Преземено од Тврдокорни, Нов Чин на Грчкиот Фашизам. Изминативе денови неколку членови на ТВРДОКОРНИ бевме сведоци на еден од безбројните чинови на неправди, заплашувања, прекршување на човекови права, кои кај јужниот сосед непрекинато се вршат врз македонското население.
Заедно со други родољуби сакавме во Лерин да посетиме и да им дадеме поддршка на македонски родољуби кои веќе имаат тешки судски пресуди заради непопустливото себеизјаснување како Македонци.
Бидејќи имавме најмено превозник за целодневно патување сакавме да прошетаме пошироко низ тој крај од Беломорска Македонија. Иако не беше планирано ги замоливме да ни бидат водачи да не однесат по некои поважни културно-значајни места.
Така не однесоа во подземниот православен храм Св. Ѓорѓи во Овчарани (Мелити). По пат се слушнавме со отец Никодим Царкњас познат борец за правата на Македонците во Беломорска Македонија. И тој прифати да нѐ прими. Така преку Воден го посетивме и отец Никодим во С’ботско (Аридаија).
Тој ни одржа прекрасен духовен говор, а потоа пристапивме кон фотографирање. Ние се чувствуваме како слободни граѓани, македонски родољуби и ги извадивме нашите македонски и организациски знамиња. Еден од нашите беломорски водачи братот Василиј понесен од моментот го бакна знамето кое го носевме и направи пренос во живо прашувајќи и разговарајќи со отец Никодим за македонските болки.
На отец Никодим веројатно не сакаше да не ограничува и ги премолчи сите овие дејства кои за него во фашистичка Грција можат да значат нови притисоци и закани. А отец Никодом за нас знаеше само група Македонци од Македонија. Не знаеше ниту кои сме, ниту од каде идиме, ниту каде ќе одиме.
Од тука тргнавме за назад. Нашите водачи не однесоа во с. Пожарско (Лутраки).
Некои од постарите наши сопатници ја искористија можноста да се искапат во лековитите води кои таму извираат. Имавме и таму прекрасни дружења со Македонците кои таму живеат. На крај веќе касно тргнавме за назад. По пат знаевме дека има некој панаѓур во с. Црешево (Кронцелево). Веќе го одминавме но нѐ заинтересира големата маса народ. Па слеговме и се придруживме на веселбата. Бевме почестени со храна и пијалок.
Како и што е познато таму нашите свират македонска музика без пеење. Само 3 песни беа пропратени со пеење. Во момент на највисока возбуда кога беше пеена македонска музика еден од браќата го извади македонското знаме од Кутлеш. Нашите беломорски браќа кои ни беа водачи ни рекоа дека поради овој чин ќе имаме проблеми и најдобро е веднаш да заминеме.
Се повлековме без многу брзање. По пат на браќата од беломорско им се јавија нивни роднини дека дошле инспектори им правеле проблеми на музичарите. И полицијата и луѓе од Златна Зора од некое од селата не бараат за да нѐ запрат по патиштата. Не заради нас туку заради нашите беломорски браќа одлучивме да одиме по споредни патишта за да не им направиме проблеми.
Безбедно стигнавме во Лерин, а потоа и ја преминавме границата. Си помисливме дека ништо страшно. Никој никого ниту натепал, ниту опцул. Другиот ден луѓето кои беа со нас не известуваат дека заради случајот со знамето имаат огромни проблеми. Целата грчка медиумска машинерија е залауфана со агресивна реторика за овој случај. Синоќа случајот бил даден дури и преку грчка национална телевизија.
Луѓето кои беа со нас сега се обидуваат да се отстранат од јавно појавување. Еден од нив ни кажа дека имал помала тепачка со златнозорците (така како што ги нарече).
Кој фашизам е ова!? Во денешно време некој куче да клоцне ќе дојдат заштитници на правата на животните и ќе го заштитат кучето. Но тоа не важи за Македонците. За едно знаме кое нема никаква лоша предисторија за Грците (барем не последните 2000 години), се крена цела држава. Кои неизживеани луѓе се јужните соседи!? Уште пак се сметаат за праведна побожна нација. Дали ова личи на европска, демократска, културна, православна држава како што сакаат да се прикажуваат.
Проблемот е што ние немаме политичари кои ги бранат правата на Македонците. Затоа и принудени сме самите да се браниме.
И на крај да не се јавуваат дежурните раздоропотпалувачи. Ние сме во постојана врска со нашите Македонци во беломорско и никој никого не осудува. Тоа беше случаен но и не многу изненадувачки испад на братот кој не успеал да ги владее чувствата. Впрочем самата окупација предизвикува желба за дрскости од кои ова беше само една ситница.
Ова не е прв пат, а ќе ги има уште безброј пати старомакедонското знаме да се вее во Беломорска Македонија. Тоа е дел од човековите права кои им припаѓаат на Македонците исто како што со такви права се ползуваат националностите во Република Македонија и сите националности во нормалните земји во светот.
Македонија на Македонците!
Во продолжение на една слика се гледа како ние самите го откриваме знамето а отец Царкњас гледа во знамето но премолчува да ни забрани.
А ОВА СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ
ВАСИЛИЈ МАКЕДОНСКИОТ МАЧЕНИК