Привршуваат подготовките за претседателските избори со објавувањето на кандидатите од двете најголеми политички партии на македонската политичка сцена. Калкулации има многу но сепак се се сведува на кандидати кои немаат капацитет да изградат сопствена наратива која би имала импакт во општествените случувања и која би дала конкретни резултати во почитувањето на правото и законите,работење на стратешките државни и национални интереси, зајакнување на безбедносен план како и зачувување на историските придобивки од минатото.
Ниту еден од кандидатите пред се од опозицијата од која се очекува да ги корегира антиуставните дејствија на актуелната власт до сега не искажал воља да се фати во коштец со тие сериозни предизвици како непочитување на вољата на граѓаните од референдумот за името и сомнителните билатерални договори кои актуелната власт ги потпиша со соседите на штета на македонското национално битие. Во таквата реалност и во услови кога избори организира власт која не исполнила минимум од условите за фер гласање,услови за кои што истата таа власт додека беше во опозиција имаше гласни забелешки како непрочистениот избирачки список,фантомските гласачи,полнење на избирачките кутии на референдумот од 30 септември,се поставува прашањето дали такви избори би ја одразиле вистинската воља на македонските граѓани.
Во услови кога мнозинството од населението јасно искажува несогласување со наметнатото ново име кое ги брише Асномските принципи и го крши актуелниот устав на републиката самото излегување на избори би било верифицирање на таквите антидржавни и антиуставни акти. Изјавите на некои од кандидатите дека тоа е веќе реалност од која нема бегање не е ништо друго туку ширење на дефетизам со кој граѓаните треба да бидат фрлени во апатија и постепена подготовка за прифаќање на монструмот од преспанскиот договор.
Граѓаните со право се прашуваат се погласно и погласно дали има избор на овие и на следните избори. Дали би било подобро излегувањето на изборите со аксиомата гласај за помалото зло или активен бојкот на системот и институциите со кој би се испратил сериозен сигнал дека нешто е труло во државата Македонија и дека фиктивно владино мнозинство владее со реалното мнозинство на граѓаните. Наративите од претходните изборни ветувања како 500 евра просечна плата,брз влез во ЕУ и НАТО,борба со корупцијата, економска преродба со која Сдсм и Заев ги придобија гласачите на своја страна во двете години од нивното владеење се распрснаа како меур од сапуница. Практично власта ги изгуби сите атрибути на чувар на унитарниот карактер на државата и вплови во авантури од несогледливи последици.
Бојкотирањето на претседателски избори под вакви услови не е само форма на изразување на воља туку и императив за почнување на процес со кој ќе се стави крај на ваквиот начин на владеење и разградување на се што со векови е градено и реализирано на заседанието на АСНОМ a потврдено на референдумот за независност одржан на 8 Септември 1991 година. Граѓаните треба да разберат дека без нив државата неможе да функционира и дека тие се носители и чувари на принципите на државата додека политичките гарнитури доаѓаат, се менуваат и заминуваат во заборавот на историјата и дека тие треба да се потчинат на волјата на народот а не обратно. Време е народот да ја врати судбината на државата во свои раце.
Затоа Македонци приклучете се на иницијативата за бојкот на Претседателските избори која ќе биде почеток на борбата за враќање на правото, законите и вербата во институциите на системот кои би се изградиле врз база на легитимни и фер избори организирани од техничка влада, кои би ја одсликале реалната воља на народот.
Владимир Трајковски – колумнист, новинари и уредник на Македонската Национална Телевизија МНТ
Интересно е како ррррефффформираната кликкка на дпне мафта со рачињата по говорници и повикува на избори со штедра употреба на Македонија како димна завеса.
А ете пак јас, ги паметам неколкумесечните масовни напори на Народот по улиците (пред 27-ми). Со изворна терминологија. Искрена=од Душа. Влекачите од дпне тогај не се појавија. Ги жртвуваа за фотељите. Ене ги Луѓето на божја правдина уште затвореничат.
Сега гледам пу пу не важи. Преоблечена иконографија, весели математики и ќато патриотизам. Во суштина обични сељачки уцени. Смрди на ојропштина. Се активирале ко размешани лајна во нужник. Од локумчето на бејли/еу уште им оди вода на уста.
Нема што, решиле да го дисконтинуираат #Бојкотирам за фотеља. Наше е да не им дозволиме и изградиме држава. Македонија Вечна бојкотира зёдоцнети “патриоти” кои се туркаат да го зазамат местото на Искрените.
Sekoja CHEST VLADO ako Dobro Pametam Vie Ste Edinstven koj JAVNO gi KAZUVA Site IDIOTIZMI vo MKD a Kako Kapak E SEGASHNATA taka Narecena Pretsedatelska IZMAMA.!! Da Rezimiram na Prethodnite Izbori Parlamentarni ili Lokalni NADGLEDUVANI oxd Ona KJORAVONO KOPITO od Pod Kaleto koi za “”MEZDUNARODNATA”” bea Ispravni i””DEMOKRATSKI””kade za =3= (TRI) Sekundi se””GLASA”” ili vo Izborno Mesto kade od Vkupno 100-tina Registrirani GLASACHI SDS””POBEDI””so Ogromna Razlika a Pri Toa nad 80 se CHLENOVI na VMRO-dpmne-MORA da PRIZNAEME””Crpkovskata Chadorska OPINOK Banda””im Gi ISPOLNI site “”OCHEKUVANJA””????? “”Napred so Bejli””OP si OTIDE KOPITOTO Nazad vo Deep State. Samo BOJKOT