Се омасовува Македонскиот патриотски фронт за #Бојкотирам кандидати одбрани од корумпираните домашни продадени “елити” (сдс, дпне) и странските нелегитимни “елити” (Сорос, Бејли, НАТО). Нема фер и демократски избори организирани во услови на окупација од страна на однадвор инсталирани квислиншки марионети, порачува РОДИНА и повикува на #Бојкотирам предавничка Хунта за нејзино исцрпување и делегитимирање до нивен целосен колапс! Пак како на 30ти Септември Македонецот ќе победи и местените избори со се полнење кутии нема да имаат ниту 40% ниту пак легитимитет!
ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА РОДИНА
РОДИНА ПОВИКУВА НА БОЈКОТ – ИЗЈАВА
Тргнувајќи од фактот дека за 27 години во Република Македонија се оцрнети и злоупотребени поимите демократија, закони и владеењето на правото, партии, изборен модел и политички систем, независност и суверенитет, на штета на националните, економските и социјални права на поединецот и македонскиот народ;
Земајќи го предвид обидот преку специјална војна да се изврши идентитетски геноцид врз македонскиот народ кој живее во услови на окупација ;
Согледувајќи го непреземањето на никакви чекори од досегашните т.н. влади, од кои повеќето власта ја приграбија на нелегални избори и со недозволени средства, посебно актуелната т.н. влада која спроведува анти-уставни, недемократски и изборно неодобрени политики;
Солидаризирајќи се со киднапираните македонски патриоти кои незаконски се држат и малтретираат во македонските затвори и низ македонските судови;
Имајќи ја предвид недовербата на Македонците во политичкиот, посебно во избирачкиот систем, а истата очигледно изразена во бојкотот на неуставниот референдум од 30.09.2018;
Сомневајќи се во изборен фалсификат и грубо кршење на демократското право на македонските граѓани на следните избори;
Иницијативниот одбор за формирање на политичката партија
РОДИНА
донесе одлука да го повика македонскиот народ масовно да ги
БОЈКОТИРА
претстојните претседателски избори
Избори кои се организираат во услови на погазени закони, Устав и меѓународно право, како и мешање во работата на ДИК од страна на политичките партии и одредени „западни“ дипломати, нерешените случаи на фантом гласачите, полнењето на кутии, купување на гласови, фалсификувани записници, се Избори во кои може само да се погази волјата на македонскиот народ и неговите национални интереси, на што сме сведоци во изминатиот период.
Само техничка влада која прво ќе ги реши сите гореспоменати суштински аномалии на демократијата во Македонија, може да организира фер и демократски избори, по изборен модел кој најдобро ќе ја отсликува волјата на народот.
http://www.rodina.org.mk/press003.htm
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/