Трамп ги Чкртна Квислинзите во Украина Инсталирани од Обама, Хилари, Нуланд со Мајданскиот Пуч – Данилов Иван!
Сподели на социјалните платформи:

Така ќе завршат сите кои за свој џеб си ја продаваат и мајката и татковината како и нелегитимната инсталирана Хунта во Македонија Кога ќе им биде помината употребната вредност ќе бидат фрлени на кучињата и на ѓубриштето на историјата од страна на истиот тој сега веќе поразен наредбодавец во чие име го распродаваат и камшикуваат сопствениот народ! И Украина ќе се врати во матицата и Македонците ќе си ја вратат Македонија!

Повеќе за поучниот Украински случај од написот на Иван Данилов за РИА новости.

Анализирајќи ја состојбата  по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на Русија во формат Г8, односно трансформацијата на Г7 во Г8, многу е пожелно веднаш да се остават настрана сите прогнози за воскреснување на поранешниот формат на преговори на највисоко ниво. Суштината на она што го направи Трамп нема никаква врска со тоа.

Воскресенувањто на Г8 може и треба да се разговара, но само на маргините на многу поважното прашање за тоа како сегашниот американски претседател ја перцепира украинската криза и, воопшто, за „украинскиот аспект“ на односите Вашингтон и Москва.

Патем, ако ја погледнете реакцијата на повеќето антируски американски новинари и експерти за геополитика, тогаш тие исто така се концентрираат не на дискусијата за Г8 и за присуството на Русија во неа, туку на „историскиот“ аспект на изјавите на американскиот претседател.

Трамп, воопшто, сака да ја преработи неодамнешната историја на Соединетите Држави малку, поточно – оној дел од официјалниот американски наратив што го опишува она што се случило помеѓу 2013 и 2016 година. И ова е многу поважно за иднината на американско-руските односи од какви било дипломатски формати на преговори, дури и за такви статусни состојби како Г8.

Вреди да се погледне самата изјава на Трамп, која предизвика толку голем скандал (цитат од преписот на „Вашингтон пост“):

„Ова долго време беше Г8, а сега тоа е Г7, и повеќето пати зборуваме за Русија. Јас присуствував на бројни состаноци на Г7 и мислам дека Претседателот Обама (затоа што Путин го надмудри), сметаше дека присуството на Русија во Г8 не е добро, затоа сакаше Русија да си замине. <…> Поголемиот дел од времето тоа беше Г8, во кое беше дел и Русија, а претседателот Обама не сакаше Русија да биде дел од тоа, затоа што тој беше надигран од Путин“.

Значајно е што медиумите и политичките противници на Трамп,  истите новинари на „Вашингтон пост“, нападнаа со критики не толку за плановите на Трамп да ја вратат Русија во Г8 (што, најверојатно, дури и самата Русија не треба), туку за тоа како претседателот на Соединетите Американски Држави го толкува неодамнешното минато. Пријателскиот хор на американските медиуми и експерти за надворешна политика повторува, како мантра, тезата дека американскиот претседател лаже и дека Русија всушност била протерана од групата Г8 не затоа што Владимир Путин го надиграл Барак Обама, туку затоа што Русија наводно извршила „ нелегална анексија на Крим “. И тој продолжува да ги поддржува „сепаратистите“ во Украина.

Зошто разликата помеѓу овие две толкувања е важна за американскиот политички дискурс и оваа важност е далеку поголема од одржувањето на угледот на Барак Обама, што не се почитува веќе ниту во самата Демократска партија? Важноста на конфликтот околу правото да се воспостави сопствен наратив за украинската криза може да се разбере само ако се земе предвид камен-темелникот на американската филозофија за надворешна политика – „континуитет на надворешната политика“.

Ако се формулираат многу грубо и кратко, тогаш сите надворешно-политички активности на која било претседателска администрација на САД од гледна точка на самата американска елита можат да се поделат во две широки категории:

1) активности во рамките на промовирање на американските национални интереси, кои (во теорија) се поважни од какви било политички преференци и желби на конкретни политичари и елитни групи;

2) активности што може да се наречат „личен вкус“ на одреден претседател или неговиот тим за надворешна политика.

