Нова Шефица на ЕУ, Марионетка на Глобалистите, Меркел и Сорос, кои ја Доведоа ЕУ до Распад – Игор Цветковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Новиот Претседател на Европската комисија, Урсула Гертруд вoн дер Лејен, е најголемиот залагач на мигрантската политика на Меркел, поточно на Сорос, поради која се сроза рејтингот на сестринската ЦДУ и уште полошо се наруши безбедноста на Германија и ЕУ.

Начинот на кој Македонија, преку тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, успешно се справуваше со бегалската криза наиде на воодушевување кај нормалниот германски народ, но тоа беше и показ дека одредена криза може многу успешно да се реши БЕЗ ЕУ или германски напатствија. Ова ја сроза уште повеќе позицијата на Меркел, по што токму Урсула се заложи за одлучен удар врз македонското општество преку уценувачката промена на власт и уривање на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму таа и нејзините (како Дорис Пак на Гордана Силјановска другарката), беа и се најгласните заговарачи за преспанскиот договор-етноцидот врз македонскиот народ.

Она што може да радува, ако се суди според тоа како го водеше германското министерство за одбрана, кога цела германска флота во еден момент беше на ремонт, значи нефункционална, е тоа дека ЕУ ја чека период на низа скандали, протекувања на доверливи информации, барање надворешен непријател и нејзин распад како реакција на посуверените токму поради намерата на неолибералите(и леви и десни) ЕУ да се централизира-тоталитаризира уште повеќе.

Ова најкусо, колку да се потстети господинот Христијан Мицкоски кога упатува писма со честитки без ниту еднаш притоа, барем срамежливо да го спомене македонскиот народ и Македонија како држава, што тој поддржува и да се потсети македонскиот народ но и членството на ВМРО-ДПМНЕ кон каква интеграција и соработка со какви сподоби се стреми Мицкоски.

Упикувањата од овој вид кон докажани непријатели на македонскиот народ, кои имаат сојузници во исто така сестринската Неа Демократиа, а се сепак неспособни европски бирократи, неминовно ќе придонесат тапшање по рамето на Мицкоски, но и како возврат, барања за дополнителни отстапки од Македонецот, за во случај на криза во ЕУ(а тој е правецот неминовно) која нема да може да се реши, да се создаде уште поголема криза на Балканот, во Македонија, па нејзиното решавање преку послушнициве како Мицкоски, да биде на штета на Македонецот секако,а тоа да се прикаже како единствена светла точка на Брисел.

И навистина не знам зошто Мицкоски или било кој пронато/еу политичар сеуште продолжува со вакви честитки, политики да се самопонижува и да се брука и пред народот и пред историјата, кога знае, дека ниту најлошaта ЕУ варијанта за Македонија не постои.

 

Игор Цветковски

 

Остави коментар