Планот за 30ти! Голема Сенародна Прослава во 19ч пред Собрание и Проглас на Безусловни Барања!
Сподели на социјалните платформи:

Сите протести, поедничени и организирани, и сите #Бојкотирам кампањи се слеваат во големо сенародно славење на уривањето на предавничкиот референдум во Скопје, 19 часот, пред Собранието на Република Македонија!

Пренесуваме дел од здружените повици за прославата во Скопје на 30ти Септември!

Информативно соопштение!
До 30.09 течат активности за бојкотирањето.
На 30.09 2018 БОЈКОТИРАМЕ !
НА 30.09 2018 после затворањето на гласачките места
ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ БИДЕ ВПЕРЕН ВО СКОПЈЕ!
ДА НЕ ГО ИСПУШТИМЕ ПРОЗОРЕЦОТ КОН СВЕТОТ.
ЦЕЛА,…АМА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ НА ПЛОШТАД,СОБРАНИЕ,ВЛАДА.
ЦЕЛО СКОПЈЕ ДА ИЗЛЕЗЕ !
ОД НАЈМЛАДО ДО НАЈСТАРО !
ДА СЕ СЛУЧИ МАКЕДОНСКИ НАРОД !
БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ЗАЕВ ЌЕ ОБЈАВИ ПОБЕДА.

ДО ВЕЧЕРТА НА 30 ВНИМАВАЈТЕ СО ЛАЖНИ ПОВИЦИ ЗА ПРОТЕСТ ПРЕД БОЈКОТОТ НА 30 СЕПТЕМВРИ КОЈ САМО ГО ПРАЗНАТ РЕВОЛТОТ И НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ВО ВРЕМЕ НА АКТИВНА КАМПАЊА ЗА БОЈКОТИРАЊЕ.

ПРОТЕСТОТ НА 30.09 2018 ЌЕ МОРА ДА ИМА БЕЗУСЛОВНИ БАРАЊА КОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРИФАТАТ, ВКЛУЧИТЕЛНО, ИЗБОРИ ВЕДНАШ!!!

НА 30 ВЕЧЕР МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ТОТАЛЕН ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК И КОМПЛЕТНА ПАРАЛИЗА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА ДО ОСТАВКА НА ВЛАДАТА И РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ ! ОВА НЕМА ПОЛИТИЧАР ВО МАКЕДОНИЈА ШТО ЌЕ ВИ ГО КАЖЕ СЕГА.НЕ ЧЕКАЈТЕ НА ПОВИК ОД НИКОЈ.
СЕКОЈ ОД ВАС Е ЛИДЕР НА 30 09 2018

https://www.facebook.com/events/238519310138390/?notif_t=plan_user_invited&notif_id=1537961649788094

Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот, повикуваат на Семакедонска општонародна прослава за одбрана на демократијата и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата на 30 септември на денот на гласањето, поради масовна неизлезеност и безусловен бојкот на референдумот!

Потсетуваме дека “Никој не може да биде повикан на одговорност за негласање на референдумот!“

Не заборавајте дека “Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица!“

Координативното тело против референдумот НЕ ПОПРЕЧУВА, туку ПРЕПОРАЧУВА никој да не се појави на гласачките места на 30 септември на денот на гласањето! Да останат само избирачките одбори и празните гласачки кутии! Некои тие слики нека ги евидентираат и постојано нека ги објавуваат на социјалните мрежи и до медиумите!

Координативното тело против референдумот ПРЕПОРАЧУВА по затворањето на гласачките места и составувањето на записниците, да се следи превозот од гласачките места до општинските изборни комисии, поради страв попат да не бидат заменети со полни гласачки кутии и нови записници!

Координативното тело против референдумот предупредува на фалсификат на резултатите од гласањето, но и опоменува за одговорноста којашто, кога и да е, ќе следи против сите кои ќе учествуваат во велепредавството на нацијата и државата! Ниту една тајна никогаш не останала неоткриена! Честа и достоинството немаат цена!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот, Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на 30 јуни 2018 година, ја сметаат за ништовна и за најтешко кривично дело велепредавство!

Координативното тело против референдумот повикува на Семакедонска општонародна прослава на 30 септември од 19 часот пред Собранието на Република Македонија, за победа на демократијата и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Тие што не можат да дојдат пред Собранието на Македонија, прославата нека ја одбележат пред советите на општините каде што живеат и пред дипломатско-конзуларните претставништва или црковните општини и клубските простории!

Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот, бараат Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се организираат вонредни парламентарни избори.

 

 

Остави коментар