Логиката е како што следува: акциите во рамките на промовирање на одредени стратешки или „вечни“ интереси на САД треба да се продолжат без оглед кој претседател и која партија дојде на власт во државите, затоа што ова дава можност за долгорочно планирање и решавање на стратешки проблеми што „не се вклопуваат“ во еден или два (па дури и неколку) мандат за претседател. Но, дејствијата преземени врз основа на индивидуални преференци и емоции или за решавање на политичките задачи на одредена администрација лесно може да бидат откажани, па дури и да се свртат на 180 степени, доколку е потребно.

Преведено од „американско политичко“ на „колоквијално руско“ наречје, Трамп рече вакво нешто: „Раскинувањето на Обама и неговиот тим со Русија поради Крим и Украина е сопствен бизнис на Обама, а не одраз на долгорочни и непроменливи американски интереси“. Ова не значи дека Доналд Трамп понудил да биде пријател со Русија, тој има доста поплаки против такви дејностиа (од Норд Стрим 2 до нуклеарниот арсенал), туку специфичната „украинска историја“, за која тој, очигледно, смета дека е резултат на „слабиот Обама“ кој влегол во шаховска игра со Путин и изгубил мизерно, и Трамп сака да го избрише Украинското прашање од списокот на јаболка на раздорот меѓу САД и Русија. Соодветно на тоа, најжестокиот русофоб ќе го брани по секоја цена расказот во кој Украина и Крим се нешто за што Русија мора веднаш и засекогаш и да престане да се бори.

Треба да се напомене дека за Трамп, ваквото „препишување на историјата“ не е прво искуство од ваков вид, па дури и повеќе – тој може да се пофали со значителен успех во слични ситуации.

На пример актуелниот американски претседател беше во можност да ја фискира анти-Кинеската политка како лична тема на неговото претседателствување, што демократите се обидоа да го претстават како „вкус“ и лична вендета, а не како елемент на истата „вечна“ агенда што треба да ја промовираат сите делови на американската елита. И сега сенаторите и конгресмените од Демократската партија ги поддржуваат мерките против Хуавеи, а Хилари Клинтон на Твитер ги поддржува немирите против Пекинг во Хонг Конг. Не постои консензус ни за прашањето на трговските војни со Европа и принудување на Европејците да истурат дополнителни стотици милијарди евра во буџетот на НАТО, исто како што не постои таков консензус за односите со Русија, па дури и за толкувањето на украинската криза.

Дали Доналд Трамп успеа да го смени „статусот“ на украинската криза, не може да се процени според присуството или отсуството на руската делегација на самитот на Г8 следната година. Важниот маркер е сосем различен – а резултатите од напорите на Трамп можат да се оценат врз основа на тоа колку активни ќе бидат разни американски структури или нема да се мешаат во спроведувањето на мистериозните предлози на Зеленски.

Иван Данилов 
РИА Вести

1 thought on “Трамп ги Чкртна Квислинзите во Украина Инсталирани од Обама, Хилари, Нуланд со Мајданскиот Пуч – Данилов Иван!

  1. Тоа што се инсталираа квислинзи од страна на САДистите во Украина не значи дека проектот Украина е само нивно дело. Овој Данилов свесно ги заобиколува релевантните моменти а ги истакнува само оние кои би требало РФ да ја стават во улога на пудлица на Г7.
    Проектот Украина е пред се на Германците, Бритите и Франките, ним им беше ветен тој колач а остатокот би го добила САД, Кога овие видоа дека РФ не е толку слаба и не е спремна за парчење го препуштија водството на САД а тие застанаа зад нив.
    Трамп направил нешто, како може еден шарлатан во политиката да направи нешто и уште тоа да биде вредно и на добробит на сите?
    И што мајка Русија би барла во друштво како што е Г7, која би била улогата на РФ, да им ја чисти масата по обилната гозба се додека не биде и замата на трепаза тоа ли го сака овој Данилов?!
    Зарем некој мисли дека тие-ЕУСА се богати затоа што се многу трудољубиви а останатите мрзливи или зарди грабежот и геноцидот кој го практицираат како средство да бидат тоа што се?
    Основна алатка е културниот империјализам кој претходно врши подготовка кај потенцијалната жртва и се бараат квислиншки групи кои во даден момент би одработиле и биле сречни што се слуги а за возврат да можат да го колат и ограбуваат својот народ, ете тоа е целата филозофија!
    Русија во моментов им е потребна во војната против Кина затоа ги активираат ваквите тутурутки-Данилови за да им говорат убави зборои на Русите кои се болни да бидат видени во друштво на грабливци, ако им успее оваа не чека “весела“ иднина!

Остави коментар