Јавни Консултации на Народното Собрание со Народот за Зацврстување на АСНОМ-скиот Дух на Македонскиот Устав!
Сподели на социјалните платформи:

И додека една рака од стотина нелегитимни корумпирани квислиншки самонаречени “пратеници” на нелегитимниот состав на собранието кои веќе не представуваат никого се занесуваат дека неказнето можат да одат против волјата на Македонскиот Народ искажана и законски врежана со рефрендумите од 1991та и од 30-ти Септември 2018, Народното Собрание се зафати со вистинска работа за зачувување, одбрана и унапредување на Уставот на Македонија кој како и секогаш досега ја дефинира и ќе ја дефинира како држава на Македонскиот Народ како и другите национални држави и без што не постои причина било која држава да суштествува.

Народното собрание го повика Македонскиот Народ да се приклучи во процесот заедно со уставната комисија која ќе го подготви текстот на уставот за негово усвојување на Првото Заседание на Уставотворното Собрание на Република Македонија: “Со цел подготовките за работата на Првото Заседание на Уставотворното Собрание на Република Македонија да се завршат навреме ве замолуваме до уставната комисија на Народното Собрание да доставувате ваши коментари, предлози, анализи и мислења за зачувување и обновување на Уставот на Република Македонија во духот на АСНОМ и на Уставот од 1991ва година за Македонија како држава на Македонскиот Народ.

Учество во јавната народна консултација може да земете на страничката на Народното Собрание: Јавна Народна Консултација за Зачувување, Одбрана и Зајакнување на АСНОМ-скиот Дух во Уставот на Република Македонија.

Будењето на квислинзите од мокриот сон и соочувањето со нивниот брз колапс пред отпорот на народот и преземањето на водењето на Македонската Држава од страна на Народното Собрание ќе им биде многу болен. Накратко, Македонија ги победи предавничките планови на продадените и нелигитимни квислинзи, и секое нивно одолговлечување на признавањето на тој факт и одење против волјата на својот народ не е препорачливо и од исторските примери може да се научи дека лошо завршувало за нив: Народот Победи на 30ти! Партиите, Собранието Пропаднаа на 19ти! Или како што рече Отец Тодоров: Не го Прифаќам Гласот на Онаа Морална Депонија од Луѓе Наречени „Пратеници“!

 

Остави коментар