Овие свирепи случувања го газат нашето достоинство и ни ја одземаат слободата да се определуваме онака како што сме и се чуствуваме. За нашето постоење се пазарат пратеници оние кои го добиле нашиот глас. Но нашиот глас не е за продажба на Македонија, туку за обезбедување на цврста и стабилна држава.
Млади за Македонија со ретро видеа со кој ги повикувавме сите Македонци за спас и одбрана на името Македонија, ве повикуваме повторно за да ја одбраниме нашата татковина. Нашата кауза е јасна НЕ во ЕУ и НАТО со промена на името. НЕ за Уставни промени и бришење на нашата историја. Каква е таа иднина без минато? Каква е таа држава без национален бедем ?
Нашите обиди за обединување на сите Македонци продолжуваат. Македонија само обединета може да излезе од овие црнила, од овие окови, од оваа бездна. Македонци ајде да ги оставиме разликите зад себе, ајде да се обединеме да бидеме пример за светот дека нашето достоинство е повредно и да застаниме во одбраната на човековите права.
Овие свирепи случувања го газат нашето достоинство и ни ја одземаат слободата да се определуваме онака како што сме и се чуствуваме. За нашето постоење се пазарат пратеници оние кои го добиле нашиот глас. Но нашиот глас не е за продажба на Македонија, туку за обезбедување на цврста и стабилна држава. Обезбедување на стабилно образование и цел на нашите образовни установи да конкурираат во ранкот од 500 најдобри во светот.
Поради тоа што го прекршувате нашиот глас одлучуваме да ви ја одземеме власта што ние ви ја доделивме. Македонија е повредена од сите вас и повредна од сите вас. Македонија сме ние народот и вашата небрига за нас односно за Македонија, резултира со оваа агонија. За слободата на криминалци да се одлучува за Уставни измени. Да се пазари нашиот идентитет.
Македонија е над секоја политичка партија!