Повик за Обединување на Македонскиот Народ и Неговите Представници Околу Заедничка Победничка Визија!
Сподели на социјалните платформи:

Единствената победничка платформа и визија заснована на новиот свет кој се формира – Вистинскиот Македонски Пат – припаѓа на целиот Македонски Народ и на сите негови партии и ќе ги отсее корумпираните елити и нивните квазипатиротски инсталации на кои пропаднатиов неолиберален систем кој ни ја ништи државата и нацијата им е горе-долу убав и би го продале нашиот патриотски глас за да му се придружат и седнат на државна цицка со едно бедно собраниско столче. Борбата за душата и иднината на човештвото е меѓу победничкиот растечки суверенизам и подржувачи на пропаднатиот неолиберал глобализам со цел вечно национално и економско ропство на народите и поединците порачува во повикот Родина Македонија!

ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СИТЕ НЕГОВИ ПАТРИОТСКИ ПРЕДСТАВНИЦИ, ПАРТИИ, ДВИЖЕЊА, ОРГАНИЗАЦИИ, ПОЕДИНЦИ – ЗА ИДЕОЛОШКО ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНСКА ПОБЕДНИЧКА ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА – ВИСТИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ

Обединувајќи го потенцијалот на Родољубивите Македонците од надвор и татковината, обединети во идеалот за независна, суверена и просперитетна Македонија, ја подигнавме програмата Вистински Македонски Пат, која е единствена можна и победничка програма за новото надоаѓачко време на суверени нации и држави ослободени од рекетарскиот јарем на неолибералниот фашизам.

Го кренавме Родољубивиот систем Родина, каде секој Македонец во љубов, знаење и способност може да го заземе своето место. Без должничко доверителски односи, без обврски кон никого, освен кон сопствениот народ и земја, да му се Служи со најдоброто од нас.

Свесни за предизвиците и со единствена мисла за семакедонско национално движење, но овој пат со јасна цел и конкретна визија, детална програма и план за нејзино спроведување, Родина не ја смета платформата Вистинскиот Македонски Пат само за своја туку на целиот Македонскиот Народ и секој субјект кој него го представува во борбата за возобнвување на Македонската Државност и со секого кој верува во подобра иднина, да биде наша заедничка семакедонска програма за излез од децениската и вековна криза, криза на идентитетот вешто менаџирана од моќни западни и домашни квинслиншки центри, кои предолго ја пустошат македонската земја.

Затоа, ги повикуваме во РАМНОПРАВНО УЧЕСТВО во Коалицијата Вистински Македонски Пат сите:

Родољубиви македонски политички партии
Патриотски организации
Движења
Граѓански иницијативи
Докажани експерти
Индивидуалци, слободни луѓе
Културни, спортски, младински здруженија
КРИТЕРИУМИТЕ за Коалицијата Вистински Македонски Пат се исклучиво вредносни, да го кренеме квалитетот, способноста, успешните да бидат први во служењето на својот народ, а и да не ни се повторат грешките од минатото:

Организации кои се водени од некомпромитирани и неекспонирани Македонци, нескршливи, неподмитливи, непоткупливи, самостојни, и единствено приврзани на Македонија и никого друг, ценети во македонското општество и подложни на постојани избори во вистински демократски амбиент во самата организација:

Организации кои во своите програми имаат алтернативен пат за Р.Македонија, надвор од колективните системи НАТО и ЕУ, кои се покажаа како главен извор на понижување и рушење на Р,Македонија и Македонците.
Организации кои работат за македонските национални интереси, развој на македонското општество, како и создавање на услови за забрзан развој на Р.Македонија и враќање на Македонците во Р.Македонија
Организации кои не го прифаќаат новото геноцидно име Република Северна Македонија.
Организации кои се против сегашниот глобалофашистички модел на меѓународниот светски поредок во корист на светските елити и корпорациите, туку за меѓународен поредок на суверени нации во корист на народите и поединците.
Истото важи и за поединците.

Формирање на Тело на Коалицијата Вистински Македонски Пат, кое ќе функционира исклучиво во насока на ширење на идејата за новиот пат за Македонија.

Надлежностите на Телото, дополнително ќе се договорат.

Бидете дел од новиот пат за Р.Македонија и Македонскиот народ.

https://www.rodina.org.mk/%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d1%84%d…/

Остави коментар