Вонвременските екскурзии на криминално терористичката гарнитура, моментално инсталирана на позицијата Влада на Република Македонија, продолжува со полн интензитет. Таканаречениот премиер, инаку аболициран криминалец, активен учесник во рушењето на уставниот поредок и докажан идиот, повикува на лидерска средба за решавање на некои системско-кадровски проблеми во одредени сектори на Судската власт во Република Македонија.
Да се потсетиме дека во Уставот јасно е пропишана поделбата на власта и практикувањето на истата, со сите нејзини ингеренции и одговорности. Лидерските средби кои досегашните политички елити во Македонија ги практикуваа, наликуваат на политички систем и практикување на власта од каменото доба, каде што локалните поглавари се собираат околу огнот под стариот даб, горе на ридот што ги дели двете села, и дебатираат на тема кој ја мати водата на коњите во планинскиот поток.
Разликата е таа што тогаш повикувале врховни божества, опиени од мирисот на црвените печурки кои ги фрлале во огнот, а денеска повикуваат пропаднати корумпирани западни политичари а се опиени од мирисот на свежо печатените долари и евра.
Или како што ми сугерираат пријателите на фејсбук, “во неолитот имало многу повеќе правда и било многу порамноправно општество од модерниве робовладетелски структури. И главната разлика е во квалитетот на луѓето кои одлучуваат, тогаш одлучувале најдобрите, и го одбирале најдоброто за заедницата. Сега одлучуваат најлошите, и го одбираат најдоброто за себе.”
Господо „политички лидери“, македонскиот народ не живее во камено доба, а од свој џеб плаќа државен апарат кој е должен чесно и посветено да ги сервисира потребите на даночните обврзници. Не постои проблем кој институциите на системот не можат да го решат, потребно е само работите да ги оставите на професионалците да си ја вршат работата, кои наместо да ги наградите, вие ги казнувате и деградирате, како што е последниот случај со Ѓорѓи Илиевски, инспекторот што ги откри фалсификуваните дипломи на функционери од дуи, по што следеа лични закани за семејството но и дисциплински мерки за инспекторот на работа.
Боби Ѓеорѓиевски