Стокхолмски Синдром (Кога Жртвата се Вљубува во Својот Насилник) Причини, Симптоми, Лечење – РОДИНА!
Сподели на социјалните платформи:

 

Текстот не е препорачлив за лица испод 18 години како и лица со политичка нато/еу интоксикација.

Системско-политичкиот ѕвер кој денеска не јаде како македонски народ и држава Македонија, е роден некаде после втората светска војна од тајната служба на бивша Југославија. Зачнат е од западните антимакедонски/антисловенски служби во текот на групното фашистичкото силување врз словенските народи во периодот 1941-1944год. Ова силување било планирано да заврши со убиство на жртвите, бришење на словенските народи, но во последен момент се појавил рускиот херој кој при тој напад едвај се спасува себе си, но ја спасува и жртвата, словенските народи, и веднаш стапува во брак со неа. Но тука на сцена стапува еден познат и досега сеуште неразјаснет психолошки проблем наречен Стокхолмски синдром.

Станува збор за појава кога жртвата се вљубува во агресорот. Почнува на почетокот тајно да се гледа со него, за подоцна и официјално да се разведе со својот добротвор СССР, и прави обиди за заеднички живот со својот агресор. Но западниот фашистички агресор си продолжува со својата практика. Дури оди до таму да го тренира нивното дете, политичкиот ѕвер кој како мал нагалено го викаа УДБа а сега веќе возрасен го доби уметничкото име сдс-дпне, да ги напаѓа и уништува своите родители.

Резултатот од ова го гледаме денеска. Македонците се протеруваат и иселуваат, оние што сеуште пружаат отпор се преименуваат, им се брише идентитетот и се експлоатираат со најсурови современи робовладетелски методи. Не, ова не го прави ниту Хитлер ниту некој трговец со робови пред еден век во САД, а најмалку лидерот во Северна Кореа. Ова се случува во држава која се обидуваат да ја преименуваат во Северна и го прават „нашите“ политички (читај криминални) елити, сдс и дпне.

Односите со нашите словенски браќа се на најниско можно ниво, постојано се мразиме, оддалечуваме и убиваме. А фашистичкиот агресор го сакаме и почитуваме. Ситуацијата е слична во сите словенски држави, а трагедијата да биде поголема и во самата Русија овој словенско-стокхолмски синдром е влезен на голема врата.

Но да се вратиме кај нас, оти нашата болка најсилно ја чувствуваме. Потребно е добро да ја осознаеме ситуацијата во која се наоѓаме, рационално да ги разгледаме фактите скриени зад холивудските филмови, и да продолжиме со демонтажа на овој политички ѕвер, наречен сдс-дпне. Првиот сериозен удар, од напатениот и едвај жив македонски народ, е нанесен со бојкотот на противзаконскиот референдум. Но овој удар не е доволен, затоа што на помош му притрчаа останатите белосветски ѕверштини (либерал-глобалисти, или со наши зборови демократски фашисти). Потребни  се неколку за да го победиме ѕверот. Борбата нема да биде лесна, ѕверот е силен. Го храниме повеќе од 70 години. На почетокот тој се викаше УДБа. По 40 години се преименува во сдсм по што веднаш мутираше под влијание на демократско-фашистичкото зрачење од радиоактивните еу/нато, и пушти уште една глава која се нарече дпмне. Од тогаш навака овој политичко-криминален ѕвер го јаде народот де со едната, де со другата глава. Додека едната глава го јаде народот, другата ветува дека ќе го спаси. Телото на овие две глави е корумпираниот општествен систем. Затоа ако сака народот да се спаси, мора да ја прекине храната на ѕверот и да почне да се бори со него. Тој се храни со легитимитет на избори, а борбата се случува секојдневно низ институциите.

Затоа #БОЈКОТ на Корумпираниот Систем и наоѓање начин за системски народни реформи, преку нови и природни општествени организми, а не вештачки ѕверски креации од темните светски сили.

П.С.

1 Сегашниот кандидат на сдс беше советник на претседател од дпне и висок функционер во нивна влада

2 Сегашната кандидатка на дпне пред 3 години учествуваше во рушењето на владата на дпне

3 Сегашниот министер за здравство од сдс беше советник на претходниот од дпне

4 Министерот за надворешни од сдс е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери и основачи на дпне

5 Пратениците од дпне го помогнаа погубното двотретинско мнозинство во нелегитимното собрание

.

.

.

Х Списокот крај нема, и на секој од нас му е добро познат.

Боби Ѓорѓиевски, член на Иницијативниот одбор на Родина

Преземено од Родина – Македонија.

Бидете дел од тимот на Родина.

Родина е иницијатива на трудољубивиот и чесен македонски народ.

Електронска пристапница: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар