(ВИДЕО) Предавање на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави – Прв Дел од Видеото: Лажна Глобализација за Вечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат
Почитувани браќа и сестри. Група патриоти од Македонија и странство се собравме да ја изработиме програмата која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.
Ова предавање ја дава рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски процеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.
Глобализација – Да! Но по Мерка на Нациите и Државите а не Лажна и по Мерка На Корумпираните Светски Елити.
Светот доживува глобализација и обиди за проекција на универзални вредности уште од времето на империјата на Александар Македонски, монголската империја, преку развојот на глобалната трговија од страна на царските сили на средновековната Шпанија и на Британија од 19 век па се до денес.
Она што ја прави сегашната глобализација поинаква, е тоа што се случува во ера на технолошки напредок без преседан, кој ја олесни комуникацијата, патувањето и транспортот повеќе од кога било досега.
Значи ние како потомци на првиот глобализатор, нашиот Александар Македонски, подржуваме глобализација која исто така нема да менува нации, култури, религии ниту традиционалните вредности и различности. Глобализација за каква ќе се договорат суверени држави и нации.
Чувствувате дека вашиот глас и мислење не значат ништо? На што се должи ова чувство и дали е само лажно и психолошко? Не, туку затоа што и ништо не значат! Ние ги чувствуваме вистинските последици на еден координиран и комплексен повеќе-децениски процес на неолиберална де-државизација спроведуван од глобалистичките институции кој има за цел создавање свет без граници и нации а во корист на корумпираните 0.00001% од елитите околу Сорос.
И не сте сами, тоа го чувствуваат народите и граѓаните во сите земји каде сме сведоци како западниот лажен неолиберален глобализам ни пропаѓа пред очи. Во коментарот Глобалните 1% Ја Уништуваат Демократијата[1] е опишан случајот со непочитување на изборната волја на Британците со Брексит како и непочитувањето од страна на недемократски и нелегитимен Брисел на волјата на Унгарците и Орбан. А за непочитувањето на изборната и референдумската волја на Македонскиот Народ од нашите корумпирани елити не треба ни да ви зборувам, си знаеме сами.
Освен што е погребана демократијата, вие сте и официјално и за навека финансиски робови. “Каде и да живеете во светот, вие сте ограбени. Не од маскиран разбојник, туку од глобалната клептократија: Богатите ги ограбуваат сиромашните во секој агол на светот во изминатите седум децении“, вели Мајкл Чен[2], аналитичар од САД, 2018.
Целата светска економија е концентрирана во раце на само многу мал број на луѓе. Научна анализа на група Швајцарски научници[3] направена врз основа на базата на податоци Орбис за 37 милиони економски субјекти, и правни и физички лица, базирани во 194 земји ја потврдува концентрацијата на економска и финансиска моќ.
- Од кои 47,000 се транс-национални компании (ТНЦ)
- Од кои 1,318 се клучни ТНЦ
- Од нив 147 суперконектирани имаат 80% од годишниот профит
- Од нив 50 поседуваат 80% од главницата капитал и недвижни поседи
- А од нив 4 преку сопственост контролираат се, или над 95%!
Вистинската контрола е во рацете на само 4 корпорации пишува магазинот Форбс[4]: McGraw-Hill, which owns Standard & Poor’s, Northwestern Mutual, which owns Russell Investments, Russell 1,000 and Russell 3,000, CME Groupwhich owns 90% of Dow Jones Indexes, and Barclay’s, which took over Lehman Brothers and its Lehman Aggregate Bond Index, the dominant world bond fund index.
Цел е создавање свет без граници и нации а во корист на корумпираните 0.00001% од елитите околу Сорос каде во алчноста за повеќе профит на глобалистите им пречат нациите и границите.
Цел – отворање на пат за мултинационалните корпорации (нивните неколку стотици сопственици):
- и до последното зафлрено катче во светот,
- уништување на било каква домашна независна економија а со тоа и независна политика,
- вечно финансиско ропство за секоја нација и поединец и ограбување на сите природни, стратешки, водни, земјени, подземни и надземни ресурси,
- заклучно на крајот со човечките ресурси, да бидеш роб ти и твоето семејство, деца внуци правнуци и вечни должници илјада генерации во иднина!
Во Македонија ние, исто како и сите други нации во светот сме веќе финансиски робови за навек (продолжува).
Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/
[1] https://www.euronews.com/2019/03/21/your-call-in-full-dead-democracy-in-the-uk-and-viktor-orban
[2] The Global 1% Is Destroying Democracy – Unraveling a web of dark money Whitney Milam Aug 12, 2018
[3] The network of global corporate control. Stefania Vitali, James B. Glattfelder, and Stefano Battiston, Chair of Systems Design, ETH Zurich, Kreuzplatz 5, 8032 Zurich, Switzerland
[4] The Four Companies That Control the 147 Companies That Own Everything, Forbes, 2011.
Видео: Дел 1 – Вовед – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат, Глобализација, Вечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата.
https://youtu.be/KZGXwS4Cu9Q