Глобалната смрт на демократијата дојде и кај нас. Нелегитимното Собрание со таканаречени “пратеници” се претвори во највулгарен сточен пазар за аукција и наддавање за купување и продавање пратенички волови и крави врз и спротивно на нашите демократско дадени гласови за сосема други цели и програми. Можам да си замислам како предавниците од СДС кои ги изиграа своите гласачи со “борба против корпуција” за да спроведуваат сосема друга анти-Македонска предавничка агенда на уште подлабоки коруптивни основи, како им велат на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Види како ние ги сошивме нашите гласачи идиоти кои ни веруваа и ич гајле си немаме ниту некој ни се буни ниту пак некој разбира, заебете ги и вие вашите, да се налапаме пари, народот и онака е стока!
Е тука има само еден мал проблем. Поентата е дека во оваа земја ние последниве 30-тина години верувавме во демократија. А во демократија, кога ќе побарате од луѓето да гласаат за нешто на избори или референдум потоа го правите она што ви го кажуваат гласачите. И кога тоа не го правиш, кога го фатиш на спиење народот кој се научил на некакви демократски навики, можеш неко време да го возиш ама со рушењето на тие некакви демократски правила на кои се навикнавме овие 30-тина години, ја отвораш пандорината кутија за нешто што на долг рок не можеш да го контролираш и нешто што жестоко ќе ти се удри од главата. Не за Собрание, Сточен Пазар за Аукција со Пратенички Волови и Крави, Против Изборна/Референдумска Волја!
Или како што велат Млади за Македонија: За нашето постоење се пазарат пратеници, оние кои го добиле нашиот глас. Но нашиот глас не е за продажба на Македонија, туку за обезбедување на цврста и стабилна држава! Млади за Македонија со Повик до Сите Студентите, Средношколци за Одбрана од Уставните Измени!
Точно така, кога отчетноста и одговорноста не ти е кон оние кои те гласале за сосем други цели и програми туку отчетноста ти е кон некои недефинирани и нелегитимни центри, а народот за вас е стока, тука веќе немате право да зборувате за демократија, ниту пак тогаш имате право да се представувате дека сте “народни пратеници” туку само обични узурпатори на народните гласови и волја за лични џебни цели.
Е тоа нема да помине, може да ви профункционира на кратко, но на среден и долг рок смртта на демократијата која ја воведовте е и ваша политичка смрт еднаш и засекогаш со сите консеквенци за вас а најповеќе за народот кој не сте заслужиле да го водите. Во такви услови вие “народни продажни пратеници” од сточниот пазар на волови и крави наречен собрание, кои се проституирате со нашите гласови, сте воопшто нелегитимни во споредба со изворната народна легитимност на народните пратеници од Уставотворното Народно Собрание во формирање. За Улогата и Задачите на Народното Уставотворно Собрание на Македонија – Ливрински Блог.
Затоа, Македонија Блокира Денес, Недела, продолжува со Жолтите Елеци во 18ч пред Украденото Собрание по кој нема враќање дома до распуштање на нелегитимното Собрание и нови избори.
Елечињата се подготвени за облекување! Повикот важи за сите кои си ја сакаат Македонија, нема специјални или партиски покани. Европската Слободарска Револуција на Жолтите Елеци и пред Нашето Украдено Македонско Собрание!
Македонија како и останатите разбудени Европски нации ја почна целосната блокада на Македонија до падот на нелегитимната окупаторска Хунта: Колона Возила го Забавија Возењето на Автопатот Е-75 на 60 км/ч и ја Блокираа Границата со Грција! овде Блокада во Скопје на 1ви Декември, низ Македонија од 2ри, Пријави се и Поврзи се во Твоето Место! и овде На 1ви Декември во 12ч Сите на Сенароден Протест Против Предавничко Гласање се до Распуштање на Собранието!
Патриотските “жолти елеци” во Франција кои протестираат против политиките на анти-Француската глобалистичка марионета Макрон кого го подржуваат само 18% од народот и бараат негова оставка исто како што и Македонскиот Отпор бара оставка од нелегитимната инсталирана Хунта! Гилјотината за Глобалистичката Анти-Народна Пудлица Макрон Подготвена во Париз! И Франција се Крена!
Кога ќе плукнеш на демократијата, на гласовите на бирачите, ќе ти се случи точно она што си го посеал, револт и уривање на недемократскиот систем, како што се случува од Америка со изборот на Трамп, преку Италија со Салвини и ДеМајо, Франција со жолтите елеци па се до протестите во Романија, Бугарија, итн.
Неколку думи апропо нашиов @%$!!! … ај да ублажам речник, да го наречам рашомон со протестите.
Има чудни конотации во џинглот “греОта за грујОта” (акцент на О). Ниетот на амбасадорите и “интернационалната заедница” за физичка ликвидација на сведокот не им успеа. А душички, колку ли само се радуваа. На самоубиствотому во кофа вода, или со пластична кеса на глава, или на Стружаните од електричен удар … или на Саздо. Дури и онаа сдш бубавахаба искова редефниција на кукавичлакот/јунаштвото која одсега има да гласи … удрија тројца јунаци на еден кукавица.
На ова, како врзани садови од истиот канцер веднаш им испопукаа капилари. Па крварат наоколу со нечиста крв. Прво кај шарените и инсталатите фрче, грче, гехро, сашко, чом , хахан … а потоа богами и подалеку. Гаргојлите во бундестагот, па ој социјалдемократите (пријателчињата на цукерберг-со-трајна),
па зелените на лилто морача во ојпарламентот … а се очекува уште крварење кај болниот од берлинот. Готика.
https://youtu.be/wDYNVH0U3cs
Ене го макарон, “јуначки” се курчеше против народот, и “кукавички” денеска му ја пукнаа кичмата. Додуша имаа тие припремен период и неколку претходни премиери.
