Една недела откако рускиот претседател Владимир Путин ги повтори предупредувањата до геополитичките непријатели на Русија, објавени претходно оваа година, изјавувајќи дека Русија ќе го искористи своето “незапирливо” нуклеарно оружје како одговор на најавениот ракетен нуклеарен напад веднаш по објавувањето на американскиот претседател Трамп дека САД се повлече од нуклеарниот договор ИНФ, висок Руски дипломат ги потврди (и во исто време ги негираше) американските военохушкачи кои велат: Москва се подготвува за војна, со додавката: да, само ако САД ја започнат војната.
Андреј Белоусов, заменик-директор на Одделот за непролиферација и контрола на оружјето на руското Министерство за надворешни работи, ги повтори коментарите на Путин од минатата недела дека Русија навистина се подготвува за војна, но само за да може да го одбрани својот народ од американската агресија .
“На неодамнешниот состанок, САД изјавиле дека Русија се подготвува за војна. Да, Русија се подготвува за војна, можам да го потврдам тоа“, рече Белоусов додавајќи дека ” се подготвуваме да ја браниме нашата татковина, нашиот територијален интегритет, нашите принципи, нашите вредности, нашиот народ “.
Воените засилувања на Русија и големите вежби, кои често се насликани во западните медиуми како подготовки за сеопфатна војна, се одбранбена потреба, рече тој.
Русија за разлика од САД не бара конфронтација, рече Белоусов. “Зошто инаку САД би се повлекле од Договорот [ИНФ], ќе го зголемат нуклеарниот потенцијал, ќе усвојат нова нуклеарна доктрина која го намалува прагот за употреба на нуклеарно оружје – тоа е прашање за сите нас”.
Зборовите на Белоусов дојдоа по руската нацрт-резолуција во ООН за зајакнување на Договорот за ИНФ, кој забранува нуклеарно оружје од средно ниво, беше отфрлен во Првиот комитет на ОН.
“Повеќето од оние кои гласаа против беа претходно поддржувачи на Договорот за ИНФ. Не ја разбирам нивната позиција“, рече Белоусов. Меѓу оние што гласаа по нацртот беа Велика Британија, Германија, Франција и, се разбира, САД.
Одлуката на Трамп да го укине договорот од времето на Студената војна ги вознемири и Европа и Москва, која предупреди дека “ќе го направи светот поопасно” и вети одмазда.
Вашингтон ја обвини Русија за градење на проектили забранети од ИНФ, додека Москва тврди дека американските противракетни комплекси во Европа лесно можат да се претворат во офанзивно оружје. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека ако САД се подготвуваат да распоредат нуклеарни проектили од среден дострел во Европа, што ќе ја стави цела Европа во опасност од Руски одбранбен и одмазднички нуклеарен удар.