРО ДПМНЕ) уште во 2009, кога во медиумите се појави моето правно средство, ме игнорираше. На шефот на Депандансот на УДБА д-р Груевски му ја испратив магистерската со решение на најголемиот проблем, тој ја нарече петиција. На магистерските студии соросоидните инсталации на Депандансот на УДБА не ми даваа дест по меѓународно право и ми се закануваа. Проблемот беше во есејот кој беше решение за најголемиот проблем. Ги издржав сите закани и добив десет. Инсталациите на Депандансот на УДБА ме чекаа во комисијата за магистрирање. Иако со просек десет, не ми дозволуваа да магистрирам. Ниеден факултет во Македонија не сакаше да ме прими за да магистрирам. Вложив правни средства, побарав претседател на комисијата да биде најголемиот стручњак во Македонија за Меѓународно право и магистрирав.
Отидов на тригодишни докторски во Љубљана.
Прв од генерацијата и досега единствен докторирав на Словенечки јазик и докторатот беше напишан на словенечки.
Прв и досега единствен што докторирал право според Болоња во Словенија од Македонија на словенечки.
Амбасадорот во Словенија беше на Депандансот на УДБА.
Не се појави на одбраната на докторатот. Ни возачот не го прати.
При одбраната на магистерската на еден египетски државјанин на англиски на Туристички факултет во Цеље, присуствуваше амбасадорката на Египет.
Докторирањето беше во 2016 и на власт беше Депандансот на УДБА.
Никој не ме повика по докторирањето.
Во 2017 и 2018 објавив два фељтони од докторатот (530 страници) во весник.
На сите им стана јасно, дека преку мене Македонија може да го реши својот најголем проблем. Типови како Салиери, сакаа да го искористат тоа. Весникот ми понуди да објавел книга со мои колумни, но и други автори, за името. Кои се тие други автори? Тоа е како некој да ве понуди со кафе и да ви рече; донеси шеќер и кафе, а јас ќе донесам ѓезве и вода и ќе пиеме кафе.
Се разбира дека одбив.
Весникот ме избриша во целост. Од 2009 до 2018.
Во 2018 на еден портал се појавија написи крадени од моите фељтони и колумни.
Крадени од членови и симпатизери на Депандансот на УДБА.
Во 2017 ме повика последниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Побара и писмено кратко презентирање на моето решение и го доби.
После неколку месеци побарав средба на која се скаравме. Тој навреди мој пријател. Мојот пријател призна дека погрешил. Му призна и на Претседателот д-р Иванов.
Сепак, јас немав намера да ги обновам контактите.
Претседателот д-р Иванов во 2018 ме повика. Ова го сметам за доблест. Не бил суетен. Иако тој беше во право за мојот пријател. Повеќе му беше важна судбината на Македонскиот народ, отколку мојата лојалност кон мојот виновен пријател.
Станав негов научен советник.
Советите ги разбираше лесно. Немав дури проблем ни со пресудата која ја нареков “Судско убиство” и напишав колумна со тој наслов.
Советувањето го преточи во неговиот историски говор на Генералното собрание на ОН на 27.09.2018.година. Тој влезе во македонската историја. Тој е прв и единствен македонски државник, кој побара заштита на правото на самоопределување, како норма ius cogens. Им ја кажа и дефиницијата на правото на самоопределување.
После тоа, веднаш се построија зад него со правото на самоопределување; прво д-р Никола Груевски, кандидатката за претседател на Депандансот на УДБА, д-р Гордана Силјановска Давкова, м-р Антонијо Милошевски, а подоцна цело ВМРО ДПМНЕ, а според мене Депанданс на УДБА.
Во 2018 добив покана за средба од важна личност на ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА). Средбата ја прифатив и барем јас така разбрав; тоа беше покана за соработка (никогаш не сум бил член на ниедна партија).
По средбата имаше кратка комуникација, во која соопштив дека услов да се примени моето правно средство (докторатот) е да се отстранат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Моето правно средство да го употреби нова националистичка Партија на Македонскиот народ, со голема македонска волја.
Се разбира, комуникацијата престана. Им предложив да се самоубијат.
Сега цело ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА) е за правото на самоопредлување како норма ius cogens, односно за моето правно средство од докторатот.
Пред дваесетина години, еден мој пријател Македонец муслиман, во пријателски разговор со повеќе нему блиски и мене блиски луѓе ја изговори оваа реченица: “Касно е Бакаре за србење.”
