Сонцето досега никој не го згаснал а не пак една рака корумпирани однадвор поставени квислинзи! Почна Битката за Враќање на Македонското Сонце во Секој Агол на Македонија! Приклучи се! Вчера, 21ви Јули, по повод роденденот на Александар Трети МАКЕДОНСКИ, еден од тимовите на патриоти го отслика македонското знаме под Водно!
На зајдисонце недела кога нелегитимна Хунта и нејзините изморени од 6 дена предавства и рекетарства одмараат ждерајќи и пиејќи ги плодовите на својот криминал, група патриоти се собраа и го обојија македонското знаме од Кутлеш во неколку метарски димензии.
Местоположба под врвот на Водно и одлично видлива од кај Крстот за сите домашни и странски туристи кои се качуваат таму со жичарата.
Чудна е човечката природа!? Колку повеќе ги притискаш луѓето стануваат се поотпорни и се посилни. Во 90тите години како што растеа негирањата од јужниот сосед, така и луѓето стануваа се посвесни за значењето на древните корени. Последниве години, незадржливото предавничко однесување на политичарите ја буди националната свест кај првенците од македонската младина.
Долги разговори, убедувања со факти, држење часови предавања од македонската историја за младите генерации имаат уште поголем успех кога се пропратени со очигледното предавство и геноцид на Заев и компанијата со него.
Превземаат акции на сопствена иницијатива. Освне што вчера група млади луѓе, најверојатно локалци од тоа место, по повод роденденот на Александар Македонски под врвот на една од скопските планини го насликале македонското знаме, на интернет има слики и за други вакви појави.
Бојадисувањето на Македонското знаме од Кутлеш ќе продолжи низ градовите и населените места во цела Македонија! Порачаа дека секоја јавна бетонска површина во Македонија ќе осамне со знамето на Кутлеш.
Можеш конкретно да помогнеш во одбрана на идентитетот и со набавка на боја, шаблони и со присуство.