Не сме само ние нападнати. Се работи за глобален оркестриран напад врз националните и лични слободи и за спакувано вечно финансиско ропство. Секоја нација, човек мора сам да придонесе во борбата за слобода во својата средина, град, држава, заедно со сите патриоти во светот. Претседателот Доналд Трамп коментираше околу прашањето за државјанство на пописот за 2020 година, велејќи дека без таква графа процесот ќе биде губење на време и пари.
“Можете ли да верувате дека радикалните левичарски демократи сакаат да го остават нашиот нов и многу важен попис без важно прашање за државјанство”, коментираше Трамп на Твитер. “Пописот ќе биде бесмислен и губење на милијарди долари колку што чини да се одржи!”
Can you believe that the Radical Left Democrats want to do our new and very important Census Report without the all important Citizenship Question. Report would be meaningless and a waste of the $Billions (ridiculous) that it costs to put together!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 1, 2019
Врховниот суд на САД допрва треба да одлучи дали администрацијата на Трамп има право да побара од домаќинствата во САД информација во пописот за тоа дали се државјани на САД, бидејќи левичарски критичари на идејата го оспориле тоа на суд. Пресудата може да дојде некаде кон крајот на јуни 2019 година.
Демократите стравуваат дека некои од нивните нелегални гласачи имигранти ќе изгубат од важните бенефиции на владата ако илегалните имигранти не учествуваат во истражувањето, поради страв од депортација. Пописот не го вклучил прашањето за државјанство од 1950 година кога нелегалната имиграција не беше проблем.