Јас побарав да ми појасни. Неговото појаснување отприлика одеше вака. Кога дошле Србите, некој Македонец муслиман по име Бакар кој во турското го примил исламот, се колебал дали да се посрби. Колебањето траело долго, но еден ден се одлучил и отишол кај српските власти за да се посрби. Кога му кажал на претставникот на српската власт, претставникот на српската власт му рекол: “Касно е Бакаре за србење”.
—————————————–
[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Naklada zavod Globus, 1995, stranica 329.
[2] ХАНТИНГТОН, Семјуел П. , Сукоб цивилизација и преобликовање свјетског поретка-Подгорица : ЦИД; РОМАНОВ Бања Лука, 2000, страница 55.
[3] Превел М.П. , ибидем, страница 103.
[4] GLOBALIZACIJA svetovne politike. Zv.2, Mednarodni problemi/[uredili John Baylis, Steve Smith, Patricia Owens;-1.natis.-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2008, stran 264-286.
[5] И тој во одлучен момент им дава информација на Атињаните што ја одлучува војната, што значи преминал на страната на Атињаните. Тие му биле поблиски според обичаи, етнички и религиски.
[6] Превел М.П. , HERODOTUS, Zgodbe-Ponatis 2.izd.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2006, stran 638.
[7] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 329.
[8] Превел М.П. , KORAN, -Tržič : Učila international, 2004, stran 88.
[9] Ибидем, страница 224-226.
[10] Ибидем, страница 281,
[11] Ибидем, страница 307.
[12] Ибидем, страница 321.
Нема многу да објаснувам затоа што сметам дека нема полза и онака е наместена игра!
Само ќе ги посочам оние работи во текстот кои се погрешни, гледано од мој аспект.
1. Марјан многу инсистира на себе-реклама, па дури за решението вели дека било “негово“ решение, оваа веќе е несриозно!
2. Има сосема погрешна концепција, тој би спротивставил видоизменета тиранија како средство за борба против постоечка тиранија, сосема погрешен концепт! Единствено средство против тиранија е СЛОБОДА само со слобода може да се ослободиш и победиш тиранија (правото не секогаш гледа угоре и удолу, за мој вкус е многу …) … значи на Македонскиот народ му треба слобода а не друга партија!
Сакам да речам дека ако само ги смените СДССС и ДПСНЕ а при тоа системот кој ги генерирал го оставите ништо нема да постигнете, по извесно време системот и новите субјекти ќе ги моделира како и претходните, значи само губите време за да си направите фризура и да се шминкате а гнасотијата испод и понатаму шири реа!
3. На тнр. западен концепт Марјан спротивставува концепт кој е исто така производ на тој запад а служи само за да креира илузија дека нешто се случува… не Марјане треба да се спротивстави друг источен или друг … се разбира најдобро би било да се спротивстави автохтон Македонски концепт кој почива врз Космополитизмот, ама тоа не се учи во западните и источните кујни туку во Македонија и меѓу Македонците!
4. Докторирал на слевенечки јазик, убаво честитам ама тоа и нема некој особен придонес за македонскиот јазик туку за словенечкиот, … не знам од каде потребата тоа да се нагласува, зарем не мислиш дека ако твојот докторат е на македонски јазик ќе биде афирмација на македонскиот јазик…….!
5. Македонците со исламска вероисповест се КОНВЕРТИТИ, зошто и денес по толку години да губиме време на стари кога веќе имаме проблеми и со други новокомпонирани КОНВЕРТИТИ сега веќе и национални и секакви, конвертитстовото стана тренд кај Македонците, … сега имаме северџани, нов ГМО-вид на конвертитство, (за оние со балгарске пасоше да не збориме) и ако правите анализа со оние верските ќе видите многу сличности, едните продале вера за торба… овие денес продадоа Македонска држава за 500 виртуелни евра, се се тоа се копитари кои не заслужуваат време и внимание!
…
На Македонците им треба Македонизам како концепција за 21 век, им треба слобода и лидерство на Македонисти, ама тоа е само мое мислење, вие-некои се платени да креираат поинакви перцепции па затоа се има илузија и гледаме каде сме, а се гледа и каде одиме!
