Бројот на жители со мигрантско потекло во Германија достигна нови височини од 25,5% од населението, а неверојатен 42% од малите деца до 6 години, во Германија се со потекло од мигранти.
Новата статистика доаѓа од извештајот објавен од германската Федерална канцеларија за статистика оваа недела во кој се вели дека сега има 20,8 милиони германски жители кои потекнуваат од мигранти, дефинирани со тоа што имаат барем еден родител роден во странство, пренесува Кронен Цајтунг .
Од тие 20,8 милиони, нешто повеќе од половина, или 52 проценти, поседуваат германски пасош, а другите 48 проценти се државјани на странски земји.
Во извештајот се наведува дека 13,5 милиони германски жители се имигранти и се открива дека главната мотивација за преселба во земјата, што се гледа во 48% од случаите, е семејно обединување, познато и како миграциски синџири и мрежи.
Во делот на Германија кој некогаш беше Западна Германија 42% од децата до 6 години се со мигрантско потекло, пишува Die Welt., цитирајќи Федерална анализа. Нискиот наталитет, големата масовна миграција доведоа до драматични промени во Германската популација.
Според студијата, уште 19 проценти велат дека се преселиле во Германија поради причини за вработување, додека 15% дошле во земјата како баратели на азил. Само пет проценти рекоа дека се во Германија како дел од своето образование.
Огромното мнозинство мигранти кои дошле во Германија да живеат со семејство, 72 проценти, биле од друга европска земја, додека околу половина од барателите на азил биле од регионот на Блискиот исток.
Бројките бележат голем пораст кај жителите од мигранти од минатата година кога заводот за статистика објави дека имало 19,3 милиони жители со статус мигранти.
Додека масовната миграција е главен фактор во брзите демографски промени во Германија, стотици илјади Германци, исто така, се движат во странство секоја година. Само во 2017 година, скоро четврт милион Германци се преселиле во странство.
Неколку германски градови забележале големи демографски смени со тоа што Франкфурт стана првиот германски град каде домородните Германци се малцинство во 2017 година.
На Франкфурт им се придружуваат градовите Офенбах, Хилброн, Синделфинген и Пфорцхајм, кои исто така имаат малцинства од германците. Во Офенбах, само 37 проценти од населението се домородни Германци.
Германскиот град во кој извештаите потврдуваат дека само 8.2% од децата со мигрантско потекло зворуваат Германски. Тоа е Дуисбург, пишува Rheinische Post.
Меѓутоа, при разглобувањето на цифрите според возрасната група, 60% проценти од 18-годишна возраст во Штутгарт потекнуваат од мигранти, илустрирајќи ја идната демографија на градот.