ЕКСКЛУЗИВНО! Интервју со Андреј Родионов, Руски и СеСлавјански Патриот кој ја Посети Македонија!
Сподели на социјалните платформи:
Движењето Русов rusov.org со подршка за Македонија, Македонскиот народ, култура и идентитет.

Деновиве во Македонија престојува Андреј Родионов, лидерот на меѓународното движење „Руско-словенско обединување и препород“ (Русско-славянское объединение и возрождение и нивната страница rusov.org). Ја искористивме оваа прилика да поразговараме со него со цел запознавање на Македонската јавност со движењето, идеите, целите, но и со неговите личните ставови и гледишта за состојбите во руско-македонските односи, политиката во Русија, Македонија и воопшто во словенскиот свет.  Во продолжение ви го пренесуваме нашиот краток, но многу интересен разговор.

 

Што претставува вашето движење „Руско-словенско обединување и препород“?

Нашата организација претставува меѓународно, општествено-политичко, народно движење, организирано од мене и моите соборци на руската земја во Севастопол.

 

Рековте соборци, за што вие се борите?

Се бориме за основната цел на нашето движење, а тоа е обединување на сите словенски народи, во единствен сојуз на независни братски словенски рамноправни држави, околу рускиот народ и Русија, и воспоставување на општество на социјална правда, но и соработка со други несловенски народи кои се согласуваат со идеите на нашето движење.

 

Што ве мотивираше да го формирате ова меѓународното движење?

Мотивот е љубовта кон својот народ, како и внатрешниот порив за правда. Поради фактот што сите Словени се еден род, ние сме должни да бидеме заедно и само заедно можеме да ги одбраниме своите народи, идентитет, култура, нашите семејства и деца, од неправдите што векови наназад се прават врз нас.

 

Како идејата ја прифаќаат во Русија?

Идејата на нашето движење им се допаѓа на руските патриоти, и луѓето гледаат дека идејата на нашето движење е чиста, искрена и природна, и представува алтернатива на западниот глобализам.

 

Во кои други држави е прифатено вашето движење? 

Патриоти во сите словенски држави, но не и само во словенските, исто како и патриотите во Русија гледат на нашето движење како на алтернативна идеја и сила, и единствена можност  која може да ја заштити нашата руско-словенска култура и национални идентитети на Словените и на сите традиционални европски народи со кои споделуваме исти вредности. Луѓето во Русија и во другите држави со воодушевување гледаат на нашето движење затоа што им се допаѓа нашата основна концепција за обединување во форма на рамноправен круг, а не на глобална масонска пирамида.

 

Дали сте првпат во Македонија и што ве мотивираше да дојдете тука?

Јас веќе трет пат сум во Македонија, и тука доаѓам работно за потребите на нашето движење, за организација на подобра соработка помеѓу рускиот и македонскиот народ, како рамноправни братски народи. Јас мислам дека е важно да се обединат рускиот и македонсиот народ и со тоа да се обедини сесловенската историја од херојските времиња на Филип и Александар Mакедонски па се до денешната современа моќна руска држава.

 

Како ја доживувате македонската култура? 

Многу ми се допаѓа Македонија. Македонската култура многу потсеќа на руската култура но и македонската природа многу потсеќа на Крим, кај што сум роден но и кај што самата идеја на нашето движење се роди. Јас тука се осеќам како дома.

 

Кои се можностите за соработка помеѓу рускиот и македонскиот народ?

Рускиот народ и сите во Русија сакаат да имаат со Македонија  братски односи, односно силни политички, економски и културни врски и заедничка безбедносна стратегија. Јас мислам дека единствен гарант за безбедноста на Македонија и македонскиот народ може да биде руска воена база на македонска територија, но само доколку македонскиот народ тоа го побара. Но ова не смее да се гледа преку призмата на западната глобалистичка пропаганда, која кажува дека Русија сака да ги окупира словенските простори. Русија има премногу земја, не и е потребно повеќе, Русија само сака да ги помогне братските словенски народи.

 

Дали соработувате со некои организации од Македонија?

             Ние соработуваме со Зоран Јованчев и неговото народното движење за македонско-руска соработка „МиР“ и Иницијативата „Родина“, но отворени сме за соработка со сите македонски патриотски организации. Ова важи за вистинските патриотски организации но не и за лажните патриотски проруски организации и партии кои се појавија во Македонија.

 

Што мислите за политиката на официјална Москва кон балканските држави и конкретно кон Македонија.

Лично јас мислам дека официјална Москва сака да има добри односи со сите словенски држави на балканот. Но проблемот е во тоа што не во сите балкански држави владите  го сакаат тоа. Затоа нашите народи се должни да шират соработка во рамките на народната дипломатија и секој народ е должен да покаже на својата влада што сака. „Гласот на народот е гласот на Бога“, гласи народната руска поговорка.

 

Што мислите за актуелните состојби во светот?

Ја мислам дека денеска се случува национално будење на сите европски народи, осебено помеѓу словенските народи. Словените и другите европејци, се борат за своите национални и културни вредности, против мултикултурализмот и глобализмот. Последните избори за европратеници покажаа дека народите сакаат враќање на своите национални вредности.

 

 Која е вашата порака за македонскиот народ?

Јас му посакувам на македонскиот народ брзо национално будење и обединување со рускиот и другите словенски народи. Рускиот народ секогаш ќе му помага на братскиот македонски народ во тешки ситуации но и македонскиот народ не може само да чека од некој друг, мора и сам да работи за својата добробит. Не може Русите да бидат поголеми Македонци од самите нив. Правдата е на наша страна, а каде е правдата таму е и Бог. Браќа и сестри македонци повелете во нашето движење, заедно да ја изградиме нашата светла иднина. Слава на Македонија и Русија. Слава на сите Словени!

 

Остави коментар