### THE RISE OF THE CONSERVATISM ######################### As we know the Western Dominance is on the fast wane, because Liberalism, Left-Wing,Center,Democracy or even Right-Wing, …etc has NOTHING TO OFFER, AND THE Nationalism and their Nationalist Revolution is in RISE throughout the world. So, UK, Hungary, Poland, France, Italy…etc…even India… are undergoing a major political shift. Election in the world largest directorial block –the 28-nation EU and an India of 1,3 billion people — showed that the high-tide of Nationalism continues to RISE and SPREAD across EU and Asia.! No one believes in Western Democracy , NO LONGER.The US-Empire is crumbling as the world has had enough of the us, as it punished those who refuse to BOW and to OBEY.! West preaches RULES, HUMAN RIGHTS, and LIBERALISM but FAILS TO PRACTICE THEM. The American people until never understand, and until too late that what their government and the media tell them …”IS PURE FICTION” …,that the US is “FAR FROM BRINGING FREEDOM AND DEMOCRACY TO THE WORLD ” IS IN FACT”.! The US broke every LOWS and DEMOCRATIC PRINCIPALS in the BOOK, including “UN”, “WTO”, “HUMAN RIGHT VIOLATION”, “TRADE & SANCTION”, and then proclaim they were VICTIMS of Russia and Chain, ***This’s ABSURDLY to be the TRUTH ,or they want to make fool of the rest of the world. The US-people says that the DEMOCRATIC PARTY become ***PARODIES*** OF THEMSELVES and DEMOCRATS following the RADICAL PROGRESSIVES **BLINDLY**,and they will have a referendum against the radical progressives taking over the Democratic Party. ! Just now, US-people forming the AMERICAN CONSERVATIVE MOVEMENT ! If you realize the DEMOCRATIC WILL OF THE PEOPLE and unless you are one of them, you have been “DUPED”, and that’s not acceptable for the “GLOBALIST-NWO” (New World Order),and what is more important all these political activities are is ignored by the “Mainstream Media” ! #### For example ;In late September, the speech of the Mrs. Lavrov held at UNGA (United Nation General Assembly) was ignored by the American Mainstream Media, and wasn’t reported in NYT (New Yourk Times) and WaPo (Washington Post). Is US dismissing Lovrov speech because he’s unimportant or are some people **PUTTING THEIR HEAD IN THE SAND”? And another typical example is my country “REPUBLIC OF MACEDONIA” Were the Globalist-NWO EU and US have *** INSTALED REGIME*** and decided who should be the government in my country, at that ***DON’T OBEY THE DEMOCRATIC WILL OF THE MACEDONIAN PEOPLE*** ( 1)- NOT TO PRESPA AGREEMENT (SALOON AGREEMENT) ; /// 2)- NO TO “EU” ; /// 3)- NO TO “NATO” ) , besides THE REPUBLIC OF MACEDONIA SHOWS THE WORLD ***SOCIAL PROGRESS and PEOPLE RIGHTS . ! Such a political activity in the 21-St. century in the international relations CAN NOT BE BUILD ON ***ULTIMATUMS”.! The Western world could have chosen a better, path, other than FALSE FLAG, DELUSIONAL NARRATIVES and TERRORISM. It will get much worse in the US as people finally begin to “WAKE UP FROM THE AMERICAN DREAM AND LIVE A NIGHTMARE DUE TO TRUSTING THEIR GOVERNMENT AND ***THEIR LIES***.! ##### After all said, it’s not by no means, SURPRISING ,Why the “LIBERALISM FADING AWAY”, and “CONSERVATISM (Nationalism) ASCENDANT ! Well, THE FORMER (Liberalism) is an idea, that appeals to the intellect, while THE LATTER (CONSERVATISM), rooted in love of family, faith, tribe and nation, is of the heart. As a contribution to my idea for the “CONSERVATISM” as real political platform for the future living not only for 21-St Century is the FACT THAT I FIND IT QUITE IMPRESSIVE TO SEE, JUST HOW ALL WHITE NATIONS ARE NOW AGREEING ON HOW “DIVERSITY” IS THE WAY OF THE FUTURE ON OUR PLANET . ******* “LONG LIVE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA and hers MACEDONIAN CONSERVATIVE PARTY”.*******
Каква Партија му Треба на Македонскиот Народ за да ја Победиме и Грција и Цел Запад – Марјан Попески!
Што сега?
Уставниот суд или Уставотворно собрание да ги забрани СДСМ, ВМРО, ДУИ и други партии потписнички на вонуставни договори Рамковен, Пржински, Преспански и да ги укине сите измени на уставите во врска со нив, па на Избори.