На глобалофашистите им треба не патриотска војска и полиција туку наемници кои ќе тепаат свој народ. Затоа додека ги галат ИСИЛовците кои им убиваат по дома ги чистат патриотите од безбедносните сили! Звучи познато? Но затоа и револт и пораз на корумпираните врхушки насекаде по светот!
Документот кој протече од Британската армија првично беше наменет за “едукација на командите за индикатори за определување на персонал кој може да прикрива екстремистички ставови”, бара од сите кои се во контакт и го следат однесувањето на војниците да ја пријават својата “загриженост” доколку некој е патриот, во превод, екстремист!
Веста следи по добивањето на овој документ преку суд со законот за слобода на информациите претходно овој месец од страна на шкотскиот веб-сајт The Ferret за тоа како вооружените сили биле обучени да забележат знаци на радикализација.
Портпаролот на МО ја потврди автентичноста на водичот на MailOnline. Министерството за Одбрана изјави: “Вредностите на нашите вооружени сили и народот што го служат се целосно неспоиви со екстремистичките гледишта. Имаме цврсти мерки за да се осигуриме дека оние што ги излагаат овие ставови не смеат да служат.”
- Се опишуваат себе си како “патриоти”
- Додават “-стан” на британски имиња на места (Лондонистан)
- Ги опишуваат мултикултурните градови како “изгубени”
- Имаат тетоважи со отворена или тајна десничарска иконографија
- Ги сметаат противниците како “предавници”
- Го користат терминот “исламофашизам”
- Разговараат за создавање на заедници на “белците”
- Стануваате лути поради неправдите или закани врз т.н. “национален идентитет”
- Се однесуваае кон поединци кои не ги делат нивните ставови како ко “индоктринирани”
- Прават генерализации за муслиманите и Евреите
- Тврдат дека имиграцијата е коренот на неправдите против ранливите лица (на пример, пензионери, ветерани)
- Ги вклучуваат своите колеги во затворени групи на социјални медиуми
- Се однесуваат кон политичката коректност како левичарски или комунистички заговор
- Прават неточни генерализации за “левицата” или владата
- Се закануваат со насилство кога губат аргумент, иако тврдат дека протестираат мирно
- Активно бараат поединци за да индоктринираат или регрутираат
- Користат очигледно невистинити или неточни референци за имигрантите, јудаизмот или исламот
- Разговорат за претстојниот расен конфликт или “Расна војна”
- Тврдат дека е прифатливо да се злоставуваат Евреи или муслимани бидејќи јудаизмот или исламот не се нации или “раси”
- Имаат екстремни налепници или значки на облека и личните предмети
Значи, ако се сметате себе си за патриот кој разговара со луѓе во затворени групи на социјални медиуми, има страшни тетоважи или налепници или прави “неточни” коментари за левицата или владата, може да сте екстремно десното крило!