ДИК: Без 40% во Првиот Круг, Нема ни Втор, Туку Нови Избори! #БојкотПИ за Предвремени Парламентарни!
Сподели на социјалните платформи:

Ако нема цензус од 40 % во првиот круг на КвазиИзборите нема да има ни втор круг! Претседатлот на ДИК, Оливер Деркоски, за можноста за успешност или не на изборите од аспект на уставниот цензус од 40% во интервјуто вели дека ако и во првиот круг ја нема потребната излезеност тогаш изборите ќе пропаднат веднаш.

Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена, изјави неодамна Деркоски во интервјуто за ПРЕСС24. Во таква ситуација и пораз на двете главни партии ќе мора да има и нови Парламентарни заедно со Претседателските избори!

“Значи аргументот на изборџиите дека нелегитимниот узурпатор на собраниското прво столче ќе ја превземе функцијата и вечно ќе ја држи, не е точен. Односно после неуспешните избори мора да се распишат нови, односно според уставот „се повторува целата изборна постапка“. За подетална анализа прочитај овде: Бојкотот на КвазиИзбори во Окупација е Борба, Учеството е Аминување – Боби Ѓорѓиевски, РОДина!

#БојкотирамПИ победува на следните избори во првиот круг, ги Руши ПИ и бара веднаш и итни Предвремени Парламентарни и Претседателски Избори! Прочитај повеќе овде: ДПМНЕ со Само 10-15% Ажурирано Членство! Сигурен Знак за Пропаднати Избори Во Првиот Круг! и овде: Колапс на Подршката за СДС, ДПМНЕ! Со Очекувана Излезност под 450.000 – Пропаст на ПИ во Првиот Круг!

Десеткуваното членство и гласачка подршка за корумпираните врхушки на СДС и ДПМНЕ – Сигурен Знак за Пропаднати Избори Во Првиот Круг! Демотивирани гласачите на предавничката нелегитимна СДС/УЧК коалиција а ДПМНЕ на недоманшното прочистување на членство излезе само со 10-15% ажурирано членство!

ПЛАНОТ! Бојкот на ПИ, Нелегитимните Институции и Корумпираните Партиски Врхушки – За Итни Повторни Парламентарни и Претседателски Избори. ТОГАШ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ЦЕЛ НАРОД и ќе Победат Неизвалкани Патриотски Анти-Естаблишмент Партии кои ќе ја Поведат и Спасат Македонија!

Остави коментар