Скандал: ДИК не Спречува Незаконско Странско Мешање на Британски-Финансираните Фалсификатори Стратагем!
Сподели на социјалните платформи:

Државната изборна комисија (ДИК) се прогласи ненадлежна по прашањето на заштита на избирачкото право од неовластени странски лица во кампања за референдумот за промена на името.

Во кампањата е вклучен дипломатскиот персонал на Канцеларијата на Европската Унија и амбасадите на САД, Велика Британија и Германија, меѓу другите.

Во јавната пропаганда за референдумот е вклучена и британската компанија “Стратагем интернешнл“ , чија сметка ја плаќа амбасадата на Велика Британија.

Такво однесување на странски физички и правни лица е грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, и се коси со домашното и меѓународното право.

Член 70 став 3 од Изборниот законик на Република Македонија: “Забрането е странски правни и физички лица да организираат јавна кампања”.

Член 41 став 1 од Виенската конвенција за дипломатските односи од 1961 година: “Во вршењето на должноста, дипломатскиот персонал мора да ги почитува Уставот и законите и не смее да се меша во внатрешните работи на земјата домаќин”.

Светскиот Македонски Конгрес поднесе кривични пријави до сите членови на ДИК бидејќи презедоа надлежност на Собранието и самите донесоа Правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот на 30 септември.
#БОЈКОТИРАМ

Остави коментар