Кога ќе плукнеш на демократијата, на гласовите на бирачите, ќе ти се случи точно она што си го посеал, револт и уривање на недемократскиот систем, како што се случува од Америка со изборот на Трамп, преку Италија со Салвини и ДеМајо, Франција со жолтите елеци па се до протестите во Романија, Бугарија, итн.
Глобалната смрт на демократијата дојде и кај нас. Нелегитимното Собрание со таканаречени “пратеници” се претвори во највулгарен сточен пазар за аукција и наддавање за купување и продавање пратенички волови и крави врз и спротивно на нашите демократско дадени гласови за сосема други цели и програми. Можам да си замислам како предавниците од СДС кои ги изиграа своите гласачи со “борба против корпуција” за да спроведуваат сосема друга анти-Македонска предавничка агенда на уште подлабоки коруптивни основи, како им велат на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Види како ние ги сошивме нашите гласачи идиоти кои ни веруваа и ич гајле си немаме ниту некој ни се буни ниту пак некој разбира, заебете ги и вие вашите, да се налапаме пари, народот и онака е стока!
Е тука има само еден мал проблем. Поентата е дека во оваа земја ние последниве 30-тина години верувавме во демократија. А во демократија, кога ќе побарате од луѓето да гласаат за нешто на избори или референдум потоа го правите она што ви го кажуваат гласачите. И кога тоа не го правиш, кога го фатиш на спиење народот кој се научил на некакви демократски навики, можеш неко време да го возиш ама со рушењето на тие некакви демократски правила на кои се навикнавме овие 30-тина години, ја отвораш пандорината кутија за нешто што на долг рок не можеш да го контролираш и нешто што жестоко ќе ти се удри од главата.
Или како што велат Млади за Македонија: За нашето постоење се пазарат пратеници, оние кои го добиле нашиот глас. Но нашиот глас не е за продажба на Македонија, туку за обезбедување на цврста и стабилна држава! Млади за Македонија со Повик до Сите Студентите, Средношколци за Одбрана од Уставните Измени!
Точно така, кога отчетноста и одговорноста не ти е кон оние кои те гласале за сосем други цели и програми туку отчетноста ти е кон некои недефинирани и нелегитимни центри, а народот за вас е стока, тука веќе немате право да зборувате за демократија, ниту пак тогаш имате право да се представувате дека сте “народни пратеници” туку само обични узурпатори на народните гласови и волја за лични џебни цели.
Е тоа нема да помине, може да ви профункционира на кратко, но на среден и долг рок смртта на демократијата која ја воведовте е и ваша политичка смрт еднаш и засекогаш со сите консеквенци за вас а најповеќе за народот кој не сте заслужиле да го водите. Во такви услови вие “народни продажни пратеници” од сточниот пазар на волови и крави наречен собрание, кои се проституирате со нашите гласови, сте воопшто нелегитимни во споредба со изворната народна легитимност на народните пратеници од Уставотворното Народно Собрание во формирање. За Улогата и Задачите на Народното Уставотворно Собрание на Македонија – Ливрински Блог.
Затоа, Македонија Блокира за 1-ви ДЕКЕМВРИ закажа Сенародeн протест пред Собранието по кој нема враќање дома до распуштање на нелегитимното Собрание и нови избори.
Елечињата се подготвени за облекување! Повикот важи за сите кои си ја сакаат Македонија, нема специјални или партиски покани. Во Сабота 12ч Македонските Елеци во Француски Стил Пред Нелегитимното Собрание до Распуштање и Нови Избори!
Македонија како и останатите разбудени Европски нации ја почна целосната блокада на Македонија до падот на нелегитимната окупаторска Хунта: Колона Возила го Забавија Возењето на Автопатот Е-75 на 60 км/ч и ја Блокираа Границата со Грција! овде Блокада во Скопје на 1ви Декември, низ Македонија од 2ри, Пријави се и Поврзи се во Твоето Место! и овде На 1ви Декември во 12ч Сите на Сенароден Протест Против Предавничко Гласање се до Распуштање на Собранието!
Патриотските “жолти елеци” во Франција кои протестираат против политиките на анти-Француската глобалистичка марионета Макрон кого го подржуваат само 18% од народот и бараат негова оставка исто како што и Македонскиот Отпор бара оставка од нелегитимната инсталирана Хунта! Гилјотината за Глобалистичката Анти-Народна Пудлица Макрон Подготвена во Париз! И Франција се Крена!