А ние само една. Онаа од 27. Каде Просветителите ни ги испозатвараа и ги тормозат како тие да ги убиле децата кај смилковското езеро.
Така да освен францускиот метод јас не гледам тука друг модус операнди … Друга. Насока. Нема.
За дефинитивен закопанди на оваа шака јада, која се курчи само со логистиката/цинкарењето од хиларичното-нуландно кале, она утринско хеликоптерче бондстил-калето, троа учкофиличари и
нафатирани велепредавници. Да не се замајуваме. Уште од шверцерскиот избор на не-собранието, зајко не-премиерот, не-владата, па откако секоја не-судска беда му се посра и на Уставот и Законите,
нормално е дека ќе произлезат само не-обврзувачки не-закони, не-одлуки, не-институции, не-судство, не-полиција, не-армија, не-ману …
Тогашниот Чин на излегување од не-собранието на 51-от пратеник, кои многумина (и јас) го поздравија и подржаа како навремен и единствен Легитимен политички одговор на не-легитимноста, шарената анархија, полнењето кутии, полициско застрашување и подмитување на гласачи.
Tребаше да се издржи монолитно само неколку месеци (капитализирано со подршката на nеколкумесечните протести од 27-ми кои широко им ја отворија вратата за планот Б).
Ама и тогај и сега, истите свирипичиња сеуште си ја чешлаат истата вуна во не-собранието. Плетат кикици. Наместо да напуштат и се придружат кон Народот. Ко вилина коса се. Силванобонични.
Дудуша Фебо тоа еклатантно веќе го формулира тука. А богами и Златко претходно.
Само мал илустративен детал и дигресија за потсетување. Некогаш и сега.
Jess L. Baily was confirmed by the Senate to be the U.S. Ambassador to Macedonia in December 2014.
https://www.state.gov/r/pa/ei/biog/237885.htm
Така да сакале признале сакале не, сдшв-то е уништено/непостоечко. Постои само во комбинациите на хари и 40-те јатаци. Кои ги трошат парите од енормното задолжување. За приватно-јавно партнерство.
За купување на винарии во Франција, за банки во Албанија … се ќе дознаеме наскоро Qui bono? Па и за напрасната ничим-изазвана посета од премиерот на малата, после кое се појави бројката за испрани 200 милиони oyraah/ dolaah. Нормално со временска задршка од месец, демек да не се сетат власите. И казна во цик за лижи-бета што се не-определила. И тоа од кого? Еднокатниот off-on шпон од такозвана не-финансиска полиција. Го кудел казанот ѓезвето што е толку црно.
Додека дпне-то е неповратно поделено. На предавници кожинкари, на ниночките и лижи-бетите. На мнозинството фотељаши кои органски ги саботираат Протестите од секоја генерика. Baily’s litle helpers.
Стои фактот дека Просветителите (па и ТП) бараа обединување на силите за време на протестите во очи 27, за кои беа исмејани од тогашната дпне номенклатура. И сега нели наменски се е заборавено.
И на оние малкумина ДпМнејци Македонци кои ја отфрлаат окупацијата и номенклатурата па се појавуваат на протестите. Со Став и Става.
Па да не дојде ситуација каде партијата дпне добие вкупно 500 гласови (од домашнитеим), а тие неколкумина 800.000.
Без третата интелектуала од каде ли ќе најдат кадар за да ги управуваат/бранат институциите. Од каде НЈО? Или старата пракса на избор пак од истите, оние со рибарски модрици по градите? После бц зајко? После грујо грујо? Така да … малу ќукш. Полека ама на штрек.
Стварно би бил настан кога следните масовни протести би ги предводеле Нашите Каршисобраниеполски Великомаченици.
Задолжителни масовни протести. И истовремено опаметување во сите сфери. И заедништво а не прозивка/елитизам. И изградба на кадарна интелектуала. Интелектуалното курвање да им го оставиме на сегашниве ојропски ѓаци. Со завршенатаим предшколска.
Секој ден, во секој поглед, без трошка паника, напредуваме. Далеку е сонцето на Непосредната демократија. А блиску патосот на хунтава.
На пример Исланд успеа да ги испозатвори криминалците (читај банкарите), ама само за кратко.
Ги фатија на немање кадар и курвинска помош-уцена од ојропа и штатите, па го вратија во трлото на молзење.
Да не веруваш па како Швајцарците ги прелагаа со слична наци уцена. Или рамковен (framework agreement). Еве еден коментар, а повеќе на
https://www.gatestoneinstitute.org/13359/switzerland-eu-accessionis
https://www.gatestoneinstitute.org/13263/un-migration-human-right
I am a Swiss citizen and I am horrified about what has happened with this referendum. The opposition has packaged this deal to fool the citizens into voting for this. Such scaremongering was put into our letterboxes to keep us from voting to keep our unique democratic system. There was even a drive by some concerned citizens who were trying to explain to voters that this is not a question of being on the right or on the left of political spectrum, that it is about direct democracy – the last one standing on this planet.
I started feeling like there is no more hope for Europe.
Доброто е што веќе година дена овдешна телевизија немам ни Ѕирнато. Ниедна. Радио само ако нема никакво зборење. Одма менувам. Од домашни весници само два блога. И еден портал ама со 7 мери 1 сечи филтри. Во целата мака го освежив енглескиот па се ориентирам изворно. Од светските не-MSM.
ПРОТЕСТИРАМ … и решив да не влегувам во локал/иќ во кој на влезот експлицитно и крупно не е напишано:
ВЛЕГУВАТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОБИЈА