По вчерашното објавување на Миленко Неделковски на написот за криминал, изнуда, рекет, мито, злоупотреба на службената дејност на нелегитимната корумпирана Хунта, неговиот портал дудинка.орг беше урнат од страна на хакерите на Хунтата. Но вистината е како шило и не може да се скрие.
Го пренесуваме подолу целиот напис кој беше објавен на дудинка.орг
Ова што го објавувам вечерва не го сметам за бомба. Имено, мислам дека називот “бомба“ што на снимените разговори го дадоа од СДСМ на чело со Зоран Заев, а и овие што ги објавија Момировски, Златев и на крај Геровски е НЕСООДВЕТЕН.
Едноставно, се објавуваат тајни, скриени работи, поврзани со криминал, изнуда, рекет, мито, злоупотреба на службената дејност и слично.
Значи, кој како сака, ама ова не е бомба, ами вистината за еден криминал на влијателни функционери од СДСМ, вистината за еден љубовен триаголни и вистината за политички погреб на инволвираните. И крајно, истрага, судење и затворски казни за сторителите.
Кај мене нема кики-фрики новинарство на полутипови со мали бабулиња. Кај мене има се со име и презиме. Повелете:
Прво место каде што можевте да прочитате дека се во љубовна врска (по скопски, се шваљерисуваат) Катица Јанева првиот човек на СЈО и Сашо Василевски првиот човек на МЕПСО, беше на моите медиуми.
Нивната љубовна врска, завршува неславно. Но таа врска продуцирала криминал, рекет, изнуда…, а подоцна и активирање на СЈО со предмет против компанија од Македонија.
Имено, во времето кога не сонувале дека Зоран Заев ќе ги смени, генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски и неговата десна рака, дирекорот на правниот сектор и член на УО на МЕПСО Др. Ненад Крстевски се обиделе да изрекетираат повеќе фирми.
МЕПСО должел кон фирмата Бетон од Штип цца 2.500.000 евра за изведената реконструкција на зградата на МЕПСО. Бетон Штип положува банкарска гаранција од цца 500.000 евра за да го гарантира квалитетот на изработеното. На крајот од сработеното, надзорниот орган утврдува дека има забелешка на работата на позиции само за сума од 30.000 евра.
МЕПСО долго време го влече неплаќањето на фактурата кон Бетон за изработеното.
Користејки ја оваа ситуација, двојката Сашо-Ненад бараат од директорот на Бетон 10% за нив во кеш, за потоа МЕПСО да ја плати фактурата во целост, која повеке од 1 година не ја плакаат. Значи бараат рушвет од 250.000 евра. За да ја зацементираат понудата, гарантираат дека било што и да има во “Бомбите“ на Заев, Бетон нема да биде пипнат од СЈО, затоа што Сашо ја контролира и задоволува по дома Катица.
Управниот одбор на Бетон не се согласува да плати, но по притисок од подизведувачите и банките, после 3 месеци дава согласност и парите ги зема Ненад, овој де Др. Крстевски, и им ги носи на Сашо и Катица Јанева. Таму секој зема онолку колку си заслужил.
За нивна жал, делот со земање пари е документиран со видео и аудио снимки.
Забеганоста кога е човек на власт, подрзбира разврат, полигамија, дрогирање, рекетирање, курчење, претерување во се и сешто.
Охрабрени од успехот со Бетон, двојката Сашо-Ненад, со поткрепа на Катица Јанева, се впушта во рекет на и друго место. Имено, во коплекссот “Панорама“ во Скопје на осомничен во случајот Империја му бараат два стана, едниот од 180 и едниот од 150 квадрати со пазарна вредност од околу 500.000 евра. Ги бараат на нивно име, ама со тоа ништо да не треба да платат. Или да платат преку кредит, а парите да се вратат во кеш. Заради антикорупциска, да има форма….
До таа мерка се сигурни дека ќе ги лапнат двата стана што во повеќе наврати доаѓаат со архитекти специјализирани за внатрешно уредување, докажани во смислување на ексклузивен ентериер, па со архитектите и инженерите што го изведуваат објектот договараат кои измени би требало да се напрват во “нивните“ станови. И сите по нивни барања се направени на објектот . Зид ваму, зид таму, врата онде,а не овде, балкон ваков купатило онакво и сл. Жена му на Ненад и девојката од Австралија на Сашо ќе бидат сведоци….
Две работи се случуваат безмалку во исто време.
Прво, рекетираниот обвинет во Империја не сака да ги даде становите бакшиш. Затоа двајцата од МЕПСО, како освета на Бетон од Штип му ја пуштаат банкарската гаранција, на што немаат право. Па така, наместо на Бетон да му платат два милиона 500-и-кусур илјади евра, тие му земаат и додатни 500.000.
И второ, на Сашо Василевски му е малку врската со Катица Јанева, па си фаќа друга женска! Млада, згодна и што е најважно витка. Стројна мома. Девојката е од по потекло од Македонија, ама дојдена е тука од Австралија. Врската станува толку сериозна што Сашо со својата нова стројна (витка) љубов, заминува за Австралија за да биде претставен пред родителите на “младата“.
Нормално, ова се‘ го разбира Катица Јанева. И како секоја преварена и оставена жена, реагира жестоко. Ја вклучува фирмата Бетон Штип во рамките на процесот Империја. Таму се појавуваат имињата на Сашо и Ненад, па нив ги менува Зоран Заев. А сега, сите снимки на разговорите на Сашо и Ненад со рекетираните постојат, ги имаат ЈО и Рускоска.
Разврат, забеганост и криминал е заштитен знак на фашистичкиот режим на Зоран Заев. Неговите кадри се исти како него. Го копираат во стратегијата едно-евр-за-вицето, во крадењето на струја на татко му, продавњето на државата.
Кацарска судството, Рускоска обвинителството и Катица специјалното се камшикот на оваа власт која сака да краде и уништува, а они да не бидат пипнати.
ЈО нема одговор на прашањето дали допре гласот за Кики Кирацовски и Рики Ременска, дали допре гласот каде е Катица и каде е нејзиниот втор телефон. Допре ли гласот за Лиле Стефанова?
Со вакво партизирано и мафијашко судство и обвинителство, никаде нема да стигнеме.
М, Неделковски
За Дудинка
21.07.19 22.41 ч. – Скопје