Ќе ги Вратиме во Џебот на Македонецот Годишно Исцицуваните 1.4 Милијарди Долари од Економијата – РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

 

(ВИДЕО – Втор дел) – Корумпираните елити со крадење на буџетот (види насловна слика) плус странските банки и странски компании кои скоро на подарок добија наши Македонски јавни добра, исцицуваат 1.4 Милијарди Долари годишно од Македонската Економија и ја носат во неизбежен финансиски и економски колапс и банкрот кој и е планиран од страна на глобалистите и нивните марионети. Родина ќе ги врати во реалната економија, за да остане повеќе од секоја трансакција во џебот и на Македонецот бизнисмен кој продава и на Македонецот кој кај него купува за да ја делиме сите подеднакво благосостојбата од годишно исцицуваните 1.4 милијарди долари од Македонската Економија. Родина ќе го спречи планираниот “менаџиран и вештачки предизвикан” економски колапс и банкрот кој Хунтата и го планира со подла цел да покажат, еве не можеме сами, не не бива, нека станеме безимен регион на некоја туѓа држава и нека земат странците се а ние ќе робуваме за на век за туѓи бели дворови.

https://youtu.be/Tw6szgX_1IY

Видеото е дел од предавањето на Горан Шумкоски (првиот дел овде: https://youtu.be/KZGXwS4Cu9Q), меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат. Ова предавање ја дава рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски процеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина. Програмата која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.

Каде се наоѓа Македонија во тој неолиберален свет без граници и нации а во корист на корумпираните 0.00001% од елитите околу Сорос каде во алчноста за повеќе профит на глобалистите им пречат нациите и границите.

Каде е Македонија во тој свет на отворање на пат за мултинационалните корпорации и нивните неколку стотици сопственици и до последното зафлрено катче во светот со цел: уништување на било каква домашна независна економија а со тоа и независна политика; вечно финансиско ропство за секоја нација и поединец и ограбување на сите природни, стратешки, водни, земјени, подземни и надземни ресурси; и, заклучно на крајот со човечките ресурси, да бидеш роб ти и твоето семејство и вечни должници илјада генерации во иднина!

Во Македонија ние, исто како и сите други нации во светот сме веќе финансиски робови за навек

  • Неотплатлив Државен Долг – и, отплаќање на камати, камати на камати итн.
  • За одржување на клиентелистичките корумпирани елити преку тендери стотици милиони Евра завршуваат во корупциони приватни џебови.
  • Скоро бесплатно давање на стратешки ресурси како ЕВН, Телекомите на странски интереси кои секојдневно исцицуваат милиони евра од Македонија
  • Странски банки кои со минимален капитал од 100,000 до 5 милоини евра, секоја година исцицуваат неколку стотини милиони евра годишно а те прават вечен финансиски роб преку кредити, хипотеки со нерсазмерни камати.
  • Близу 2 милијарди константен надворешно-трговски дефицит
  • Напумпана непродуктивна државна администрација
  • Уништување на домашните компании и домашната економија, знаење, земја, човечки ресурси, со протежирање на мултинационалните корпорации.

Неотплатлив Јавен Долг – Цел Вечно Финансиско Ропство и Земање на Природните Ресурси

Јавниот долг на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг, пак, на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП.

Целта и не е да се отплатат долговите!

Целта е да не можеш да ги отплатиш и да станеш роб, вечно да плаќаш камати и да ги даваш бесплатно своите природни, национални и човечки ресурси!

 Системски Огромен Надворешно-Трговски Дефицит за Неизбежен Банкрот

Годишниот надворешно трговски дефицит на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 1.811 милијарди евра, 2017 изнесувал 1.819 милијарди, 2016 1.786 милијарди евра, 2015 изнесувал 1,713, без тренд на намалување. Системски трговски дефицит за скор банкрот.

  • Буџетно Крадење – Висока 15% и Ситна корупција 5%

Базирано на стандарни индикатори од глобалните институции минимум 20% од Македонскиот буџет од 3.4 Милијарди евра завршува во корупциони приватни џебови, што е 680 Милиони Евра годишно крадење на Македонецот, неговите деца, внуци и правнуци.

  • Предадени стратешки ресурси на странски интереси кои секојдневно исцицуваат милиони евра од Македонија

ЕВН имал 22 милијарди денари или 374 милиони Евра приходи во 2016

Оперативен профит на ист тип корпорации во светот е од 58% до 87%  и нет профит од 10% до 12% (Американски)

Проценет реален оперативен профит на ЕВН, 68%  – 254 милиони евра во 2016

Приходите на сите телекомуникациски оператори на македонскиот пазар од давањето на своите услуги во 2017 година биле 17.239.494 милијарди, денари или нешто повеќе од 280 милиони евра, покажува извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, АЕК.

Профит пред оданочување на телекоми од Италија и Германија од 42% до 48% оперативниот меѓу 57 и 68%.

Проценет профит на телекомите, 64% – 179 милиони Евра во 2017.

  • Странските Банки во Македонија

Вмрежување на странски банки кои со минимален капитал од 100,000 до 5 милиони евра, секоја година исцицуваат неколку стотини милиони евра годишно а те прават вечен финансиски роб преку кредити, хипотеки со нерсазмерни камати.

Најголем дел од приходите, банките ги оствариле преку камати. Во 2017 во нивните каси се слеале 254 милиони евра, а само од населението наплатиле 150 милиони евра. Од провизии и надоместоци во касата ставиле уште 71 милиони евра.

Граѓаните заклучно со јануари на банките и штедилниците им должат 2,3 милијарди евра или грубо пресметано задолженоста по глава на жител изнесува 1,150 евра.

Од Македонија проценето дека банките изнесуваат 254 милиона покажани снижени приходи или реално 325 милиони евра годишно

  • Заклучок

Проценети 1 милијарда и 400 милиони долари годишно се исцицуваат од Македонската економија и џебот на Македонецот за уништување на домашните компании и домашната економија, знаење, земја, човечки ресурси, со протежирање на мултинационалните корпорации.

 

(продолжува).

Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

Остави коментар